2010 летото ми помина на спортски план, нон стоп патував 2011 летото релакс...одмор со дечко ми,тренинг и упис на факс тоа беа моите обврски (и август часови за кола)
Ова лето сега и почнува мислам за мене, конечно ми завршија обврските од факс и сега овие денови си уживам, навечер си излегувам..Со другарките се договараме овие денови да одиме на базен да се разладиме, може и на ден два до Грција...За одмор планирам нешто во Бугарија па ке видиме како ке испадне и на неколку дена во Охрид да ја видам другарка ми работи таму и да се погоди да бидам на 2ри август за Армин ван бјурен ( одвај чекам ) и после планирам да си полагам автошкола ( редно беше, часовите ги извозив пред 2 години ) и во глобала тоа ке биде моето лето
Па по малку досадно, сепак имаме многу слободно време, а и не сум многу навикната на тоа. Сепак, ќе биде интересно ако знаеш да си наоѓаш занимации. Најчесто на компјутер, пред телевизор, шетање, џогирање, играше кошарка, играње пред маало, патувања, седење до касно ноќе, играње карти и така ќе помине, ќе летне... И во Септември повторно ќе го читам овој пост и ќе се присеќам на убавите моменти
Убаво си поминувам. Почнав со диета,антицелулитни масажи. Си посветувам време на себе, кое во остатокот од годината ми е скратено. Разубавувања,кафе,фемина и серии. Добра книга. Сезонско овошје. Рај. Навечер излегувам со другари/другарки со него. Гледам да ги видам и роднините. Сите за кои немам баш време заради школо и активностите во текот на годината. Си наоѓам занимации. Гледам да пробам нови работи, лахмаџун,турски чај,нови коктели, куглање. Да биде интересно и максимално искористено летото.
Какоо па преку денот сум дома , а навечер кога се има друштво секогаш излегувам.Потоа си наоѓам некоја занимација гледање филм , играње некои игри и мислам тоа е тоа во глобала.
Општо ова лето се надевав дека ќе ми биде толку досадно што ќе посакам да се вртам во училишната клупа .Но се случи сосем спротивното зборот досадно во овие месец ипол дена откако сме на распуст не го сретнав ниту еднаш кај мене лично.А оние на фацебоок отечија со стусите :Досадно.... бла бла леле колку е досадно .Јас пак неможам да стигнам да ги направам сите работи што ќе ми дојдат на ум .Затоа си купив едно како нотес и секоја идеја е таму ако нешто не успеам да направам денеска останува за утре и така .Најчесто летото гледам серии (американси) добро и овие кај нас што ги емитуваат ги гледам али Pretty little liars ,The vampire diaries ,Glee....не може никој да ги замени.А кога не серија некој добар филм или прошетка со друштво
Дефинитивно си го поминувам пре досадно.Немам никакви активности,си се откажав од фотоклубот каде што членував,и сега си седам така по дома си тепам време по цел ден на компијутер.Ќе читнам некоја книга и тоа е тоа.Навечер ако завртам некој круг на бицикла низ малоо,и толку.Викни една другарка за на кафе не идам јас во тој кафиќ тој е од СДСМ јас од ВМРО не одам таму.Ејјјј бре луѓе,зарем и местото за излагање го гледате,партисики абре Бог да чува од народот.Незнам што да кажам. Инаку бев една недела така малце в село да се одморам од бучавава,али џабе.И таму ми беше досадно,прошетки ова она колку време да поминит.За одмор,не верувам дека би пошла некаде надвор од државава не му даваат на тато толку дена одмор,па така да ќе тркнам до Охрид некој ден кон Август.И тоа е тоа
Некако многу брзо ми поминува. На работа, дома, кога имам слободно време гледам да го искористам максимално, да се видам со другарките, саканиот, на прошетка, кафенце... Пред тв, и компјутер ( за ова секогаш се наоѓа време )
Исто како и пролетта, исто како и зимата и есента пред неа. Бесцелно и патетично! Не се трпи веќе ова, не знам уште колку можам да издржам. Се осеќам како паразит Ми треба работа, ми требаат пари бре! Ми треба да ја проживеам младоста
Супер, со пред 4-5 дена ми беше досадно, но веќе не. Моментално сум си во Грција со моите, после се враќам и одам за Бугарија, болје неможе да ми биде.
Никогаш во живот не ми било толку лошо. Ова лето едвај го преживувам......Ич не го поднесувам жешково. Отоци, паднат притисок, вртоглавици...Страшно......
Спиење до касно, после пред компјутер и кога ќе залади на шетање...Секој ден исто, веќе монотонија стана..
Спиење до 2 саат гледање турски серии седење на компјутер гледање со дечкото накај 8 и од 10 па до кај 1 некад и покасно надвор искачање со друштво . Сега и досадно е ама тоа е нема што да се прави едвај чекам да идам на одмор зошто веќе пукнав тука !
Брзо И сакам да помине побрзо,жешково не се трпи Инаку ми поминува малку работно,малку шеткање,секој викенд скоро дома,ништо посебно.3 дена во Охрид,ако отидам до Грција ама не се знае.