1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како би реагирале кога би дознале дека вашето дете се дрогира?

Дискусија во 'Дете' започната од boo3, 25 декември 2017.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Затоа реков дека насловот не ми се допаѓа, оти што е битно јас како ќе реагирам, дали вени ќе сечам или него ќе го тепам а песни сигурно не ќе пејам...најбитно е како да се спречи да не дојде до таа ѓаволска мака.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.391
    Пол:
    Женски
    Според мене треба да се едуцира детето.Бар ако сака да дува, да шмрка да се фикса да знае кои се лошите страни на тоа с***е освен што 5 дена ќе е во облаци и со искривена вилица.
    Хемикалии не!Имам познаничка секогаш пред да пробаше било што читаше на интерент во детали.Бар да знае што пробува а не им подметнуваат парацетамол со поминат рол демек еве ти бело, исто и си тревата.Во Скопјево разноразни треви има и некои се многу озогласени (ваљда вака се пишуваше) како онаа темната што те спушта и буквално ти се плаче.Продаваат добро обработен хашиш за да зажалиш во наредните неколку дена што воопшто ти текнало на тоа.Косовската сканија ја зборат исто, мешана и лоша.Кој пробал тој си знае како му е.
    Пак ќе кажам, да се превентира може до негде.Ако не му давате пари полошо ќе е, ќе ве краде и вас и другите ќе ограбува све што може.Ќе се задолжува по лихвари дур не му ја утепаат фамилијата.Секој што еднаш почнал ќе продолжи ако не денес утре.Нешто најскапано е дрогава *зборам за таблети кокс не трева бидејќи има луѓе кои се навлечени мозокот им е пресушен, паѓаат во тело и во снага..
     
    На Anacid и baba Rada им се допаѓа ова.
  3. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Сине не се дрогирај, биди поразличен од другите :)
     
    На kikkki, Someonespecial, Askopje и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.988
    Пол:
    Женски
    Со љубопитноста се прават доста грешки.
    Уште од рано детство да го подучуваш да му докажуваш што е добро а што лошо, ќе дојде до возраст каде што ќе занемари дел од тоа.
    Недај боже да дојде до таква ситуација, би се трудела да реагирам што е можно побрзо да најдам решение, побарам стручна помош и да го извлечам од тоа, пред се живо, а потоа да застане на здрави нозе.
     
    Последна измена: 30 декември 2017
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.419
    Пол:
    Женски
    Не сум родител, и верувам дека во таква ситуација многу поемоционално би реагирала. Вака рационално гледано лесно е да се каже, е така и така ќе направам.

    Ако некогаш имам деца фала богу од мали ќе ги воспитувам и подучувам во однос на дрогите. Баба ми кога имав некаде околу 12-13 години ми поклони книга во која ги наведуваше дрогите, какви последици имаат, каква може да биде зависноста, што ефекти предизвикуваат и сето тоа сликовито прикажано и искрено јас толкав уплав фатив што никогаш во живот нема да ми текне да пробам нешто такво :D Ама имав случаеви во фамилија за жал, и многу е тешко, ама многу. Имам роднина, сега веќе чиста со години, толкави панични напади има сега како последица, толку и е тешко и страшно, душа ме боли. А сите се трудевме да и помогнеме, и среќа што не отидоа настаните потрагично.

    Anyway back to the topic. Ако некогаш дојдам до ваква ситуација би седнала да разговарам со детето отворено. Кои се причините што го довеле до тоа, ако има проблем, кој е, зошто не ми се обратило, која дрога ја користи. Ако е нешто лесно од типот на марихуана, не би реагирала премногу бурно и жестоко, фала богу ако е во граници. Јас сум поборник на мара, ама со усул што би рекла баба ми. Ама се останато, не би прифатила. Ако е веќе зависник, одма би се обратила за помош на стручно лице и рехабилитација. Би нагласила дека ќе бидам тука за него во текот на целиот процес, дека ќе бидам најголема подршка, и дека би го надминале тоа. Како иден психолог верувам дека би можела да си помогнам на сопственото дете барем малку.
     
    На macka91, kikkki и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.171
    Допаѓања:
    175.442
    Пол:
    Женски
    Доколку е лесна дрога од калибар марихуана - нема да ми смета.
    Се останато е неприфатливо. На сила сепак, нема да му одам. Одењето на сила резултира со инаетење, тепањето со омраза. Прво ќе се обидам да останам свесна и при памет, паничар сум. После ќе сакам да му објаснам зошто е лошо, што е лошо, зошто не чини. Ќе му помогнам со моја поддршка да се оддалечи од дрогата. Ако не успеј следниот чекор ми е доктор/ рехабилитација. Ќе ме мрази, ама што се мора- се мора. Што нема да си дозволам - е да не му верувам. Сакам да изградам меѓусебна доверба со моето дете. Читав пример, а и сум била дел од пример, во кој родителот не верува доволно на детето, со сила го влечка на болница за да види дали се дрогира. Знам како детето ќе се чувсутва после ова, особено ако е невино и последно да е нема да си го дозволам.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Akogago

    Akogago Нов член

    Се зачлени на:
    3 мај 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Може некој да сподели што е амфас?
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Да не мислиш на 'анфас'? 'Амфас', прв пат слушам.
     
  9. Akogago

    Akogago Нов член

    Се зачлени на:
    3 мај 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Некој погоре го нарече амфас, ама еве и да е анфас што е тоа? Амфетамин некој или?
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Анфас е преден дел на лицето. Профил, од страна. :)
    За амфетамин, не знам :D
     
  11. johnn9183

    johnn9183 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Да, сигурно на тема за дрогирање, некој прашува и мисли за „анфас“ во уметничка смисла. Факен Ајнштајн