1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како би реагирале кога би дознале дека вашето дете се дрогира?

Дискусија во 'Дете' започната од boo3, 25 декември 2017.

  1. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    4.459
    Пол:
    Женски
    Многу комплексна и чувствителна тема што верувам дека ќе отвори добра дискусија.

    Како би изреагирале првично?
    Кои чекори би ги преземале? Дали би пристапиле со разговор, барање стручна помош, можеби казни, санкции?
    Што мислите која би била причината да вашето дете посегне по нешто вакво?
    Дали во некој момент би се обвиниле самите како родители за постапките на вашето дете?
    Запознати ли сте со тоа какви најразлични видови на дроги постојат, како и каде се нудат, по која цена и слично?
    Дали сметате дека сте доволно храбри да го поднесете ова?

    Не ставам таргет вид на дрога, во дискусија можат да влезат и лесни и тешки дроги.

    *Пожелно би било да наведете за каков вид на дрога ви се соодвестува мислењето затоа што реално има разлика од преземање акција во случај на користење марихуана и акција, во најлош случај, користење хероин.
     
    На Mrs.Brain, eleni27, Sar-Ste и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Одговорите на прашања од типот ,,што би било кога би било'', секогаш ги гледам онака... Често уствари не реагираме така како што мислиме, едно е да си замислиме ситуација, друго е да се најдеме затекнати од истата. Ама ајде.
    За зависниците треба разбирање за нивната состојба. Кој може да разбере, супер, кој не може, треба да проба да разбере па после да дејствува. На детето би му пружила помош и поддршка за лекување. Точно знам каде и како. Викање и казнување не е потребно, туку разговор. Без притисок, само за посочување на последиците од порокот и убавата страна на непорочниот живот.
     
    На kikkki, Milobebence, Monella и 4 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Koga moeto dete bi bilo zavisnik od droga ,sekako ke go sednam i ke porazgovaram so nego , ke go upatam vo nekoi raboti , ke mu ukazam na posledicite od porokot i ke go sovetuvam da pocne so lekuvanje vo soodvetnata ustanova , i od mene ke dobie poddrska i se ostanato .
     
    На boo3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Еднаш моите мислеа дека се дрогирам што не беше вистина во животот немам пробано дрога. :!:
    Дома мислиш трета светска војна беше па дури морав да одам со нив заедно по лекари за прегледи за да се утврди дека не се дрогирам и на крајот имав само покачена седиментација. |(
     
    Последна измена: 26 декември 2017
    На Arthur и boo3 им се допаѓа ова.
  5. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Мислам дека, пред да се почне да се дебатира како би реагирале, треба да се почне со сфаќање на патогенезата на проблемот. А проблемот е доста широк и комплексен. Зошто дел од младинава се обидува да си ги реши проблемите на најнепопуларниот можен начин. Дури и да станува збор за обична тревка, ганџа, гудра, мери џејн или како и да ја наречеш, не е дека е тотално безопасна. Луѓето кои ја користат не се агресивни, по себе или околината ама се работонеспособни.
    Тоа пушење трава секој ден ги прави мрзеливи, успани, без цел во животот, онака баш стонери.
    Дали ваков животен стил се одбира поради апатијата која лесно може да те зафати во ова државиче, искрено не знам.
    Но знам дека било кој вид на дрога е лесно пристапен како никогаш до сега.
    Голем удел има и изборот на друштвото. Да се биде кул, да се отскокне од околината, демек модерно е тоа, сите го прават. Ако станува збор за личност со превртливи ставови и недоволно изградено его, вакво влијание лесно може да се изврши. За жал, родителите касно дознаваат за вакво нешто. Постојат случаи кога некој се обидел добронамерно да опомени, веднаш се свртуваат против тој што кажал.
    Ако станува збор за кокаин, екстази, mdma и не знам што се немаат измислено на тој пазар, мислам дека личноста може да се спаси од тој лавиринт на зависност ако се реагира на време.
    Не знам ни дали имаме доволно обучени психолози кои би можеле да извршат влијание.
     
