Некако имав многу очекувања со душа чекав да дојде ама нишо посебно не се дешава.Се трудам сепак максимално да уживам и да одморам,да пуштам мозок на пасење зашо после испити сесии од септември проследени со дождливо време и студ..ноу тен кју!
Исполнето Тоа е најбитно - не ми е досадно. И се разбира - де работно, де плажарски, де пиво, де кикиритки, де месечини бркам, де дома спружена лежам и мислам...
едвај чекав да дојде, имав полно планови а сега кога дојде ми е страшно досадно а и сите планови ми пропаднаа во вода сега кога седам дома и се чудам што да правам за д ами поминува побрзо времево си мислам ех што убаво ми беше дури си одев на факултет барем половина ден ми поминуваше во обврски а не сега живеам како пензионер
Што е најважно-не е досадно, има многу што да се прави и каде да се оди, знам да си го исполнам времето. Можам да им посветам внимание на многу работи. Има денови кога цел ден шетам, дома не се прибирам, а некогаш сакам да седам дома и да си кулирам. Зависи од расположението.
и мене ми е екстра досадно, мислев дека ова ќе ми биде едно од поубавите лета ама не е едвај чекам да одам на одмор зашто дома веќе не се издржува
Па досадно некако .. монотонија убија.. Најчесто дома се седии.. со друштво или слично .. На одмор слабо идење.. така да нема одмор оваа година.. Искачањата станаа досадни .. и затоа и со друштво се собираме дома ау .. и тоа е тоа лето ко лето спиење до касно .. легнување усште покасно.. дремење на пц.. и тоа е тоа како и да е некам да заврши боље дома ке умирам од досада него да станувам рано за на школо !
Сега засега супер бидејќи се оди според планот. Исчистив трета година со одличен просек, сега се посветувам на затегнување на моето тело потоа одам на седумдневен одмор на планина, па одам на викенд во Охрид и нема место за досада
Јуни - во учење. Јули - повеќе дома (лежење, гледање телевизија и по некој филм, седење пред компјутер, читање книга-две), тука-таму излегување низ град и тоа. Ќе видиме дали нешто ќе се промени во остатокот од месецов. Се' на се' не е некое посебно, извонредно лето (но, во секој случај има и убави моменти. Тоа мора да си признаам. ) Од друга страна, високата температура никако не ми ја олеснува состојбата, напротив. Цело време си мислам дека да беше барем малку пониска ќе имав желба и енергија за многу поспецијален помин на ова лето. Како и да е, време има, а надеж имам јас.