1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како би реагирале кога би дознале дека вашето дете се дрогира?

Дискусија во 'Дете' започната од boo3, 25 декември 2017.

  1. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    76.301
    Пол:
    Женски
    Нормално дека за ништо не постои сто процентна гаранција. Секогаш ќе го има оној 1% што може многу работи да измени. Со деца сака да се работи, постојано. Без разлика која возраст се. Мора да бидеш пријател со детето, а сепак да имап авторитет над него. Затоа и најголемата вина ја гледам и кај родителите. Не дека некој ако решил да тргне по забранетото некој може да го допре, но ако се реагира на време постои шанса да не се навлезе подлабоко. Во двата случаеви што ги пишав и во двата мајката знаела уште во почетокот кога било само на марихуана. Не би сакала да навлегувам повеќе ама сметам доколку се реагирало на време може немало да стигнат до овој степен.
     
    На Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    Од мое лично искуство имам видено дека децата горе доле ги копираат своите родители, а тоа како нивните родители се однесуваат е некаква рамка за тоа што е правилно, а што не во животот. Секако има исклучоци, пишувам општо.

    Една членка предходно напиша дека татко ѝ пуши и знае какви негативни последици оставаат цигарите, па ѝ забранува да пуши. А да не пушеше тој и да и даваше таков пример уште од мали нозе, можеби и таа не би посегнала по цигарите.
    Во мојата околина, познаници дали од основно, средно или факултет - сите тие кои што пушат, имаат родител/и пушачи.

    Моите многу пати ни имаат кажано за последиците од користење на дрога, цигари и прекумерна употреба на алкохол. Од мали знаевме со брат ми дека кога во друштво ти предлагаат цигара, треба да мислиш не само на моменталното задоволство бидејќи си прифатен од другарите, туку и на последиците по здравјето после. Во средно речиси сите пушеа во друштво, освен мене. Ми кажаа дека до крај и јас ќе станам пушач - ама домашното воспитување беше посилно, никогаш немам пробано цигара, ниту пак марихуана, иако пред мене многу често пушеа. Битно е детето да сфати дека не треба да се чувствува лошо доколку избере да не пуши. Имав поинакви навики, но сепак имав другари во средно, никој не ме "отфрли" баш поради ова, а и да беше така, не би се сменила.

    Децата треба да имаат пример од дома, што е правилно, а што не е. Јас така бев воспитана, така и ќе ги воспитам моите деца.
     
    Последна измена: 27 декември 2017
    На Ketchup, Someonespecial, sjdgo и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Јас му имав кажано ко мала бидејќи сме исти и во карактер и некои фацијални карактеристики имаме.Му кажав сакам да ја имам твојата кариера твојот успех и твојата работа сакам да сум иста како тебе.И он коа праша зошто сум пропушила му кажав така сакав а и тебе те гледав.Ми рече: Јас можда пушам ама јас не почнав од 16 год. Почнав многу подоцна и купував со мои пари.Он беше спремен да направи се да се откажам дома седев место пари за во школо ми даваа храна од дома беа спремни и да не ме пуштат на Нова Година ама можам да истпрам скоро се за да дојдам до моето.
    До негдека родителите се репер за своите деца да но некогаш треба да бидат пример како НЕ треба да се прави.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Убава тема за која многу малку се говори меѓу народот..се уште е табу тема, луѓето чии деца се зависници се срамат, од една страна затоа што вината им се префрла на нив и не се прифатени, дури се критикувани а од друга страна што општеството не нуди ништо за нивно лекување( тоа нешто што го имаат за лекување делува контра, ги навлекуваат повеќе)..

    Прво сакам да кажам дека насловот не ме бендисува на темата...КАКО БИ РЕАГИРАЛА..па еве како...Откако ќе ја дознам таа вест(сигурно веќе постоело сомневање ама си велиш, не..не, моето дете, не), значи дека ќе ме мавне дамла, ќе кренам притисок, ќе плачам, коси ке корнам, душа ќе ме боли, ќе викам, ќе го карам, ишамарам, ќе го прашувам зарем тоа ли сум заслужла, па како не му е срам..па ќе почнам со казнени мерки...па ќе одам од врата на врата, психолози, токсиколози, психијатри....И НА ЖАЛОСТ, ЕДЕН ДЕН, ЌЕ СЕ ДОЈДЕ И ДО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА...жално, тажно, трагично..но вистинито...КАСНО е веќе;(;(

    Подобро е да има тема и теми, како да се спречи, каков надзор родителите да превземат, дали да имаат дома тестери, дали да отворат 3 пара очи...дали училиштата треба да прават испитувања, да бидат тајни агенти, да пријавуваат..ШТО????