    На Zivyle, Monella, Sar-Ste и 4 други им се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Интересна тема, за која вреди да се активира мозокот. :)

    Јас немам деца само тоа да напоменам и не би му посакал на ниту еден родител неговото дете да му отиде по такви патишта.
    Лично јас, го поддржувам ставот на многумина писатели и сметам дека ваквите работи секогаш се случуваат со некаква причина. На пример, не може да стане човек убиец ако нешто не му се има случено во минатото и оставило трајни последици врз неговата психа.
    Па тоа важи искрено за мене и за тие луѓе кои посегнале по дрогата. Некои луѓе посегнале по дрогата поради тоа што како мали не им било посветено доволно внимание од нивните родители, некои пак поради некоја случка од минатото која ги истрауматизирала, значи причината може да биде различна. За сè има причина.

    Тоа што е најважно според мене е да се најде коренот на проблемот, да се види поточно што тој човек го поттикнало да посегне по дрога и тука да се реагира, да се најде некакво решение и со тоа да ѝ се покаже на личноста дека дрогата е погрешен избор и дека нема да ѝ донесе решение на нејзиниот проблем. Значи да се покаже алтернативата, да ѝ се покаже дека тој избор што го направила е погрешен и дека секогаш има друг избор кој е далеку подобар.
    Првин би се обидел самиот да го решам проблемот, да ѝ помогнам на личноста со совети и ред други работи, би седнал и би ја ислушал и би побарал да си ја отвори душата спрема мене, да каже зошто на тоа се решила. Ако не успеам самиот да го решам проблемот ќе побарам лично и совети од стручно лице.

    Морам сепак да напоменам дека тука е важна исто така и соработката од личноста на која треба да ѝ се помогне. Најмногу зависи од таа особа и од нејзината волја дали таа сака да се промени или не. Ако таа личност не сака да се промени тогаш мислам дека колку и да ѝ даваш совети на таа личност ќе биде бесполезно а твоите давања на совети ќе бидат исто како да даваш совети на некое дрво.

    Е сега, друга забелешка ми е тоа што ние живееме во претежно закоравено општество и поради тоа мислам дека луѓето не бараат помош кај стручни лица за вакви проблеми кога гледаат дека не оди работата со совети.

    Кај нас важат сè уште правила од типот на: „Ја на твои години синко буткав планини со колк кога бев да служам војска во ЈНА во Требиње“ или пак „Се дрогираш? Сега ќе игра каишот или гредата, чекај само чекај, срам си за фамилијата...“. Додуша кај нас сè уште важи правилото дека ако не си служел војска дека не си маш и дека си „фегет“ во душа али тоа е тоа, Macedonia Cradle of Culture, land of pretty fucked up people. The most of them.
     
    На Lolo5, Srcka $, Anacid и 9 други им се допаѓа ова.
  7. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Јас имам случај, не во семејството, туку кај многу блиски пријатели девојчето 17 години и користи марихуана, по нивно, а по мое и екстази кои што ги плаќа со продавање на своето тело. Такви проблеми имаат што не можат да ја смират ни за едно кафе да испијат заедно, а камо ли за разговор, секогаш е со сомнителни типови, неколку пати има избегано дома за што се известени соодветни институции и советувања и се што може од нашава државичка, таква каква што е, а ти си со две работнички плати. Прв ден дома и таа повторно бега кај некои типови, крадат од дома, им се закануваат на родителите затоа што ја пријавуваат во полиција како исчезната, па пак ќе се врати и се така во круг. Јас се чудам како можеа родителите толку да го испуштат од раце девојчето (за некој месец полни 18 и тоа е тоа). Сега да се вратиме на темата, Доколку имам дете кое се дрогира а јас не успеам да го вратам на прав пат со сите можни средства и на сите можни начини кои постојат на планетава, ќе се откажам од него а доколку ми прави проблеми и понатаму, нека ми прости Господ но ќе го убијам. Сведок сум на ситуација каде што едно дете руши цела фамилија и сите плаќаат за нешто освен неа, не го посакувам тоа на никому а најмалку на себе.
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.134
    Јас имам случај во семејството. Причина поради која почна да се дрогира беше друштвото. Почна со марихуана и заврши со дрога. Од дома крадеше, продаваше телевизори, компјутери и телефони. Стигна до ситуација каде си ги продаде и патиките, и лажеше дека му ги украле. Крадеше дрва и ги продаваше, не работеше никаде, а и ако работеше ќе се откажеше за неколку дена. Дури и беше украл телефон на колешка од работа. Полиција кај баба ми и дедо ми висеше секоја недела, пребарувања низ домот, и сето тоа го гледаше неговиот син, кој има три години. Имаше случаеви каде не си беше доаѓал дома со недели. Бидејќи беше заведен во полиција, никој не го примаше на работа. Кога и да го прашуваа која е причината која се дрогира, тој само молчеше. Еве, пола година е на лечење во Негорци, сега не е човекот кој беше од пред една година, знае да направи муабет, има планови за семејството, има планови за работа и се надевам дека уште еднаш нема да посегне по дрога.

