Дефинитвно ова лето не е лето какво што посакував ! Поретко излегувам, потешко се договарам за одмор , не поминавме ниту еден викенд на плажа како што правевме минатите лета, сеуште немам фатено ни малце темна боичка, не поминав ни минутка во солариум, не купував многу летни фустанчиња , поглеми обврски имам... се на се ова лето нема да биде лето за паметење! Се разликува од претходните лета во живоста кај мене и кај луѓето со кои го минувам секојдневието! Ми фали нешто, нешто што ќе разбива монотонија но дури да сватам што недостига летото ќе си помине! Чекам сега да појдам на одмор, па да осетам дека уживам во пливањето, сончањето, прошетките, љубовта... се надевам на поинтересни моменти и спомени од ова лето!
кога човек работи како може да му поминува времето дома, работа излагање и опет јово на ново работа дома излагање сепак користење на времето до максимум, и се разбира максимално користење на деновите за одмор (кој ги искористив) и сега ништо не ми останува освен да работам
Прекрасно...дефинитивно поубаво од лани. Рано станувам и денот е пред мене,уживанција.Излегување на сладолед,вежбање,возење ролери,вечерни излегувања,викенди кај баба на село,често одење на олимписки...а кај и да е и одморот ќе дојде.И заборавив,многу родендени има во лето - абре уживанција
Депресивно, си се лажам сама дека се ќе биде О.К. а знам дека нема и само чекам некаде да пукне. Или јас ќе пукнам и ќе почнам да правам глупости. И ете така дојде време за одмор , а јас немам желба да одам никаде, дојде време и да се подновам нешто, а јас не сакам ништо, се си имам , ништо не ми треба. Следниов викенд може ќе се оди за Грција а јас гледам некако да го избегнам тоа. Ништо не ми се прави, ништо не сакам, ништо не ми треба... Што би рекла Хајрије: Не сум спокојна
Работно,работно Дури и неделата работев Едвај чекам да добијам одмор и да заминам некаде....во станов ни е пекол ,оти сме под кирија си се ладиме на вентилатор,клима јок Така да кога ќе си дојдам од работа,преживаме на жешкото ,навечер ќе шетнам или на тераса....Досадно бре
Сончево, плажарски, кафиЌарски, кафеџиски, сладолеџиски....ски ски ски ски... одвреме-навреме работно Боја немам фатено многу, повеќе мозокот го сончам. Ете ми навираат црни мисли
Преубавоо едно од најубавителето во мојот живот бев на плажа,џускање до раните утрински часови. А можеби и ова лето ќе се памети и пшо мојата прва љубов
Добро е .. Најбитно беше да помине матурата.. и сега конечно сум баш слободна. Еден одмор веќе поминав, а сега го чекам другиот. Има и по некое викендче плус на море и тоа е тоа. Бојата што ја фатив веќе се лупи, и се подготвувам за уште по темен тен. Во меѓувреме многу излегувања, шетање до касно, кафиња, збиранки. Се на се не е воопшто лошо.
Досадно и со нервоза. Единствената добра работа од ова лето до сега, е успешно завршената испитна сесија. Другото - ништо. Забава и излегување - послабо, љубов - уште помалку. Само караници, напнатост, стресови. Се надевам дека убавото допрва доаѓа. Сега за сега, времето ми е исполнето со филмови, нет и по некое кафе во град. Ништо посебно. Монотоно лето.
Летото? Пффф. Најдепресивно, најдосадно! Да не беше музиката, танцувањето, пеењето... јас незнам што би правела. Никој нема желба за ништо. Не! Стој! Грешка. ЈАС немам желба за ништо. Спојлер (само за горенаведеното) Само јадам благо, благо и благо. Џабе и диетата, џабе и џогинг на одмор, џабе и пливање и одбојка. Ахх мутаво лето. Уште по мутава јас.
Летово пред се беше доста просветлувачко за мене. Воочив работи кои порано не сум ги гледала. Сфатив кои ми се вистински пријатели,а кои не. Почнав да верувам во карма. Секој ден одам на плажа уживам. Очекував да го поминам поинаку и со други личности,но се‘ на се` добро.
