Како што времето минува..... сфатив дека не сум мало дете повеќе,неможам да се скријам негде и да избегам од проблемите,треба да бидам поодговорна,јас решавам за мојот живот,грешките од минатото оставаат последици во иднината,ако немаш цел во животот нема да знаеш што сакаш,не треба да сите да се верува,понекогаш треба да голташ кнедли само затоа што така треба...и уште многу работи
Дека преголемата доверба во луѓето на крај ти се одбива во глава и дека никој не вреди повеќе од ние самите
дека колку и да се обидуваме да му ги затниме остите на луѓето не вреди тие сепак си зборуваат без разлика дали било добро или лошо дали било така или не...не вреди да се нервираме за непотребни работи..
Дека времево стана чудо Луѓето се толку неподносливи со нивната лошотија, љубомора и нечовечност. Не знам до мене ли е, ама воопшто не можам да се вклопам во ваквиот систем.....
дека луѓете не се тоа што се прават дека се, дека постојат маски кои ги менуваат една за навечер една за преку ден, и дека веќе не е и времево тоа што беше, не се знае кога е пролет, лето, есен, зима... катастрофа....
Дека гадно морам да се вратам во реалноста, морам што побрзо да се соберам,да ги рационализирам емоциите и моменталнава состојба, која не ми носи ништо добро, освен расеаност и надеж дека ќе се случи чудо...а простор за чудо нема. Сепак, ќе постојат спомените, кои многу ме болат, и кои не сакам да останат само спомени, но морам да се помирам со тоа. Колку повеќе мислам на нив, толку повеќе ги оживувам во мојата глава, и ме болат, со секој изминат ден во молк и тишина. Ти благодарам , сепак. Успеа да откриеш дел од мене што го закопав, неправедно. Колку и да не сакам... ти ќе бидеш само спомен, убав, но горчлив спомен.
....дека сепак пораснав не сум веќе малата принцеза на мама и тато и дојде време кога треба да донесам некои одлуки кои ќе влијаат на мојот живот....
... дека се што сум мислела дека е многу важно е споредно во животот, дека другите луѓе и нивните мислења не се важни затоа што на крај останувам јас со своите одлуки и јас треба да ги трпам (или уживам) последиците, а нив ќе ги снема. Сфаќам дека луѓето не се тоа што се претставуваат и дека не треба да ме повредуваат нивните постапки, тоа зборува нивната слабост, а јас треба да ги прифатам какви што се, не какви што мислам дека треба да бидат.
дека животот е краток. Затоа секоја секунда е скапоцена да ја трошиме на глупости. Си ветив себеси дека ке го живеам правејки само полезни работи. Само ако помогнам онаму каде што треба сум постигнала нешто.
Дека еднаш се живее, животот е премногу краток, дека треба да се живее секој ден како да е последен, исто така дека непредвидливоста во животот не прави посилни . Динамичниот начин на живот придонесува да се чувствуваме нервозни , но секогаш треба да бидеме насмеани полни со љубов и добрина. Секој нов ден буди нова надеж подобра од вчерашната
Сватив дека времето лечи се, дека за да го добиеш она што го сакаш треба да се избориш за него, дека сите се со тебе додека имааат корист, сватив дека не треба да им верувам на луѓето и дека единствени пријатели кој се со мене без притоа да имаат корист се моите родители