Како времето минува, сфаќам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Snow-Queen, 20 јануари 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    *Сфатив дека не можеш никого да натераш да те сака.

    *Сфатив дека колку и да се трудиш, некои луѓе ќе останат шупаци.

    *Сфатив дека требаат години за да изградиш доверба,
    а потоа
 доволен е само сомнеж, не доказ, за таа да се урниса.

    *Сфатив дека животот не станува полесен,јас станувам посилна

    *Сфатив дека не треба да се споредуваш со другите –
    посзезнати се отколку што си мислиш.

    *Сфатив дека депресијата е само гнев без ентузијазам.

    *Сфатив дека возраста е прескапа цена за зрелоста.

    *Сфатив дека сме одговорни за своите постапки, освен ако не
 сме ѕвезди.

    *Сфатив дека не можам да имам позитивен живот со негативен ум

    *Сфатив дека вештачката интелигенција е многу послаба од природната глупост.

    *Сфатив дека на доброто со добро му се враќа.

    *Сфатив дека семејството и патртнерот се изворот на животот.

    *Сфатив дека морам да го очекувам најдоброто,но да бидам спремна и за најлошото

    *Сфатив дека политиката и недемократијата владее насекаде.

    моментално јас се сетив на ова, вашите постови нека бидат што вие сте сфатиле со текот на времето...
     
    На ❤ Lollipop90 ❤, Srcka $, Glory123 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    531
    Сфаќам


    дека здравјето е најважно...
    дека треба да им покажеш љубов на оние кои ги сакаш додека се тука...
    дека нееворзата ништо не помага..
    дека некои работи мора да се прифатат...
    единствено семејството е тука за тебе секогаш
    никогаш не очекувај нешто за да не се разочараш
    земај од животот онолку колку дава
    дека само мама готви толку убаво ....
    дека треба да престане да ме мрзи да се бањам, зашто распустот помина , неможам да се запустувам во школо :D
     
    На ❤ Lollipop90 ❤ и Ladybbc им се допаѓа ова.
  3. NadjaChoko

    NadjaChoko Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Дека треба да ги читаш пораките кои ти ги испраќа животот и дека вербата е најсилното нешто ...
    Дека треба да бидеш верен на самиот себе и да ги прифатиш другите такви какви што се...
    Дека не треба да правиш детални планови за иднината....
    Ако сакаш да бидеш среќен- биди.
     
  4. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Како времето поминува сваќам дека треба да имаш доверба само во самиот себе!
    Сваќам дека се започнува со кавга , нема некој што не се расправал .
     
  5. Haya

    Haya Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Сфаќам..

    ..колку повеќе се грижам за другите, толку повеќе ме искористуваат.
    ..дека семејството е најважно.
    ..дека никој не е искрен и на никој не можеш да му веруваш во целост.
    ..дека пријатели имаш многу, но од нив вистински не се ни една осмина. :|
    ..дека светот е полн со идиоти. |(
     
    На skenco му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    661
    ...дека сме овци. Ги игнорираме нашите права, еден ден ќе ги снема, да си знаеме.
     
    На SV1911, EleMental и PetiteCherry им се допаѓа ова.
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.987
    Пол:
    Женски
    Дека засекогаш е стварно многу време, така да прекини џинџерке да си ставаш у глава работи што би траеле толку долго. :rofl:

    Дека си се сакам себеси таква каква што сум. Дека не ми е важно кој колку напоречки/љубезно или било како ме гледа. :)

    Дека и да си газда и да си шеф, и да имаш сто факултети ако глупоќата си ја имаш ќе си ја носиш и сегде ќе си ја покажуваш и освен повеќе глупоќа друго не можеш да создадеш од нејзе. :)

    Дека нема да ми се пицнат ни за малото прсте тие арогантни нафурани госпожи од по 30 години шо ги вработиле да ми зборат за морал и одговорност. Материјалисти смотани, да видам коа ќе ги изгубите сите околу вас ќе ви станат ли парите од сефот да ве плачат и да ве закопаат. ;)

    Дека оние шупливи мамини мази и пи*ки што им се лижат на сите наоколу кога тогаш ќе ги запцујам,нема да останат така.

    Дека не ми е страв од правилата кои се налагаат во колективната заедница во која живеам додека се школувам, бидејќи немаат никаква основа.

    Ај да скусам - како времето минува сфаќам дека од сите овие работи кои ми се при рака многу малце ќе ми останат за стално и дека кога ќе завршам четврта сите ќе ги отерам у пичку матер, а по дваес години ќе отидам за да им покажам дека и без нивните смотани лекции за морал и одговорност сум станала ЧОВЕК.

    Фала лепо, ми годеше говоров. :rofl:
     
    На Glory123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    770
    Дека колку и да сме тажни денес утре ќе се смееме...
    Дека нема вечни пријателства има вечни интереси...
    Дека колку и да се трудиме да ги промениме луѓето околу нас нема да успееме...
    Дека во секое лошо има и по нешто добро, поразите се победи ако ја научиме лекцијата...
    Дека треба да живееме за ДЕНЕС...
    Дека никогаш не можеме да бидеме целосно сигурни во ништо...
    Дека вистинската љубов е многу ретка но сепак постои...
    Дека никогаш не треба да ја загубиме довербата во себе...
    Дека и чудата понекогаш се случуваат...
    Дека единственото што треба да го постигнеме во животот е да бидеме СРЕЌНИ...
     
