Не очекував вака да го поминам летото, очекував да ми биде поубаво и поисполнето. Имав и планови, ама ништо, само некои ќе се остварат. И многу споро ми поминува.
Најубаво ! Штом е лето автоматски се ми е поубаво . Долги денови , уште подолги ноќи , се чудам и колку малку почнав да спијам , веројатно затоа што толку време го чекам летово па не сакам да испуштам ни секунда од него . Жештини - убавини , јас не се жалам . Се на се ми поминува интересно,запознав многу нови луѓе ова лето со кои ми поминува поголемиот дел од времето , дури не се ни сеќавам кога последен пат ми било досадно , кога сум дома тука се миленичињата за кои мора да се погрижам па ги симнувам сите можни епизоди од омилените серии и ги гледам се додека не заспијам од умор . Едно од поубавите лета е ова...
Иако не е поминато, прилично уште половина имаме, сепак задоволна сум, читам доволно книги то е битно , скоро секоја вечер сум излезена, а и еден куп нови пријатели стекнав ова лето
Не како што очекував. За ова лето плановите ми беа скроени од завршеток на минатото. Но, кога работите се одвивале како што сакаме ние? Никогаш! Објективно, летово е како секое претходно, плажа секој ден, излегување, книги и кафе, но субјективно, ова лето ми е најлошо.. И додека го пишувам ова се надевам дека на 31 август ќе воочам дека сега не сум била во право. Тоа е - мора да живееме, и да преживееме.
Ова ми е најзапустено лето досега.И не вреди ништо што е сончево надвор.Неможам да ги гледам паровите и нивните фотографии од луксузните одмори.Безуспешно исто така.Не патам од недостаток на амбиција ами од недостаток на мотивација да пронајдам каде да ја насочам истата.Барам работа под итно ми треба оти се борам со алтер егото.Патам да бидам независна, не поднесувам да барам нешто од некого.И неможам да поднесам да немам ништо свое.СЕ оди во надолна линија.Е ексик !
не е ништо посебно. пиење кафе,читање книга,излегување и се чека одморот да дојде за да биде поинтересно и повозбудливо
Оваа лето прошетки преку ден,вечерно излегување со своето друштво,одење на базент и сончање и секако уживање..Со еден збор до сега возбудливо и добро,но мислам дека времето премногу брзо минува
Не смеам да се пожалам, летово ми е права уживанција и одмор Многу дружења, излегувања, смеења, планови кои би требало да се остварат... само вака нека продолжи