Па, прво цел јуни ми помина во асално учење. Глупав месец, 18тиот роденден е единствената светла точка што ја видов. После јули, еве го изминува во досада. Спиење, сега додуша кај 9 станувам затоа што не можам да издржам од жешково. Гледам Опра, па на Фемина. Па гледам Пријатели, вежбам, излегувам и малку поретко јадам. Тоа е, што да се прави, нема ништо посебно. Преку ден ми е премногу жешко да испаднам, а кога си дома не се случуваат многу работи. Има мали шанси за подобрување со еден викенд надвор од градов, ама и тоа не е сигурно. Плус е што добри 90% од блиските луѓе не ми се во градов, нема со кој муабет да си направам. Август се надевам дека ќе биде за нијанса подобар, барем позабавен. Уписи, барање цимерки, стан, па ово оно... Е од септември ќе ви отворам тема за како ни мине есента и се надевам дека ќе биде дааааалеку поинтересна од летово.
ах лето лето,епа досадно ми е само јадам,седам на фемина,идам да се видам со другари и другарки,шетам,секој ден исти муабети, ама добро,барем научив некои работи кои досега ете сум немала очи да ги видам
pa ok malku dosadno ali cim zgasne sonce togas pocnyva festata!!!!!! :rofi: [mod-kirilica:2e8rlhks][/mod-kirilica:2e8rlhks]
Летото вистински ми почна на 5ти јули, со оглед на тоа дека на 5ти ми беше последниот испит Фармацевтска работа (од ко ни сменија програма), ама шо да прајш... Најпрво секој божји ден одев на плажа се додека не си го подизгорев грбот..Во 8 и 30 секој ден од понеделник до петок одам на аеробик и пилатес, потоа се туширам и излегувам ( некогаш на журче, некогаш на шетња покрај езеро ). Дома слика им оставив да ме гледаат бидејќи дома сум само за спиење и за други физиолошки потреби На 11 јули почнав да одам кај татко ми на работа, да се најдам од помош и да научам нешто од бизнис-сферата. И таму мразам кога нема што да правам, а задоволство ми е кога ќе ми дадат обврска нешто да напишам, или да евидентирам и слично. Си одам на работа околу 12 часот, зависи кога ќе станам и таму сум додека има потреба и додека татко ми не ми каже дека сум слободна. Па си одам секој ден различно, најчесто гужви нема во четврток, петок и сабота, па тогаш си одам доста порано. Што е најважно-исполнето ми е и убаво...Најлетно чувство ми е кога ќе облечам некое фустанче и кога шетаме со дечко ми некаде, па дувка ветре, а низ нашите глави не се врти ниту една обврска Единствено ми е криво што немам време да си прочитам некое асолно книџе
Добро е, ова лето си посветив најмногу внимание на мене, јас на прво место, другарките си се гледам со нив кога јас сакам, правам што сакам, еве ова ето научив да играм билијард, и ова лето не планирам да одам по журки како обично, се смирив и јас хаха, ќе одам со моите за гРција на море, да се одморам, да соберам сили, да се релаксирам. И летото ми е добро, интересно, обожавам лето, ама допрво ќе биде интересно хухуу
Па...досадно Сакав да најдам некоја работа за летово,ама ми се искомплицираа работите.Некогаш искачам,некогаш дома на фемина си седам или гледам некое филмче.Може некогаш да читнам и некоја книга од време на време,ама некако периодов не ми е за книги.Пред 4 неможам да заспијам,па затоа и касно станувам и што да видам..денот поминал. Ајде уште малце па на одмор
прилично глупо и досадно. Очекував многу повеќе од ова лето ама сега за сега е тапа. Излегувам секој ден, бидејќи ако седам дома ќе полудам, ама пак ништо посебно не се случува. Но има шанса да се подобри летово, едвај чекам да одам во Охрид со другарка ќе биде убаво за промена да отидеме во друг град на неколку дена , да не ни биде толку монотоно.