Супер е сега за сега.Прво лето во кое немам прочитано ниту една книга,треба да се заангажирам и да појдам до библиотеката.Шетање,друштво,љубов,компјутер,базенти итн....Едноставно,пробам да го направам се она за кое што немам време и неможам додека сме на училиште.
Лето како лето малце досадно но сепак си наоѓам занимација , читам книги , гледам филмови , си шетам , возам ролери
Никако не си поминав убаво....... Чекам да си дојде 1 и 2 август на илинден и убаво да си поминам и ај чао
јуни ми беше убав исполент, дружење, запознавање нови деца .. јули окапав ..книги се изначитав за 1 недела по 2-3 книги читам ...арно тие што исполнуваат време а и интересни ми се сите се на одмор заминати останати само неколку другарки сме останати .. да се надевам август ке одам малку на одмор со моите
Досадно ми е во Мк и тоа многу..Јуни не ми беше досаден бев во Црна Гора цел месец, јули бев на 1 ден до Софија а инаку досадно ми е..Ако додје или одам до кај некоја другарка, на базен или до град ако одиме.. Нема нешто посебно, или по дома нешто учам да готвам, читам книги цртам и чекам да си одам во септември..
досега ми беше се напорно до 20 јули имав испити...сеа одмарам.. ништо посебно..до море..дома..седи гледај тв.. зачисти..читни нешто.. чекам август да дојде да одам во македонија..
Баш како што си замислував. Месец дена шетање, летување, патување, а останатото работно. Да да, легачењето и правењето НИШТО по дома во задњиве 20 години го заменив со работа. Корисно потрошено време + парички. Жештините ги пропуштам за среќа, на работа под клима, а потоа цела вечер пред мене. Убавини, друштво, мезиња, пивца, диско, водење љубов ... и така.
МНогу брзо ми поминува иначе другото е супер. Не ми се верува дека имаме уште неполн месец до школо и уште коа ке ми текне колку повеќе ке треба да учам и да се ангажирам годинаваа...
Секој ден имам нешто за правење и искрено ми фали по некој ден кога ќе се досадувам и нема да правам ништо. И покрај тоа што сум прилично активна летово, се‘ уште не се случило ништо значајно што ќе ми го одбележи. Секој ден ми започнува со доручек, кафе, проверка на мејл, утрински рапорт во дневникот, книга....
Летово не беше нешто ама главното е спиење до 11 Ретко излегувам надвор..Предходното лето секој ден де одев таму де ваму но сега не е така Сепак еден ден ќе одам на одмор па тоа е не е нешто али ајде ќе пројде
Многу брзо, еднолично и помалку досадно. Освен преубавиот одмор кој ми помина пребрзо иако беше долг, немам ништо друго посебно за паметење. Се изналежав, изнагледав филмови и изначитав книги. Навечер излегувам да прошетам и тоа е. Си ги испробав готварските вештини и не ми се верува дека имаме уште неполн месец. Многу се нервирам што вака ми мине летото, сакав нешто поразлично. Обидувам се да се сетам што сум правела лани, ама сите сеќавања ми се како седам на компјутер. Ај можеби овие неколку дена ќе се случи нешто интересно оти веќе незнам што да правам со себе, цело лето не направив ништо корисно!
Ова лето сум подобрена Спијам најкасно до 2 сатот, а лани се случуваше да се разбудам и во 6 поручекта И порано си легнувам Летото веднаш ми помина, не ми се верува дека имаме уште половина месец. Ми се случија многу убави работи, летувањето, бев на многу концерти и журки, за тоа не смеам да се пожалам. Активна сум, пешачам, возам со точакот, планинарам и секојдневно ги вежбам вежбите (ма да од кога си дојдов од одмор некако мрза ме фати). Аххх лето, ич не сакам да почниме на училиште