Чудно . Имаше некои интересни моменти ,ете се собравме пред месец дена на тригодишнина од матура ,доста квалитетно поминато време,Пиво Фест помина онака интересно ,од штанд на штанд и нешто пред бина ... По некоја интересна собиранка со музиче и комарци ,пригушено смеење и Момент на вистината ,секое утро Крајм Син Острејлија ,по некое филмче колку ради реда ... Уште се каниме за на базен ,првиот предлог падна пред повеќе од месец и уште не сме појдени .. На одмор на 5-ти Август ,се надевам на незаборавни моменти и солиден тен Па кога ќе се вратам оттаму ,ќе допишам уште некој ред - два околу тоа .
Летото ми почна работно.До средината на јули одев на пракса од сабајле, попладне кога ќе заладеше често одев да возам точак, навечер обавезно излегував со дечко ми и така скоро секој ден. Бев и на одмор, си се одморив така ептен, си фатив боичка, се вратив и пак по старо.Ова лето почнав пак да си читам книги, гледам многу филмови и тоа. За разлика од лани ова лето ми е така по смирено, лани ми беше по лудо, со пиење дружење и такви работи, ама не се знае уште не е завршено
Бев на екскурзија Италија Шпанија и Франција тоа беше најубавиот дел од почетокот на летото.Досадно е немам дечко, а минатото лето имав и ми беше прва најголема љубов и уште многу си го сакам . Излегувам со другарки и така тепам време. Скоро цел ден на коппјутер во главно досадно и жешко и во никој случај среќно како лани
Летото ми почна напорно, учев за матурава..Од јули сум фри лајк а брд.. Енд ај ем филинг гуд Поголемиот дел го поминав надвор од Скопје, журки, машки, се што ти душа посака.. Бат ријалити ис хијр, ај ем бек И многу е досадно во Скопје, нема ни живо ни мртво пиле И тоа за 5 дена одам малку до Охрид.. Како и да е во целина супер си поминувам.. Дома им оставив една слика, нека ме гледаат луѓето
Досадно мн. Искашање со другарки навечер преку ден или ќе отидам кај некоја другарка или дома на нет... одмор од 1ви август!
Интересно...Цел јуни ми помина на обврски-полуматури, уписи, резултати...И јули ми пројде додека трепнав...Роденденот беше супер, врло продуктивен-парички и за Најкче и за уште многу работи...Одморот во Охрид го истеравме топ...Слабеењето под контрола-бавно ама сигурно се приближуваме до целта...Се на се, најрелакс лето што сум го имала во живот
па ете поминува некако сабајле спиење до 12 после кај некоја другарка на кафе па низ дома нешто се вртка се трткам па вечер излегување и така во целост не е лошо сега од 1ви август на одмор и така
Да ви кажам право брзо и досадно чудна комбинација.Па очекував дека ќе биде поинтересно но ништо.Единствено вечерните излегувања ми се интересни а преку ден си се досадувам а и времето жешко не се трпе.Јас не сум баш голем обожавател на летото повеќе сакам зима,снегче
Ова лето ми поминува доста брзо. Времето како да ми лета. Работев цееееееееел еден месец, замислете, ок де, што ме заеба таа ме заеба ама бар можам сеа да си доуживам како што треба. Сега во понеделник, Monte Negro here we come. Едноставно нели, прекрасно.
Досадно во никој случај убаво и романтично како прошлото.... единствено добро ми беше што бев во Италија Шпанија и Франција друго ништо нема радост
Ништо посебно не се дешава ама гледам да уживам и да го користам секој слободен момент,зашто од септември коа ќе почнат обавезите нема време за ништо! моментално сум среќна со самиот факт што е лето!!
Моментално никако.. имав еден обид да работа, само потрошив пари и сум многу лута на себе... и сеа ќе се печам у Скопјево никакво
Досадно ми некако... Едвај чекам 1ви септември си викам на училиште оваа година поинаку ќе биде...последна година од средно школо.
Ми поминува .. брзо. Не целосно како што сакав и планирав, но среќа до мене имам личности со кои уживам, па пропаднатите планови и не изгледаат толку лошо. Не сакам да се жалам и да речам дека ми е досадно, затоа што знам дека кога ќе заврши, ќе го барам. Класика.
најсупер !!дома не сум прибрана како патен техничар сум била ми викаат од дома цело време само се враќам, се преслекувам и повторно излегувамм (јбг. лето е ) Сега ја разбирам поговорката Oд пат идам за пат прашам
Мене многу ми е криво , ова лето некако многу брзо ми помина без некои интересни случки , многу досадно .. -.-
Времето ми поминува многу брзо во лето . Дури да се свестам , да испијам 2-3 кафина летнал денот. Излезени сме секој ден , ако не сме на кафе тогаш сме на прошетка во некој парк . Некако и тоа ми е забавно ..Бевме на одмор и беше лудо и незаборавно , за пивофест сите 4 дена беше супер , посебно за Ван Гог Исто го начекав и пивофестот во Охрид па зошто да се пропушти , сепак нашиот беше поспектакуларен Бев и на Охритско лето Ајде доста кажувам битно супер си го поминав поголемиот дел од летото а за тоа се виновни и другарките кои направија на сите да ни биде забавно .