    Знаеме сите до каде ни е отидена младинава:(
     
    На Јаневски, elimkd, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.199
    Пол:
    Женски
    Секоја кривина по која ќе тргне детето е грешка на родителот. Зад секој неуспех на личноста на детето, стои барем едниот родител. И не е тешко да се исперцепира, иако на луѓето тоа им се се уште виши психологии. Само не е оваа тема место да се дискутира за тоа.

    Инаку, не секој што земал, станува зависник, и не секој зависник води целосно пропаднат живот, иако секој мора да се соочи со лоши последици.
    Има многу преувеличувања околу употребата на дрога, а можеби и подобро што е така, страв лозје чува.
     
    На Nine25, Ketchup, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  6. dianna95

    dianna95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Јас кога имав 17 години почнав да пушам марихуана. Значи моите не се ни сомневаа во мене. Секогаш разговаравме отворено на таа тема и имаа огромна доверба во мене. Е така после една година при една незгода бев пријавена и дознаа за мене, на тато дури не му се ни веруваше. Изгубија ја целосно довербата во мене. Изнамачи се за пак да ја вратам довербата,и благодарна сум му на ТОЈ што ме пријави затоа што почнав да се опуштам се повеќе. После тоа бев на страна од такви работи.
    И ке заборавев да спомнам дека не е тоа нивна грешка. Беа прилично строги родители, но ме подржуваа во се и имав скоро се што ке посакам.
     
    На Плавуша123, S.J.Parker, alana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Не секоја кривина по која ќе тргне детето е грешка на родителот, ни па секој неуспех е неуспех на родителот,ни па секоја грешка на детето е грешка на родителот, ни па секоја одлука на детето е одлука на родителот. Детето е личност сама за себе различна од родителот и обично кога е тој пубертетски бурен период кога си мисли дека е доволно возрасно и дека знае што сака, кога има премногу емоции...може да направи многу грешки кои можат да доведат до несакани последици. Тоа не значи дека родителот е ослободен од секаква одговорност...негова должност е преку разговор и близок родителски контакт да разговара со детето за проблемите на денешната младина и за последиците и да го упатува детето на прав пат.... додека не стане доволно возрасно и свесно и самото. А до што довело да некое дете се дрогира може да се дознае преку искрен разговор само и тоа најдобро со психолог,,,веќе кога дошла дотаму работата. Разговорот со родителот посебно ако реагиал бурно родителот кога дознал (а повеќето би реагирале бурно) може и да не вроди со плод. Мое мислење.
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Радијатор и лисици.
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Мавај го со гајтани може ќе се исчисти
     
    На Lolo5 и Ketchup им се допаѓа ова.
  10. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Ќотек нема да помогне.
     
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Точно така...ќотек гладта не ја убива....Ние една диета за слабеење неможеме да ја издржиме како треба а камоли апстинирање од дрога..језиво е многу..
    Незнам како не измислат НЕШТО ЗА БРИШЕЊЕ од меморија, нешто за блокирање на таа потреба од мозокот..па човек на марс отиде а лек против зависност не се најде.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    Имам големи деца.
    Поминаа низ лудиот период, ама за вакви работи никогаш не е доцна

    Знам дека би се дерела, дека би се расправала со таткото, дека би плачела, би урлала...
    Ама знам дека на крај (како и за сите грешки кои децава ги направиле) ќе прифатам и ќе барам чаре.

