Оваа лето некако ми е поубаво од другите. Прво го почнав со 3 дневен одмор во Грција, па прошетка во Срвија, па пак 7 дневен одмор во Грција и на крајот пак ме чека патување во Србија. Летото ми поминува интересно и што е најубаво прочитав 6 книги. Единственото нешто е што не сакам да заврши и да станувам во 07.00h.
бев до Србија, па Охрид, можеби сега некој ден ќе одам и до Велес, но сето тоа не ми е некако важно. летово 2012 мене ми е тажно,буквално...во броење денови ми поминува, едвај чекам да замине...буквално по прв пат во мојот живот едвај чекам да дојде зима-Јануари
Летово ја изгуби смислата од моментот кога ми се врати Иван ... И од кога го изгубив. И по втор пат и засекогаш. Едвај чекам да застуди, а јас да сум во Сениќ, на топличко, да си пијам нес, а рацете да ми се обвиткани околу шолјата и да сум среќна. Едвај чекам.
Можам да кажам дека ова лето ми е едно од најдобрите, ако не и најдобро. Бев два пати до Грција, а и добро ја прошетав Македонијава. Ама како што залади, едвај чекам да дојде есен, да шетам по паднатите лисја, милини
Почетокот на летото ми беше тапа и ептен сакав да дојде септември.Сега кога веќе знам дека се последни денови многу убаво си поминувам а мислам и дека се заљубувам,така да супер ми е сеа
Оваа лето за 2012 година ми помина супер.Бев на одмор,излегувавме со друштвото,одевме на родендени....Па сега последните 10 дена дојдоа од распустот.Па потоа на школо...
супер, излегувам со другарките, се забавувам. не бев на одмор, но научив да возам автомобил и искрено вредеше. од 15ти започнувам со факултетот па ќе имам 2 слободни недели повеќе отколку основците и средношколците
Го поминав најдоброто лето досега. Крајот на летото не беше многу добар ама средината да. 16ти Јули - 2ри Август најдобриот период. Толку непроспиени ноќи исполнети со смеа до безвест дури се случуваше да паѓам од кревет од толкава смеа, по малце плачење, по малце карање, нервози, носталгија, по малце гушкање, бацување, лудување, играње, пеење, веселеење... Многу посебни личности. Една од нив засекогаш ќе ја паметам и многу ми фали. Засекогаш во спомен ќе останат убавите работи што се случија во текот на тие денови и секако со надеж дека наредното лето ќе ги продолжиме тие убави работи што се случуваа и ќе има уште многу убави моменти. До тогаш ми останува да продолжам живеам без него овде кај што сум и да се сеќавам на добрите моменти проживеани таму
Аха заборавив да напишам сето ова се случуваше кај нашите јужни соседи и типот е наш јужен сосед хехе
Незнам како да го опишам.Само знам дека повеке несакам да имам такво лето,се надевам дека ова што иде поубаво ке ми поминува.
Бидејки сеуште не сум вработена цело лето се шуткам наваму натаму. Не сум прибрана у скопјево. Инаку летово 2012 бешеее преубавооо бев неколку пати во грција и 2 пати во охрид. Инаку најубаво си поминав 3 пат во грција во еден камп ( таткоми купи приколка со друштво бев ) на 2 крак преубаво си поминав