Јас обожавам да ја гледам месечината, живеам на 8ми спрат и имам прилично голем прозорец до креветот и многу убаво се гледа месечината..често знам да си пуштам некое музиче и да си размислувам дури сами не ми се затворат очите. Професорот по географија ни солеше памет како месечината негативно делува на нас, ама ако му кажете на умот така, така и ќе си мисли...видете ги работите од друг агол и ке видите дека се многу поубави
Бре бре, лошо влијаела месечината, не чинело да те грее.... Ма дајте ве молам ! Месечината е нешто најсовршено на ноќното небо, поготово па кога е полна. Никогаш кога било полна месечина не сум приметила расположение да ми се мени, да сум агресивна, нервозна и све остало. Напротив, некако ме исполнува и разнежнува, и едноставно неможам да го тргнам погледот од неа. Често знам в лето да си излезам надвор да си легнам така убаво и цела ноќ да си ја гледам заедно со ѕвездите, па и ќе си пуштам некоја добра музика и мераци. Храна за душата ми е тоа, ме опушта максимално.
И јас многу сакам да ја гледам месечината, ме асоцира на нешто мистично и далечно. И многу ме опушта. Инаку, сум забележала дека ми е потешко да заспијам кога има полна месечина, и не само тоа, се чувствувам вознемирена и нервозна...
Имам слушнато за ова, но мене никогаш ништо лошо не ми се случило на полна месечина.Мислам дека се работи само за коинциденција, ништо друго, не дека месечината влијае врз човекот, може има врска со морињата,како што беше споменато во воведот, но некакво влијание врз човекот, не И јас како Asterion, обожавам кога е полна месечина,па без разлика каква е, полна, млада...преубаво е навечер, поготово кога е чисто небото,убавини
Синоќа мислам дека беше полна месечина, и не спиев како што треба. Будење на пет минути и потење и чудни соништа....
Вчера беше Полна Месечина, и цела вечер ми беше тешко, ми се плачеше и имав такво некое чуство тешко.После си легнав и никако не можев да заспијам, се превртував во кревет, и никако не можев, заспав дури во 6 сабајле. И другпат вака ми се случува, ама не сум приметила дека е Полна Месечина, и се чудев зошто ми е така.
Имав негде процитано дека месечината лошо влијаела на некои луѓе,биле поагресивни,нервозни и дури кога било полна месечина се случувале најмногу убиства по светот(сведено на некоја статистика)незнам,некако необјасниво ми е.На моја кожа не сум приметила уште ништо
девојки јас мислам дека на тие што сте рак во хороскоп,најмногу ви влијае месечината,зашто вашиот знак е управуван од неа.Ајде ракчиња пишете
јас не верувам дека влијае негативно. јас сум рак, месечината управува со овој знак и баш кога е полна мислам дека е тоа многу убава ноќ, не сум приметила нешто лошо да ми се случува, така да според мене полната месечина влијае позитивно не негативно.
На прашања за здравствени проблеми имам пишано дека некогаш мм ме буди да ги затворам очите зашто сум заспала со подотворени очи. Наредниот ден од последниот пат ко ме разбуди, гледав имаше еден филм со едно девојче што е месечар. Претходно никогаш немам помислено на тоа дека може месечината да има нешто со тоа и баш побарав на нет каква била месечината претходниот ден и видов дека е полна. Ај си реков, глупости, секој месец е полна па што. После работа го седнав мм и му викам вака и вака ептен ми е страв со ова со очите да не е некој нерв. И тој ми вика не се секирај најчесто кога си накај прозорот свртена те наоѓам таква, кога ќе се свртиш накај мене ти се затвараат. Не дека нешто ептен верувам ама ништо чудно, не ја затворам таа опција.
Ова мене ми објаснува многу. Јас звучи чудно,но не знам се чувствувам поврзано со месечината,но само кога е полна. И кога е полна како да ме привлекува па јас ја гледам преку прозорец со часови и не знам имам чувство како да влијае на мене,но не негативно. Како сите чувства кои сум ги криела како да прави да излегуваат на виделина,и ја гледам и ја гледам навистина долго време,но само кога е полна. За влијанието не сум сигурна какво е,но додека ја гледам сите лоши чувства ми излегуваат,но не знам јас се чувствувам поврзано со месечината како да и зборувам,а таа да ме слуша. Не дека и зборувам,но сите чувства ми излегуваат на виделина и како да имам камен на душава и уште повеќе го чувствувам па ми паѓа... Инаку месечината влијае и на планетата и без месечината планетата ќе почне не правилно да се врти околу својата замислена оска,што ќе доведе и до поместување и ќе се судри со јупитер.(имам гледано документарец во врска со ова) и исто така месечината се одделува неколку милиметри годишно така да за некое време ќе се оддели скроз и така планетата ќе се судри со јупитер и двете ќе ги проголта сонцето. И ако месечината не влијаеше врз планетава таа ќе беше како јупитер,а исто така уште еден интересен факт во документарецот марс во минатото бил како земјава и веројатно на него имало живот.
Мене ова ми се нема случено, а ниту пак верувам, а не верувам ниту во онаа лунарна диета. Ако треба мене нешто лошо да ми се случи, ќе ми се случи и кога не е полна месечината, ако се придржувам до диетата не е важно дали водниот ден ќе ми биде кога месечината преминува од една фаза во друга или неколку дена подоцна. Човечкиот ум си создава различни приказни за нештата кои што не може да ги објасни. Ви текнува во минатото кога пралуѓето првпат забележале гром и огин, си мислеле дека тоа е дело на некое надсуштество, совршенство од материја, па така си создавале божества, тотеми и сл. Денес нас тоа ни е смешно и апсурдно, претпоставувам така ќе им биде и на идните генерации. Мое видување е дека ова е уште едно такво нешто. Де вампирите правеле свадба на полна месечина, де врколаците мутирале на полна месечина... ова е уште еден мит. Таман работа на секој човек во светот да му се случуваше нешто лошо во исто време - кога месечината е полна. Тоа ќе биде хаос. Јас пак, сум голем љубител месечината, особено кога е полна и кога да ја видам месечината полна се разведрувам.
секад коа е полна месечина ја се чуствувам извондредно ,весела полна со самодоверба полната месечина као да ме исполнува,а коа ја нема месечината на небо не ми е баш убаво не расположена и налутена... може тоа е зашо сум рак во хороскоп,