    Доколку моето дете е зависник од дрога, прво што би направила е би му понудила моја помош, доколку не дава никакви резултати, би побарала совет од стручно лице, кое воедно е и едно од најдобрите постапки за да се прекине зависноста од дрога.

    Дрогата-канцер на нашето опшество кое тешко се лекува!
     
    На Mencia, Mrs.Brain, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Многу е лошо.Веќе прва година 90% од тинејџерите пушат и пијат освен оние што ептен се спортисти.Имам другарки и со тахикардија и астма и се и пушат.Добар дел и пушат трава, некој пробал за лично чувство некој пуши извинете од куртоазија колку да се каже.Ве уверувам дека никој не ги тера дома сите така викаат значи колку да се покријат себе си.Затоа во СДК пишав бидете отворени јас дома пола година сум се криела за цигарите и мислеа дека некој ме натерал а не беше така.Лесно се подводливи голем дел од нив и не се знае уствари што може да им подметнат 2 другарки не можеле од кревет да станат секоја од различни причини.Травата е најпристапна и се дила на велико сегде џабе рација џабе се кај мене во школо висат цајкани.Едноставно не може да се прекине тоа ама затоа дома можете смирено да поразговарате со нив и кажав и ќе кажам уште еднаш со казни викања урлања НЕ, добивате спротивен ефект.
    А во врска со темата, сум размислувала е сега до кога ќе мислам вака и дали ќе мислам на 30год. Како сега не знам.Накај 14-15 год.ќе зборам со моето дете без разлика дали е машко/женско.Јас ќе сакам да знам и ако пие и ако пуши цигари.Сфаќам на 16-17 да има пробано еднаш двапати трава ама сакам да знам за тоа бидејќи подобро од мене да земе пари него да се задолжува за с***е и утре ден проблеми да ни направи на сите, бидејќи имам другари по 100€ во вечер се задолжуваат.И треба да се разговара со децата јас дома крие бидејќи татко ми е престрог за цигарите на пример пошто и он пуши и знае колку е лошо и од бранење и казнување доби спротивен ефект бидејќи сум инат не виден и само од инат негов лажев и криев.И пак си го истерав моето.
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Зависи што земало, дали е навлечено, зошто земало, дали заработува од некаква креативна дејност...
    Бидејќи на деца би се решила во случај да располагам со јаки финансии, ако мое дете се навлече, ќе го испратам во добри клиники за детоксикација и рехабилитација.
    Најдобро е да се превенира, наместо да се лекува. Ќе го воспитам правилно, навремено информирајќи го кои се последиците од наседнување на туѓи влијанија, и посегнување по опојни супстанци.

    А личните реакции дури откако најблиското нешто ти станало зависник, не се толку важни... штом дошле работите до тој степен - дали отпосле ќе го галиш и ќе му пружиш разбирање, дали ќе му покажеш лутина, не менува нешто драстично. Ова го тврдам како сведок на туѓи искуства.
     
    На kikkki, SV1911, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    После тоа продолжуваат пак,на еден познаник му беа изгорени јетрата друг пример ја паднаа дома за хорс типката си продужи...јас тревата не ја гледам ко дрога и не ми е многу опасна иако во моментот кога си напушен може свашта да се деси за разлика од амфас, бело, ексери и од тоа нема назад..Познавам пример каде девојче за да остане во друштво почнала да пуши трева а после тоа и активно да се дрогира за истата сврха а исходот бил ужасен бидејќи тоа е нешто најлошо што може да му се случи на едно девојче.
    Но тоа се веќе луѓе според мене без свое јас, и цигара и било што ако ти нудат ќе одбиеш ако не сакаш бидејќи тие веќе не ти се другари.Дрогата па и травата се за луѓе со јака психа, не се паѓа под нив.А дрогата е исклучително за богати луѓе е овие од моја генерација не знам каде наоѓаат по 100 и кусур евра за бело и кристал..дали се коцкаат крадат или се задужуваат.Девојчињата се знае како ќе завршат и мене таа слика секад ми се ствара пред очи кога ќе дојде темава.
    И верувајте кое дете или другар да ви каже дека на гага добил фиш или праел нешто друго тогаш е озбилно бидејќи едно девојче од така демек на гага скапо ја плаќа цената сега..

