Не ми е воопшто досадно , а и не ме чуди зошто мене скоро никогаш не ми е досадно , веднаш си наоѓам некоја занимација , нешто што ме исполнува мене а и моето време.За мене секое лето е различно , секое лето има своја приказна , од секое лето имам различни но сепак посебни мемории и личности кои за жал доаѓаат и си одат но ќе ги паметам .И ова лето ми почна многу убаво , уште малку ќе одам на одмор со другарките а таму знам дека деновите ќе ми поминуваат уште поубаво
жешко..по цел ден сум дома си лежам и си уживам..навечар излевам шетам ..така до сега..денски излевам ептен ако е итно...
Имав многу планови за ова лето. Ваму ќе одам, таму ќе одам. На кафе ќе бидам секој ден, навечер до касно ахаа, да од дома не излегувам што се вика Преку ден дома гледам филмови, од кревет не станувам. Навечер ако сум се договорила искачам ако не пак дома гледам серии и филмови Ај почеток е, се надевам на подобро
Дента не ми се шета, бидејки е многу жешко. Практикувам да лежам дома, да читам некоја добра книга,да гледам телевизија или да седам пред компјутер. Но правам исклучоци некогаш па одам на кафе со дечко ми или со другарките, често одиме и на базен. А паак вечерта ја обожавам. Никако не седам дома, досадно е дома. Си шетам до раните утрински часови.
Оооооо легачана Си станувам кога сакам, лагано си пијам утринско кафенце, најчесто со братучеда ми и со малата. Зависно од температурата надвор, се одлучувам меѓу денска шетња или плажа. 99% плажа. Ќе дојдам од плажа со мирис на езеро и масло за сончање, преморена ручам (ах, толку е сладок ручекот кога си отепан од сонце), па повторно пијам кафенце. Во случај да не сум била на плажа, се позиционирам на омилениот шанк во омилениот Џез. Џезови, блузови, безалкохолни коктели, може и пивце. Убав е животот.
Па, онака здодевно ми е. По цели денови се излежавам. Во текот на дента не ми се шета никаде па, лежам, гледам по некое добро филмче и обавезно читам книга, а навечер обавезно излегувам скоро секоја вечер. Но, ништо посебно не ми е. Сега уште овој месец ќе го поминам во здодевност, па конечно по еден месец ќе се сончам на плажите на Егејското море
Досадно,едвај чекам септември/октомври на факултет да одам(несалам сум знам)..Само да се отргнам од домов.
Ништо посебно, овој викенд така ми беше по интересен, останатите денови ми се вообичаени. Се надевам дека нема да продолжи така
Mногу монотоно,глупаво само ковам планови едвај чекам да ги реализирам човек на одмор не може да отиде од ова променливо време
Многу брзо! Можеби нема да успеам да ги остварам сите планови ако продолжи времево да си поминува со оваа динамика Прекрасно како и да е Исполнето. Дружби,излегувања....нека потрае
КОЕ лето ...... ова се ама на лето на личи .Сега за сега работно но подобро така ,кога ке дојде време за уживање ке се ужива во вистинска смисла на зборот . Се надевам дека нема да разочара летово во август !
Супер..изминатиов викенд си поминав повеке од одлично..Ваков ке биде и овој викенд барем се надевам си имам нешто испланирано! А за кратко и заминувам на одмор,па така поинтереснио дел од летото ке го поминам на одмор
Лато , најбитно е тоа дека не одиш на училиште тоа е едната убава страна на летото а другата е тоа што можеш да си поминеш незаборавно и невероатно со придружба на убавото време и слободните луѓе. на почетокот не беше ништо посебно но сега се опоравува