    Дете ми е:(
    Не сум му непријател:(
    Ќе се издувам ден-два од нервоза и ќе го земам во свои раце да излезам со него заедно од калта:worried:
     
    На Lolo5, snegulkata, macka91 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.826
    Допаѓања:
    202.847
    Пол:
    Женски
    Не знам како би реагирала, искрено. Ама знам дека нема да ми е сеедно и бескрајно многу ќе се преиспитувам и анализирам себеси каде сум потфрлила.
    Како што рече @referentka, ќе го земам во свои раце да излезам со него заедно од калта, ќе му помогнам, ако самиот сака да си помогне.
    Ќе се потрудам уште од најмали нозе да им всадам во главата дека дрогите не се средство за забава. Дека не треба туѓото влијание да биде посилно од нивното лично расудување и изградени ставови. Ставови за кои основите ќе ги имаат од дома, од нас. А знам дека е тешко да се влијае на детето кога е во лудите години, но ќе се потрудам уште претходно да ги научам што е добро, а што не, па да можат самите да проценуваат. Но никој не знае што носи иднината.
     
    На snegulkata, Tan4ence, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.670
    Допаѓања:
    39.942
    Пол:
    Женски
    Најголем удел во тоа детето да (не) посегне по дрога немаат родителите колку друштвото и околината. Од друга страна па во едно друштво има некои кои одвреме навреме си палат некој џоинт, некои кои секојдневно користат дрога и трети кои воопшто не сакаат да видат а не па да пробаат. Значи некогаш не е ни до друштвото. Туку е до радозналост и желбата да се проба нешто ново. Најчесто почнуваат со марихуана и мислат дека тоа не е дрога, но не сфаќаат дека од неа се почнува и дека за кратко време можат да почнат да шмркат или нешто уште полошо. Живеам во населба во кој 80 посто од младите земаат било каква дрога. Дел од нив и продаваат. Едноставно по тоа е позната во градот населбава. А и во градот општо има многу кои користат дрога. За некои кои ни на крај памет нема да ми текне дека се дрогираат, се дрогираат. А не може сите тие да имаат лоши родители или друштва.
    Корисниците на дрога ги знаат ефектите од истата но пак ја користат. Мислат дека таа ги опушта, ги води во некој друг свет, но не знаат дека ги примамува да ја користат уште повеќе. Секој може да биде заплеткан во оваа мрежа, без разлика на економски статус, образование и сл.
    Утре кога би дознала дека мое дете се дрогира искрено би била разочарана. Нормално дека на секој родител првата мисла би му била Каде потфрлив и дали сум добар родител? Би пробала да разговарам, ама не секогаш разговор помага.
    Уште од мали нозе би ги учела дека тоа не е во ред, би ги кажала штетните ефекти и како можат да завршат ако користат дрога. А како праксата ќе покаже останува да чекаме.
     
    На snegulkata, Aquamarine93 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Па тоа и викам се зезав, пишав неколку мислења уназад и во СДК.Со ќотек и казни ништо нема да постигнете.Ви кажувам од искуство.
     
  16. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Радијаторот и лисиците не се казна, ќе го држат долго време без дрога. Ако сум жив, многу долго време. Нема доверба во наркоман. Тоа е неповратно оштетен човек, кога-тогаш ќе посегне. Можеби нешто некогаш бил, ама не е повеќе. Нема да го оставам да се убие.
     
    Последна измена: 28 декември 2017
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    А кога ќе е во апстиненција?Не можеш ти туку така да го одвикнеш, сум гледала видеа.Побеснуваат едноставно а веруј ми чим почнал еднаш крајот брзо му иде на секого.
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Краткорочна казна без успех ќе биде тоа, хорор филм, трауми, психички стресови. Дали ќе можеш да издржиш а срце да не ти се скине, да го гледаш своето дете како завива ко диво живитно, како се витка од психички и физички болки!?
    Не, нема да издржиш...а и не смееш да го држиш врзан дома, може да те казнат ако некој те пријави...единствено можеш само да го избркаш од дома и да се откажеш од него...;(
     
    На Lolo5 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Ни тоа ако е под 18..
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.230
    Допаѓања:
    50.821
    Пол:
    Женски
    Не знам како би реагирала.
    Не е ниту да го тепаш, ниту да го врзуваш, а не верувам дека и разговор би помогнало доколку веќе се навлекло на дрогата бидејќи тоа е ужасна зависност и на секаков начин би дошло до дрога со манипулирање, лажење, крадење и уште што не. Или би побарала стручна помош, ама не знам дали и тоа би помогнало.
    Само можам да кажам не дај Боже такво нешто да се случи.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.