Да летото навистина многу брзо поминува. Треба да уживаме во него додека трае затоа што после повторно ке го бараме.
Летото помина онака без денски излегувања поради горештините, освен за итни потреби, некој дел на работа, ноќно излегување и многу поретко одење на плажа само 2-3 пати..
Летото ми помина онака досадно секој ден дома, не смееш да излезеш заради горештините и деновите на море поминаа брзо така да секое лето мене ми е исто.
Доста досадно,по малку разочарано и тажно,бурно на моменти,но без некаква си авантура која си ја замислував од порано,со многу излежување и over thinking,многу филмови и книги,пријатни разговори со луѓе кои не бев ги видела многу време,километри дружба со точакот,исто многу вино и по некој коктел.
Ова лето ми беше едно од поинтересните. Штета што неможев да земам повеќе слободни денови но слободните ги искористив за шетање на нови места и не се прибрав дома.