    На Glory123 и Meggy им се допаѓа ова.
  9. elcezelce

    elcezelce Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    16.370
    Пол:
    Женски
    Сфаќам дека ...
    Кога навистина сакаш нешто, понекогаш мора повеќе да се потрудиш..!! Не можеш да се откажеш, само затоа што е тешко! Мораш да ги надминеш ПРЕЧКИТЕ и да се соочиш со твоите стравови - на крајот секогаш се исплати! ЖИВОТОТ е полн со ИЗДИГНУВАЊА и ПАДОВИ, но ако веруваш во себе, секогаш ќе те следи УСПЕХ..!! Цени ги ПРИЈАТЕЛСТВОТО, ЉУБОВТА и НАДЕЖТА... Никогаш НЕ се потценувај СЕБЕ СИ!! ВЕРУВАЈ дека можеш СЕ !!!
     
  10. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Сфаќам дека моите родители се во право. Дека не ми мислеле лошо кога имав ограничен излез, кога немаше да ми дадат нешто, кога се муртеја на лошите отценки. Се каам за секое ’’Те мразам“ кажано во нервоза кон нив, особено кон мајка ми. Сфаќам дека тие ми се најдобри пријатели кои не ми прават лице, не ме лажат. Сфаќам дека тие само сакаат да сум среќна зошто кога сум јас, тогаш се тие уште повеќе. Се познава тоа.

    Тато, мамо.. Ве Сакам Најмногу!
    Фала ви за се’ !
     
    На SV1911, skenco, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.618
    На крај се се сведува на она што си и неможеш да бегаш од самиот себе. Некогаш колку и да се трудеш да одржуваш баланс помеѓу твојата внатрешност и туѓата надворешност не бива. И кога не бива, остај веќе, не се мачи и терај си го својот пат, а не оди по некоја универзална дефиниција за среќа, ебаго. Само кога веќе си тргнал, немој да цимолиш. Удри бре, бам бам бам, смачкај! И гледај на твојата светла страна на животот, колку и да е мрачна. Оно супер е така, ама нема кој да се потпрашува...
     
    На firequeenn, tweety26, XMaN и 2 други им се допаѓа ова.
  12. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    621
    Сфаќам дека животот минува многу побргу од колку што мислиме.
    Сфаќам дека не вредат стресот и моето нервирање,само јас си штетам себе си,ништо не се менува :worried:
    Сфаќам дека недоволно го цениме она што го имаме,се додека не го изгубиме.. :doh:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Дека не е битен изгледот на чизмите туку важно е да ми ги топлат нозете.
    Дека не е битно шо со капа изглеам ко морон ама битно е шо шо топли.
    Дека не треба да им помагаш на колегите од факултет зашо се себични говеда.
    Дека само Марфи е у право |(
     
    На crazylady, Trendafilka, antonina и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    5.906
    Пол:
    Женски
    Дека секогаш треба да им дадеш шанса на луѓето, без оглед на првиот впечаток кој ќе го остават кај тебе.
    Надворешниот изглед е најмалку битен, споредено со љубовта која една личност може да ти ја пружи.
    Колку и да размислуваш, проценуваш, анализираш, не постои сигурност дека си донел вистинска одлука, само непотребно си го комплицираш животот.
    Никогаш не треба да велиш никогаш.
    Ти си единствениот кој нема да те изневери.
    Можеш да истрпиш болка долго откако ќе помислиш дека не можеш.
    Треба да се потрудиш околу нешто што мислиш дека вреди, а не да очекуваш дека другата страна треба сѐ да среди.
    Луѓето ќе те повредуваат, изневеруваат, но тоа не значи дека не треба да дадеш шанса или да ја дариш својата доверба повторно.
    Делата говорат погласно од зборовите.
    Со простувањето повеќе си помагаш себеси отколку на личноста што те повредила.
    Сѐ се случува со причина, по Божја замисла. Помири се со текот на работите, зашто Тој никогаш не би направил нешто за да ти наштети.
    И...ако нешто посакуваш со сето свое срце, сѐ ќе направиш да ти се оствари, и покрај одбивањата, предомислувањата, само е битно да истраеш ако знаеш дека вреди. Зашто на крајот, секогаш, ама баш секогаш, упорноста ја совладува отпорноста.
     
  15. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Како си минува времето сфаќам дека сум се замарала со глупости, сфаќам дека ногу брзо стареам :( сфаќам дека сум по темпераментна и да сфаќам дека како си минува времето сум си се поубава и поубава

    нем да мислете дека сум самобендисана, али искрено ако јас не мислам така сигурно неманекој друг тоа да ми го каже :P
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    538
    Со тек на времето сфатив дека го сфатив,но и покрај се неможам да одам против мене..за жал..неможам да бидам во целост тоа што ти сакаш да бидам,неможам да го сменам мојот однос како што ти неможеш..и сфаќам дека тоа и само тоа води кон неизбежниот крај што може да се случи во секој момент...ме учеа дека кога 2 личности се сакат,прават се за да бидат заедно,се борат против сите..да го сфатив и тоа,но неможам да сфатам како самите тие личности ја уништуваат меѓусебно таа љубов...сфатив многу работи..но само едно не!- Зошто мораме да бидеме толку различни ?!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.735
    Пол:
    Женски
    ... дека се' е исто, само јас сум се сменила заедно со точката и перспективата од која ги набљудувам нештата околу мене.
     
    На tweety26 и happygirl им се допаѓа ова.
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.683
    ...дека го направив вистинскиот избор. :emo:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.405
    Допаѓања:
    47.341
    Пол:
    Женски
    Kaко времето минува, сфаќам дека времето пребрзо минува и треба да го искористиме максимално... Денес не има, утре не нема, времето не се враќа... Живејте!
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    сфаќам дека сум се попаметна и поискусна :D