    *муабетов ме потести на песнава
    и реално стварно ова се случува.
     
    Последна измена: 26 декември 2017
    На Lolo5 и sjdgo им се допаѓа ова.
  12. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште не сум станала мајка, но секако и тоа ќе биде еден ден. Во однос на воспитување на моите деца, ќе бидам доста строга, т.е не да ги тепам или малтертирам, туку ќе бидам сериозна и ќе разговарам со нив како со возрасен човек. При секои грешки, не добро однесување, лигавење или слично, јас ќе разговарам и ќе им укажувам како треба, а како не доликува да се однесува. Значи уште од мали јас сакам да ги изградам во една паметна, стабилна, културна и цврста личност. Мислам дека детето доколку се воспитува уште од мало, нема да посегне по такви работи. Треба да не им се допушта на децата ептен, па после да се качуваат на глава и да прават работи за кои сами ќе се каеме и обвинуваме.
     
    На Плавуша123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Можеби малце сум избегала од темата, тука гласи конкретно како би реагирале, а мене претходниот пост ми беше како да не дозволам да дојде до тоа. Но доколку не дај боже, се случи некогаш нешто такво...Ќе го наседнам моето дете и ќе разговарам со моето дете. Ќе бидам отворена и другарски настроена. Ќе му укажам дека се тоа е погрешно и не води кон никакви цели за успех и слично. Ќе пробам да го отргнам со тоа што ќе му понудам нешто за убава промена на неговиот живот. На пример ако се откаже од дрогирањето ќе му овозможам патувања, забава, подароци...Сметам дека за да детето посегне по ова може да има повеќе фактори: семејни проблеми, здосаденост од се, животни разочарувања, дружење со лоши луѓе, невоспитаност, незадоволство, невнимание од родителите (распуштеност). Јас лично не сум запознаена со видови дроги и детали околу нив до толку. Имам пробано 2-3 пати џоинт во друштво. Но тогаш за тогаш и тоа е се. Чисто од љубопитност. Според мене во ред е да се проба, но да не стане навика.
     
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    Факт е дека ако личноста се дрогира нема да каже на родителот.Мислењето за ова сега и кога ќе бидам мајка мислам дека ќе е многу различно.Но,прво,дрогата без разлика дали е марихуана или кокаин е дрога.Од медицински аспект не е добра секако пошто влијае на многу органи,а првенствено на мозокот.Не можам да се замислам јас во улога на родител и еден ден да седнам и да му велам на моето дете „пробај џоинт едншка двапати океј е“.Тоа е мое мислење и тоа е тоа.Второ,од страна на родител психички ќе бидам многу разочаран.Дете,си го родил живо и здраво,за да гледаш како само се уништува поради дрога.Да бидеме реални,никој ништо добро не е видел од дрогата.Сите сме свесни дека многу луѓе умираат од предозираност.Темава мислам дека е вредна за дискусија поради тоа што дрогата се користи секој ден се повеќе и повеќе.Ако на 16 години се дрогираш,само за да бидеш „хај“ тоа секако ќе се одразе кога ќе бидеш постар.Имав читано и дека поради дрогата може да бидеш стерилен,не знам колку е точен овој факт.Деца на 15-16 години се дрогираат,пушат и пијат.Тие деца уште не се доволно развиени,а уште сега внесуват токсични материи во својот организам.Дрогата,како најголем порок денеска претставува голема движечка сила.Дневно,нарко картелите заработуват милиони.Друг фактор што влијае детето да се дрогира е секако друштвото.Еден ќе почне со марихуана (тоа е обично првата фаза) и потоа сите продолжуват за да бидат кул.Ако еден се спротистави одма го прават слабак и слично.Многу луѓе кои почнале со дрога престануват,но по одреден период повторно се враќаат на тој живот.Во секој случај,ако моето дете почне со дрога ќе му кажам дека секако не е здраво,потоа ќе отидеме заедно во центар за рехабилитација.Како родител сметам,дека моја одговорност ќе биде цело време да сум со него.Пред се,да бидам поддршка.
     
