Голем ситничар сум и се плашам од многу непотребни нешта за животот, за иднината.... а тоа всушност ме спречува да бидам комплетно среќна и секако, да го живеам животот со полна плуќа. Сфаќам дека иако имам многу високо мислење за себеси (а по проценка и на оние околу мене и со право го имам), треба да сменам некои работи во мојот карактер, прво за мене и мојата иднина, па после за оние околу мене. Не смеам да поставувам граници на своите можности и сфаќања.
Дека вчера нема да биде никогаш,повторно, дека ароганцијата е непотребна работа, дека времето за себе е непроценливо, дека најважно е да си здрав, дека среќата е голема,и треба да се дели, дека ја сочинуваат мали нешта, и истите треба секогаш да се ценат, дека треба да се мисли пред да се каже било што, дека треба што помалку да и се предаваме на нервозата и почесто да го одбегнуваме стресот. дека некогаш ти треба празна соба ,тивка музика ,добра книга,чај и ти и твоите мисли. Дека животот е да знаеш да сакаш да се смееш и сонуваш, да мечтаеш и фантазираш.
дека парите го вртат светот дека колку повеќе учам толку повеќе гледам дека не знам дека најважно е да си жив и здрав дека никој не ти е пријател
Дека некои луѓе не заслужуваат ниту да ги погледнеш. Дека денес не постојат луѓе(освен најблиските)кои не ти помислиле лошо и кои не сакаат да те уништат
Колку и да звучи клише, сфаќам дека можеби нема среќен живот, туку само среќни денови. Исполнети со силни прегратки, топли зборови од најблиските и надеж за посветла иднина.
Дека и покрај се здравјето е најважно, втората шанса е битна само кога самите си ја даваме! Животот не се деновите што изминале туку тие што сме ги запаметиле...
Сфаќам дека : пред се си сам на овој свет,без разлика со колку луѓе да си опкружен. Дека животот е многу убав ако те радуваат ситници. Дека ако мислиш дека си среќен ,навистина ке бидеш. Дека родителите се оние кои никогаш нема да ве изневераат и напуштаат. Дека ретки и многу малце се искрени пријатели ..она навистина искрени. Дека мојот најверен пријател е сестра ми и мајка ми. Дека љубовта е убава ,ама не и најважна за да се '' умри од љубов по некого'' . Трпението е се,љубезноста,чистата незлобна душа.Тоа ако го имаш ,секогаш ќе се разликуваш од другите. и многуууу други работи....
сфаќам дека: ми се ближи свадба а треба да почнам да слабеам сакам бебе,а не сакам да бидам бремена на свадбата не ми се работи повеќе,а ми требаат пари
Сваќам дека ништо не е како што изгледа на прв поглед, ни животните ситуации и шанси ни луѓето, сите ти прават лице додека поштено не те заебат