Па да кажам убаво излегуваме со мм , одиме на море , а и еве моментално сум кај моите па шетаме ваму таму ..
Со оглед на тоа што август полека но сигурно поминува ќе кажам општо за ова лето дека ми помина многу досадно и очајничко. Ми се случија многу негативни работи Бев на одмор и добро е тоа што таму си поминав убаво и ги наполнав батериите, па сега со сите сили сум спремна да започнам во училиште
Толку добро, што мислам дека дури да дојде Нова Година ќе си мечтаам по него, за да не ме фати есенска депресија
Мнооооогу интересно! Мислам дека најинтересно лето до сега. Искачања со сабајле, романтични ноќи, преубав одмор, лудости, базени, шетања итн. Мислам дека само три-четири ноќи сум ги преседела дома пред компјутер, онака баш цел ден дома. И среќна сум што се само толку малце за разлика од други лета кога сум дремела пред компјутер
Многу убаво и исполнето, наоѓам време за се. Ма за какво време зборувам јас, кога немам никакви обврски,што ми се посака тоа правам. Ми велат уживај сега ти се годините не одиш на работа. Викендите најчесто ги минуваме со дечко ми покрај море или езеро, обичен ден знаеме и на базен да одиме, значи се изнабањав, добив боичка... Вечерно време си шетаме секаде по малку. Секако не ги заборавам и другарките наоѓам време и за нив, често знаеме да се собереме некаде или да отидеме на кафенце. И така летото минува неосетливо и брзо.
Се изначитав книги летово ако друго не Досадно е за тие што си се без работа и без обврски.Се едно исто се врти во круг.Ама сега септември кога ќе ни тропне на врата ќе си ги бараме пак месециве
Па ослабев некое килце , па се накачи па пак ослабив , тепав многу фудбалски утакмици , научив доста работи за животот , видов нови луѓе , запознав нови , отопзнав стари , се изманијачив летни сликички бев на убави места низ Македонија , си поминав убаво со друштвата.... It was good summer
Супер, помалку седам на компјутер а повеќе се посветувам на спортувањето и фудбалот.Единствена мана ми е што седам до доцна навечер т.е сабајле ама добро е не станувам многу касно (и јас си се чудам како тоа) . Навечер сум со другарките и лудо се забавувам . Запознав многу нови личности летово , сретнав секакви карактери , некои слични на мојот некој не. Одморот во Охрид дефинитивно нема да го заборавам до крајот на мојот живот затоа што и таму запознав личности кои ќе ги паметам. Тоа...Најбитното е што не ми е досадно и постојано ми се случува нешто ново
Лето Топли денови, одлични ноќи на чисто небо И сега сигурно очекувате да прочитате дека летово си го поминав суппер За жал не Мноогу досадно и загубено време ми беше, другарките си фатија дечковци,јас не(едноставно не сакам врски) излегов неколку пати,но не како што некогаш сум излегувала по цели ноќи Многу ми е криво што го пропуштив летово,така да ми летне
летооооооооооооо Сончево, плажарски, сладолеџиски... Ова лето дефинитивно ми е подобро од претходното..... Доста беше на компјутер да седам, и ми се смачи да седам на компјутер. Оваа лето ќе го паметам и никогаш нема да го заборавам на најјубавите денови Топли денови , одлични плажи и супер друштво Најјсмешните глупости, по многу интересни вечери, по еден нов во мојот живот. Се запознав со нови пријателстви и се е океј ..Ова лето ми поминува доста брзо, времето како да ми лета. Сега само школската требит да почнуваме од досада , ќе пишуваме , ќе учиме и се -.- само сакам што побрзо да дојт другото летооооооо
Не ви е досадно така ? Па ви помина летето брее , излезете надвор , забавувајте се , не е се во интернетот и фб , запознајте нови луѓе спортувајте нешто ....
Сакам да дојде Септември за да немам време да седнам а не како сега вишок време -_- обично станувам пладне гледам некој серии ќе повисам малце на фејсбук и после читам интересна книга или си експериментирам нешто Понекогаш си седиме со другарките негде дома а вечерта обавезно испаѓаме надвор да се замешаме со други деца да тепаме досада де и од кога ке си дојдам дома пак на фб и у кревет.Типично лето како и останатите мислам освен што ова лето запознав многу нови лица
Лудо и незаборавно, го сакам летото, ја сакам топлината на сонцето(иако ретко го гледам), ги закам долгите летни ноќи, едноставно летото го искористувам до максимум
Летото пребрзо поминува, уживанција, само што денски не може да се шета, заради горештините. Онака си е супер.