    На +++ и S.J.Parker им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Навистина добра длабока тема за размислување, иако за хипотетичка многу чувствителна и тешка ситуација. :)

    Кога станува збор за дрогите, да бидам искрена – се имам информирано теоретски, но сега не се сметам за доволно запознаена, посебно за тоа каде сѐ демнат како опасност и за која цена се продаваат.
    Како родител во иднина, би се информирала потемелно и уште во почетокот на пубертетот во склоп воспитувањето би го поучила детето на таа тема, како и на други табу теми кои треба да ги разбере правилно еден тинејџер.

    Гледам членката во воведот спомнала разграничување на полесни и потешки дроги. Јас, по извесно читање и примање информации, немам толку радикален став против марихуаната, но и за неа се согласувам со Аквамарин за тоа што го пишала. Можеби самата по себе не создава зависност, но си има свои негативни ефекти; и можеби не поттикнува посегнување по потешки дроги, но психологијата на адолесценти е таква што обично друштвото под чие влијание се пробува – тоа го прави со штетна љубопитност и цел да се биде кул, па така често е веројатно дека ќе посегнат и поттикнат и пробување на други поопасни дроги. Затоа и тука е потребен зрел и предупредувачки разговор, дека ниту рекреативната употреба на марихуаната не е нешто позитивно и кул во тинејџерските години.

    Кога веќе станува збор за сите други потешки дроги, посебно ако не е првпат и само еднаш – би била потребна стручна помош.

    Клучното е дека треба да се спречи со воспитување, а доколку сепак се случи ваква тешка за родител ситуација – никој не треба дури ни во хипотетичка ситуација да се занесува со казни (најмалку физички), откажување од детето и сл. На некој што си има проблем со дрога му треба помош и поддршка да се откаже од тој порок, тоа е човечност, а посебно е должност и одговорност кога станува збор за сопствено дете.
     
    На sweet-cherry, kikkki, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Иако не планирав повторно да пишувам есеи на темава, @Feminka22 со своето мислење некако ме поттикна на тоа. Додека бев средно, знаев за изолирани случаи кои пушеле тревка, некогаш-некаде и толку. Немав поим што се случува во мојата блиска околина, мислев дека адолесцентите тука експериментираат со алкохол, цигари и толку. Е сега, можеби мојата неинформираност беше плод на тоа што сум интроверт кој се дружи со интроверти, па некако тој свет за мене беше мистерија.
    Тажните приказни ги научив кога бев 2-3 година на факс (а тоа и не беше така далеку :D).
    Anyways, на факс морав да глумам екстроверт, средината и изборот на факултет го налагаше тоа. Запознав многу луѓе, проширив хоризонти, бев во различни друштва и благо речено се фрапирав од тоа колку кај нас дрогата се користи и пред се, колку преоѓа во нормала. Бројот на корисници на психотропни супстанции е прилично голем, а тоа што највеќе ме фрапираше е тоа што не се класични џанаци. Има во нив интелектуалци, деца од познати родители, спортисти, па и по некој залутан политичар. Реално, сите овие информации за мене беа поразителни, па затоа си го ограничив ноќниот живот само со луѓе кои се по мој калап.
    Најтажно е што се им почнува од забава, желба за адреналин и возбуда. За кратко време си го споебуваат животот, т.е здравјето. Да, вистина е дека од еднаш не се станува џанки, ама се уништуваат внатрешни органи трајно.
    Памет во глава деца.
    Заеби тоа со марихуана, растафари култура и слични срања.
    Јас овие што ги познавам така почнаа.
     
    На kikkki, Annath, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Воспитувањето дома не е гаранција дека некое дете нема да посегне по дрога. За влијанието на дрогата се учи уште во основно. Не тврдам дека сега човек треба да крене раце и дека не треба воопшто да го воспитува своето дете, само сакам да кажам дека тоа не е стопроцентна гаранција. Голем број на зависници на пример се луѓе кои имаат основно образование, а ако не го учеле ова дома од своите тогаш го имаат учено сигурно во школо на пример.

    Работата е како вие би реагирале откако ќе дознаете дека детето ви се дрогира. Што би превземале.
     
    На kikkki и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Ќе го пратам одма на чистење не зависно дали е зависен/зависна, хемија чиста е тоа и ќе се трудам да направам сè за да се откачи од дрогата.Ете.
     
