Колку си искрен со луѓето, толку ќе те заебаваат и ќе ти коваат ноз во грб. Секој си гледа за себе. На никому не му е гајле што мислиш ти.
Најголема загуба е да ги имаш вистинските личности во погрешно време и да тагуваш по нив,а оние погрешните во вистинско време и да немаш опција како да ги протераш од животот... така никогаш нема да бидеш среќен туку ќе бидеш заглавен во лавиринт без излез.
Сваќам оти мислејќи што ќе кажел овој, што ќе кажел оној, што ќе мислеле сите и така си ускратив многу убави моменти во животот
Луѓето се се поладни. Веќе не е како порано. Цел ден ќе дремат без обврски и без работа дома, ама се прават дека немаат време за едно кафе. Никој никому не мисли добро.
сваќам дека не треба да се верува ни во спостевните очи а не па во некој друг сваќам дека сепак постои љубов иако секогаш мислев дека нема.
дека не можеш на овој свет да веруваш на никој, таман ќе помислам дека имам некој покрај мене на кој можам да му кажам се, сфаќам дека повторно грешам по 100 пат
Како времето минува, сфаќам дека РАСТУР БЕНДот(бендот наш за на еуровижн)... треба да се пријавиме ние членовите на РАСТУР БЕНДот значи.... за Ѕвезде Гранда!Јеа...популарност како на Бјело Дугме...море и појјаки ќе сме... (ги молам членовите на РАСТУР БЕНДот да не ме сфатат озбилно )
Како времето минува, сфаќам дека не треба да си го губиме за непотребни личности, за личности што не не прават среќни. Животот е краток и треба да се трудиме секој ден да ни биде исполнет со среќа. Ако на крајот не е се како што треба, значи сеуште не е крај.
Сфаќам дека луѓето стануваат се посебични и посебични.... Сфаќам дека само најблиските (семејството) ги радува твојата среќа, а ги боли твојата тага...Само тие би го направиле и невозможното за тебе... Сфаќам дека ако сам не се избориш во животот за поубаво и подобро место, не може друг за тебе да го направи тоа... Сфаќам дека среќата е во малите (нематеријални) нешта... Сфаќам дека луѓето што ги сакам и ми значат треба секојдневно да ги гушкам и да им ги (по)кажувам своите чувства...Затоа што денес не има, а утре може не!!! Затоа НАСМЕВНИ СЕ, може утре ќе ме нема
...дека има повеќе прости од паметни на светов. И дека паметните се сомневаат во себе, а простите мислат дека се паметни.