Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како времето минува, сфаќам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Snow-Queen, 20 јануари 2012.

  1. Blair15

    Blair15 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    12
    Sfakjam deka, treba da se zivee od DENES ZA UTRE! :D
    [mod-kirilica:2rreqfdq][/mod-kirilica:2rreqfdq]
     
  2. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Како времето минува, сфаќам дека сум родена во погрешна ера.. :!:
     
    На Blondince му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.391
    Секој ден е ново искуство и нова лекција....Сме сфатиле многу работи и допрва ќе сфаќаме...Што порано,толку подобро за нас,нормално...

    Така сфатив дека мајка ми ми е најдобриот пријател,на кој може да му верувам 100 посто,на кому му е стало до мене и моите маки и радости......

    Дека 100посто доверба не треба во никој,се треба да се прима со доза резерва....

    Дека времето не ги лечи сите рани........

    Дека порано или подоцна,се се средува,треба само трпение.......

    Дека мора дожд,за да има сонце.......
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Дека се’ тече, се’ се менува, дури и она нешто што пред извесно време сум го сфатила.
     
    На Betty.Boop, crazylady и Magnolija им се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сфаќам дека се поминува и си оди.Ништо не трае засекогаш.
    Сфаќам дека што и да се случи животот сепак продолжува.
    Сфаќам дека некои личности не заслужуваат да ги цениме.
    Сфаќам дека во денешно време да си претерано добар значи да си глупав.
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    ...дека не треба безусловно да веруваш.
    ...дека и долгогодишна љубов може да се уништи, ако едниот така сака.
    ...дека постојат луѓе кои ги интересираат само пари, пари, пари. И пак пари.
    ...дека секоја грешка скапо се плаќа.
    ...дека многу малку знам за луѓето и нивните можни скриени намери.
    ...дека она што на прв поглед изгледа совршено треба да се истражи. Совршенството не постои.
    ...дека многу луѓе седат на две столчиња. Се прашувам како ќе им биде кога столчињата ќе се тргнат.
    ...дека на се доаѓа крај.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Како минува времето, сфаќам . . .

    глупаци и тупаци имало и ќе ги има, секогаш и секаде.
    Не се обидувај да ги смениш или освестиш или да им помогнеш, само гледај да не си дозволиш да губиш време и живци на нив.

    Со годините потешко се слабее.

    Младешкиот ентузијазам за успех ми се цеди правопропорционално со сета глупост која ми ја приредува оваа држава, секојдневно.

    Луѓето се огорчени со причина, затоа и никој повеќе не си оди на гости, по кафиња и на свадби со мерак...
     
    На Strumfeta93, LadyNN, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    сфаќам дека сум утнала неколку работи во животот...
     
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    33.756
    Пол:
    Женски
    Сфаќам дека ми недостига детството.
     
  10. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    ...дека сум родена на погрешно место....
    ...дека луѓето не можеш да ги промениш..
    ...дека истите не можеш да ги спречиш да си одат...
    ....дека светот е сурово место за живот...
    ..дека не треба секому/некому да веруваш..
    ...дека од тоа што најмногу се плашиш, тоа се случува..
    ..дека овој град е премногу мал за мене....
     
  11. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Како времето поминува, сфаќам...
    Точно е дека времето ја лечи болката. Треба да знаеш повторно ќе се смееш, ќе си радосен. Ништо не може да ја врати загубената личност, треба да се соочиме со тоа и да го продолжиме животот. Сигурна сум дека тие сакаат да не видат како се смееме и се сеќаваме со радост на нив. :) Зошто верувам дека не гледаат и пазат на нас. Некогаш повторно ќе се сретнеме, ќе биде како порано.
    Почивај во мир, бабичке. Иако не си тука засекогаш ќе бидеш со мене. Ех, како одлета една година.
     
  12. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сфатив дека нема луѓе.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    ...дека ми отиде во ветер, и не седнав асално да учам. ПАК! |(
     
  14. evvaa

    evvaa Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    дека само си тапкам в место и ништо не правам.....и го мразам тоа :@
     
  15. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.242
    Допаѓања:
    6.713
    дека упорно се приврзувам со луѓе и мислам дека тие засекогаш ќе останат со мене ..
     
    На AnaNaskovska му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Дека плановите ретко се реализираат од причина што често се без реална основа, туку само пусти желби и сонови...

    Дека треба шарм за да привлечеш, но многу карактер за да задржиш некого...

    Дека родителите често се во право...
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Како времето минува, сфаќам дека се е минливо, не мислам притоа само на материјалните работи :| :wasntme: а што е уште пострашно, се повеќе се уверувам во тоа на било каков начин, не дека сакам, туку едноставно откривам :geek: можеби и е многу повеќе од тоа.Веројатно ќе да е така... :wasntme:
     
  18. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    сфатив дека се се случува со причина
    сфатив дека само ние можеме да си го поплочиме патот до успехот
    сфатив дека многу малку луѓе ја заслужуваат мојата добрина
    сфатив дека тие што секогаш најмногу ги сакаме многу рано не напуштаат (или нас ни се чине така ни се чине)
    Сфатив дека со сила убавина де бидува
    Сфатив дека лугето се најсебичните суштества
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Дека никој не може да ти го украде мајчинството..

    Дека болката со времето знае и да расте..

    Дека некогаш навистина треба да ги пуштиме оние кои сакат да заминат, оние вистинските ќе останат што би рекол еден пријател и кога ќе ја продадеш викендицата покрај плажа..

    Дека она неможеш да помогнеш секому, ама можеш некому е апсолутно точно.

    Дека треба да се радуваш на чистите победи, макар не лични туку оние и за твојата земја..

    Дека никогаш не треба да велам НИКОГАШ!
     
  20. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    -Дека што и да правам,секогаш ќе ги има тие што си хранат его со мојот неуспех.
    -Дека сега ми е возраста кога треба да дишам со полни плеќи,а самотијата да ја оставам за староси...
    -Дека не треба да судам на прв поглед
    -Дека колку и да се трудам да сфатам поинаку,СЕКОГАШ ќе ме судат по надворешен изглед.
    -Дека треба да зграпчам прилика секогаш кога ќе имам можност. Life is short.
    -Дека најдобра одбрана е нападот.