  19. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    64.726
    Пол:
    Женски
    На оваа тема имам да пишувам многу. Имам многу блиски личности кои се навлезени во тој свет ама длабоко. Искрено, не верувам дека има чистење и дека можеш да влијаеш на детето освен само ако не се освести, а тие шанси се минимални. Кога ќе станам родител ќе гледам уште од најмали нозе да му ја доловам штетноста од дрогата преку различни примери. Пред се ќе бидам пријателка со детето и ќе разговарам за сите табу теми. Оваа тема некако ми е најпозната и многу ме плаши. Да се откажам од своето дете доколку се случи да се дрогира, не би се откажала. Би гледала да му помогнам на секој можен начин. Би му била поддршка во секој момент.

    Личностите што ги знам почнаа од марихуана. Цел живот се убедувам во тоа дека сите почнале со марихуана, па преминале на потешки дроги. Секогаш го добивам исиот одговор од оние кои пушат марихуана дека ако сака може да прекине кога сака. На марихуана е 4 години и не престанува дека не сака, а всушност нејќе да си признае дека има створено завист. Да и марихуаната е штетна доколку се користи постојано. Се си има свои последици.

    Пример 1: Блиска личност која почна од марихуана, заврши на хероин. Кои трауми ги имаат неговите само они си знаат. Крадеше од дома и продаваше за да стигне до дрога. Во периоди кога кризираше знаеше да биде насилен. На лекување го носеа, но при првото пуштање одма се враќаше на стариот пат. Иако е родител на две дечиња, кај него не постоеше никаква грижа на совест ако ништо друго барем за дечињата. Ги земаше од децата парите кои ги добиле, за да си ги задоволи неговите потреби. Секоја зависност си носи последици, така и он се разболе. Дали се уплаши или што се случи со него никој не знае. Веќе година ипол е чист. Се приметува разлика и во однесување и во изглед. Се надевам дека ќе остане и така, иако секогаш постои шанса да се врати по тој пат.

    Пример 2: Дека не помага никаква стручна помош, вториот пример ми е чист доказ за тоа. Неговите дадоја илјадници за неговото лекување. Дојдоја до степен да немаат ништо, а резултат од лекувањето никакво. Родителите беа до тој степен решени да му помогнат што платија човек да го киднапира синот. После држење 4-5 месеци кога се врати на улица повторно си се врати во старите води. Неговите се помирени веќе со тоа. Му даваат и пари ако се дрогирал барем квалитетна дрога да купува. Дали ги осудувам? Никако. Знам дека пробаа се за да му помогнат и ги разбирам потполно. Кога ќе дојдеш до степен да си помирен со тоа дека детето може да ти почине во секој момент, знаеш дека нема назад и си се помирил со тоа.

    @+++ делумно се согласувам со тебе. Иако мислам дека голема улога има и воспитувањњето на детето. Околината исто има важна улога. Со кого и како се дружи детето. Родителите треба да внимаваат повеќе на тоа со кого се дружат нивните деца, да се обидат да дознаат повеќе информации. Не велам да изиграваат Хитлер ама преку пријателски однос со детето да може да извлече што повеќе информации за друштвото. Додека е мало може да се контролира и може да се влијае, кога ќе се оформи како личност џабе е после секое зборување.
     
    На sweet-cherry, Anacid, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  20. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Да мачка, така е, и одговорно тврдам дека треба детето да се воспитува и сметам дека тие родители кои не ги воспитуваат своите деца за ова дека прават огромен пропуст. Само мене ми беше поентата дека не секогаш воспитувањето е сто процентна гаранција за тоа дека детето нема да забега по тие патишта. Значи луѓето не треба да се потпираат само на тоа, не треба да си велат во себе „го воспитав да не се дрогира и ајде, сега главата ми е мирна“. За другото што го пиша (дека треба да внимаваат родителите на тоа со кои деца се дружи нивното дете) се согласувам целосно. Всушност тоа ти дава одговор и на тоа што го тврдиш со околината. Околината исто така влијае многу врз детето, но тука е пропустот кај родителот ако дозволи неговото дете да почне да се дрогира поради околината. Има деца на пример кои се раѓаат во крајно нестабилни подрачја и крајно лоши околини на светов па не прават таква глупост. Треба едноставно да се контролира детето сè дур е мало, сè дур му „играат бубачките“ (народски кажано).
     
    На Someonespecial, SV1911, S.J.Parker и 1 друга личност им се допаѓа ова.