Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како времето минува, сфаќам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Snow-Queen, 20 јануари 2012.

  1. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    дека грешам кога секогаш гледам за општа корист на повеќето, а не си гледам само за мене.
     
  2. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Сфаќам дека ваквите како мене не успеваат многу и дека треба да се сменам.
    Сфаќам дека мораш да бидеш лош за да бидат добри кон тебе.
    Сфаќам дека вистински другарки не постојат.
    Сфаќам дека единствено родителите те сакаат и никој друг.
     
    На LittlePinky и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  3. Antonijaa

    Antonijaa Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    18
    Сфаќам дека се во животот доаѓа не планирано.
    Сфаќам дека вистинските пријатели не постојат,
    Сфаќам дека не треба толку многу да се врзуваш за луѓето (посебно пријателите),бидејќи сите доаѓаат и си одат.
    Сфаќам дека треба ТИ да се ставиш пред сите други.
    :)
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Како поминува времето сфаќам,дека треба да се облечам топло-надвор има ладни луѓе.
     
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ...сфаќам дека животот е тежок и дека да бидеш родител е премногу тешко. Овие две работи и најмногу ме плашат. Ме плаши тоа што понатака ме чека и дали ќе бидам добар родител. :worried:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    ...сфаќам дека животот не е како во бајка и е многу суров...
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Сфаќам дека СИТЕ луѓе (без ниеден исклучок) се максимално себични и дека НЕМА вистински, искрени пријателства туку дека дружењето е од корист! :puke:
     
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Немој така да викаш, не е вистина и самата го знаеш тоа. Така ти се погодило :^)
     
  9. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Како времето минува,сфаќам дека огромен дел од мојот живот сум го посветила на никави луѓе сум им верувала и сум била десна рака за нив,но сега ни десна ни лева.
    Сфаќам дека животот е прекраток за да се нервираме за секаква ситница како што имаме навика повеќето ние.
    Исто така сфаќам дека некогаш е доцна да вратам некои моменти кои сум ги пропуштила поради непромислена работа,нооо затоа се трудам да бидам позитивна и секогаш да пружам љубов на оние оклу мене,да подарам насмевка на секој случаен минувал на некој тоа многу му значи иако не го познавам :D
     
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Дека не вреди да се трудам за тоа што мислев дека ќе ми претствува сигурност.А и така, повеќе ништо не е сигурно
     
  11. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    .....дека се зезнав што се омажив со мамин син :)
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе се грижам за мене, толку повеќе околината не страда.
     
  13. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Како времето минува сфаќам дека најдоброто тек следи :)

    Знаете ли колку е добро кога ќе сфатиш - може да почнам стварно да си го живеам животот, ама стварно 8)
     
  14. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Верувај ми cecilia, така е! Многу ми е тешко самата на себе да си признаам дека е така, но така е!
    Јас буквално гинев за другарките, им бев на располагање 24/7 и кога им било најтешко и кога им било најубаво, им ги знам сите тајни-на сите сум им човек од доверба! Не можеш ни да си претпоставиш колкав дел од мојот живот им посветив и тоа на моја штета. Не знаеш какви се работи им имам завршено - од помагање финансиски, од местење на дечковци, од дружење кога биле без партнер, од завршување на работи по институциите, од нивно вработување...се радувам на секој нивни успех, ги тешам и бодрам за секој нивни неуспех.
    А кога мене ми беше најтешко-само една беше со мене! Верувај ми!
    А кога сум среќна-гледам љубомора и завист од нивна страна.
    Тешко ми е, но тоа е реалноста-за жал сфатив дека се било искористување на мојата добрина! :(
    Тоа е тоа-животот оди понатаму и јас ќе морам да го корегирам моето однесување спрема другарките...
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Значи сите мене што ми помогнаа во најтешките моменти се себични...?
     
  16. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Колку што гледам на твојот профил, ти имаш 13 години. Допрва е животот пред тебе...ќе го правиме муабетов за едно 20 години. Јас зборувам од искуство...ќе видиш како луѓето се менуваат...
    Дај Боже ти да не ги доживееш моите разочарувања!
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Нема ако ги знам какви се. Внимавам со кој се дружам.
    Плус, тоа сум го видела кај татко ми. Кога му се заглави колата, колегата закасни на неговата слава само за да му помогне и не го остави се додека не ја истуркаа колата. :!: Тоа е себичност?
     
  18. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Како времето минува, сфакам дека се е од корист :^) :sweat:
     
  19. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Ај те молам убаво прочитај го мојот прв пост пред да се расправаш со мене... ;) очигледно не си ме разбрала...
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    И ти прочитај си го. Кажа без никакви исклучоци, а ти си била добрата?