Оти животот лета. Оти денот што поминал нема да се врати. Оти добрите прилики треба да се искористат. Оти не треба да се замараме со небитни и злобни луѓе. Оти треба да уживаме во моментите со пријателите најблиските и љубените. Оти ништо не е вечно.
... дека животот е суров. За некој е мајка, а за друг маќеа. И дека, нема правда. Престанав и во карма да верувам
..колку работи што порано сум ги мислела за исправни,сум верувала во нив и сум се борела,начин на кој што сум се однесувала и сл. во моментов сфаќам колку сум грешела,иако тогаш сум мислела дека така е правилно и најпаметно.Секогаш кога ќе се сетиме на минатото се каеме за одредени работи,безразлика дали е однесување или нешто налик тоа...
Сфаќам дека животот не е фер, дека не може се да биде по наше секогаш, дека има многу малку луѓе кои ќе ти бидат вистинки пријатели, дека сите се интересираат само за себе, дека се е од корист, дека никогаш не треба да се откажеш кога ќе ти биде тешко, дека никој не е совршен и наместо во луѓето секогаш да ги бараме лошите особини, да почнеме да ги забележуваме и добрите...
Дека Животот не е толку суров колку што се лугето околу нас. Дека колку и да се трудиш за некого нема да си добар. Дека ретки се тие што искрено те сакаат. Дека како поминува времето Животот е се потеЖок.....
Дека се е лага, околу тебе има повеќе лажни луѓе од колку оние искрените кои постоеја во 20 век,овај 21 век гадно го запусти народот, се е злоба, љубомора, ретко ке наидиш на човек на кој му е мило ако си среќен и имаш нешто повеќе од него секој гледа да те заеби поштено
Како минува времето сфаќам дека животот е многу суров и никого не поштедува . Сфатив дека на никој не можеш да се потпреш без да бидеш злоупотребен . Сфатив дека никогаш не треба да му веруваш на никој освен на самиот себе . Сфатив дека времето лета и некои работи никогаш не ќе можат да се поправат . Сфатив дека треба повеќе да се плашиш од пријателите отколку од непријателите . Сфатив дека ништо во животот не доаѓа на златен послужавник и дека треба за се да се потрудиш .
Последното нешто што го сфатив, беше дека не треба да се залажувам дека ке заштедам или ке бидам во ќар само ако земам се што е ефтино колку да се помине. Сфатив дека од сега, треба да земам помалку нешта, но што навистина ке чинат.
- Сфаќам дека ми го застресува тлото под нозете, со тоа што ме враќа на почетокот како ученик кој не си ја научил лекцијата! - Сфаќам дека колку и да ги расплетувам јазлите, пак се наоѓам во нивните стеги. - Сфаќам дека не постои вечна, безусловна љубов. - Сфаќам дека нема никој да ми го тргне темниот облак на главата, ако јас самата не си направам гума со која ќе го избришам. - И на крај.. Сфаќам дека кога животот ќе ми намигне задавајќи ми тупаница, треба да му се насмевнам смело враќајки му дупло посилна.
Како времето минува, сфаќам дека секогаш имам нешто ново за учење. Секој нов ден ми носи нова лекција! Знам дека ништо не знам и она што сум го знаела, понекогаш мора да го преиспитам и да проверам дали е навистина така. Сфаќам дека нема потреба од нервози и плачки за многу работи кои сега ми изгледаат како многу важни, затоа што потоа ќе сфатам дека биле сосема неважни. Исто така, научив дека моите потреби треба да ги ставам пред потребите на сите останати. Бидејќи луѓето се себични и ќе те прегазат доколку и ти не си таков, односно не гледаш за себе, со цел да им помогнеш нив. Како времето минува, сфаќам дека утре ќе сфатам уште многу работи кои денеска не сум ги навела овде.
Дека е убаво чувството да сакаш и да бидеш сакан... Сфаќам дека насекаде има омраза, злоба и љубоморни луѓе,дека некои луѓе не заслужуваат ниту да ги спомнеш...после се животот продолжува понатаму Ништо не трае вечно и тоа дека најважно е да си здрав и жив..
Сфаќам деда неможеш некого да натераш да те сака Сфаќам дека секогаш моите родители ми мислат добро Сфаќам дека довербата се стекнува тешко и дооолг период а потребна е само секунда се да падне во вода
Сфаќам дека бркам моменти кои некогаш сум ги имал, но не сум знаел како да ги искористам. Никогаш доволно време за таквите...
Сфаќам дека некои личности повеќе нема да можам да ги гледам на начинот на кои сум ги гледала и сфаќам дека луѓето се менуваат...
Последна лекција од летово, никогаш не ветувајте некому нешто и не донесувајте одлуки додека сте под некоја глупава моментална емоција!
Како времето минува, сфаќам... дека можам да успеам во нешто, само ако целосно се посветам. Сфаќам дека се е минливо, ништо не трае засекогаш. Исто така сфаќам и дека многу работи за кои сум се нервирала се банални.