Дека само љубовта останува, доброто од нас... Парите, колку што носат сигурност, толку и не носат среќа секогаш, за жал.
сватив дека грб може да ти заврти најблискиот, оној кој најмногу му веруваш дека колку добро правиш, се некако со полошо ти се враќа непотребната љубомора може да уништи нешто многу убаво понекогаш неможам да добијам потпора од најблиските навистина кучето е најдобар пријател на човекот некои проблеми што ги имам во животот понекогаш е подобро да ги чувам во себе да не врувам скоро на никој
Сваќам дека премногу рано започнав сериозна врска,кој можеби за сега не толку но во иднина ќе ми биде многу мака.
дека среќата е менлива категорија, но никогаш не дозволувај некој небитен да влијае на неа, зошто животот е еден, а небитните треба да останат тоа што се НЕБИТНИ и НЕВИДЛИВИ
Сфатив дека важно е да бидеш свој, зашто еден ден, порано или подоцна, ќе се открие твоето вистинско лице, а лицето под маската, е мнгоу погрдо..
Сватив дека плаќам за сопствената грешка, за тоа што бев многу наивна и верував... дека оној кој е добар плаќа дупло и дека останува дури и должен... Дека во животот ништо не се случува два пати, и ништо не може да се доживее на ист начин два пати... Дека во животот секој го сакаме на различен начин, и дека љубовта спрема некој не може да се замени и да се чувствува исто спрема друг... и дека првата љубов секогаш ке биде најсилна и најчиста од останатите!
Дека за да се живее живот вреден за паметење, е потребно само да љубиш и да бидеш љубен од истите личности. Сите останати замислени цели служат само едноставното да го направат сложено.
Сфаќам дека секој си гледа за себе. Сфаќам дека бе треба да се враќаш назад во минатото. Се доаѓа и поминува. Сфаќам кој навистина ме сака а на кој сум му само од корист. Сфаќам со какви луѓе сум опкружена. Сфаќам дека никогашнема да им погодиш на сите колку и да се трудиш.