Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како времето минува, сфаќам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Snow-Queen, 20 јануари 2012.

  1. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Како времето минува, сфаќам ...
    - Дека луѓето најчесто не се онакви како што се претставуваат.
    - Дека ретки се вистинските пријатели.
    -Дека животот е краток и треба да се ужива во секој момент.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Како времето минува сфаќам дека :
    -Како растам се помалку и помалку се радувам на мојот роденден, не сакам да бидам постара за 1 год. # форевер јанг :D
    -Работите или целите што ќе ги зацртаме немора да значи дека секогаш ќе испаднат онакви како што сме мислеле..и најголема веројатност е дека нешто ќе те зафркне во 5 за 12
    -Добриот сон е уствари многу битна работа (ова го кажувам бидејќи јас го немам хаха )
    -Понекогаш на луѓето неможат да им се докажат некои работи и нема потреба од беспотребна нервоза поради тоа
    -Многу од луѓето не се всушност онакви какви што се претпоставуваат на почеток
    -Што и да правиш на луѓето никогаш нема да им угодиш..кога си среќен ти љубоморат а кога си тажен се радуваат
    -Апсолутно нема подобра другарка од сопствената мајка
    -Студентскиот живот е тешка работа :(
    -Кога најмалку очекуваш тогаш се случува нешто убаво, колку повеќе се форсираш толку се поголеми шансите да не испадне баш по планот
    -Во животот постојат многу тешки моменти, кои мора да се издржат и пребродат и колку и да не можеш да се соочиш со тоа порано или покасно сфаќаш дека е тоа дел од животот и затоа пак потоа знаеш да се радуваш и на најмали ситници ...
     
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.365
    Како времето минува сваќам дека треба да го почитуваме секој слободен и релаксиран момент - затоа што ги нема многу :)... Сваќам дека треба да се радуваме на „малите нешта“ затоа што тие не прават среќни и исполнети :) ... Сваќам дека годините една по една се менуваат и сегашниов момент отишол во неповрат засекогаш...
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    166.398
    Пол:
    Женски
    Како времето минува сфаќам дека се е онака перфектно скроено и се се случува причинско- последично. Мислам, ова го сфатив доста одамна, ама сепак секој ден, се повеќе и повеќе ова се докажува.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Како поминува времето сфаќам дека за секој од нас постои сложувалка која тежнееме да ја склопиме, иако некоја од страните не ни е омилена. Колку и да ја избегнуваме мораме да ја поставиме на место и да ја прифатиме како дел кој е наменет за нас. Целината никогаш не е хармонична, но убава е. Треба да бидеме среќни доколку ја создадеме.
     
    На julie77, SwanMay, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Како поминува времето сваќам дека
    • најмногу треба да се почитувам самата себе си и сопствените желби
    • само љубовта кон моето дете е безусловна
    • тоа што во моментот ни се чини секојдневие, за секунда може да стане минато
    • не треба да дозволам никој да троши бесцелно ниту миг од мојот живот
    • се додека жалам за минатото не можам да живеам во сегашноста
    • времето ги лечи раните,но лузните остануваат
     
    На julie77 и SwanMay им се допаѓа ова.
  7. ton4ica

    ton4ica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Дека за се си има време, она што негокаш било интересно не е и сега. Точно е дека времето лечи се и човекот созрева
     
  8. black's'thebest

    black's'thebest Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Поинаква сум од сите што ме опкружуваат
    никој незнае да сака
    се е од корист
    неможеш да имаш целосна доверба во никого
     
    На Телетабиска и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Станивам иста како мајка ми (facepalm)(facepalm)
     
    На BunnyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Сваќам дека мора да ослабам :D:D
     
  11. Aless

    Aless Нов член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Сфаќам дека..
    • ништо не е возможно да се случи преку ноќ
    • луѓето можат да се сменат од добри во лоши,но не и обратно
    • многу луѓе брзо ги забораваат услугите кои си им ги направил
    • никогаш не треба да брзаш за да пораснеш
    • родителите се оние личности кои добро ги запознале твоите пријатели,дури пред ти да ги процениш
    • ништо не останува исто,се се менува
    • секогаш ќе има луѓе кои ќе те обожаваат и завидуваат
    • сето тоа што го имаш можеш да го изгубиш за миг
    • животот е нешто во кое секогаш и секаде мораш да се бориш и да бидеш упорен
    • не можеш да очекуваш да ти се случат добри работи и притоа да си песимист
    • родителите се твоите единствени ВИСТИНСКИ пријатели
    • секогаш вложениот напор подоцна вреди
    • во најтешките моменти треба да си најсилен
    • сите оние кои озборуваат други личности пред тебе,ќе те озборуваат и тебе кога нема да бидеш во нивно присуство
    • никогаш не треба многу да очекуваш
    • материјалното богатство никогаш нема да те направи среќен
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Мене живoтoт ми минувa низ прсти..брзo,a дoсaднo.цц се зaмaрaм сo ситници,иaкo велaм секoгш декa Немa дa гo прaвaм тoa,еден живoт без некoјa пoсебнa вoлјa,a сепaк гo прaвaм oнa штo мoрaм.. незнaм кaкo дa oбјaснaм..
    Нa фaкултет oдaм зa дa врaбoтaт прчлa и среќницa нa кoјa ќе и јa купaт диплoмaтa. Рaбoтaм зa дa имaме дoвoлнo дoмa зa нoрмaлен живoт сo oдење нa кaфе еднaш неделнo и излегувaње преку викенд. Си сoберaв денaр чекaм зa пaсoшoт никoј не ме фермa, сите преку ред. Лудa куќa е држaвaвa.
    Нoo сeпaк требa дa живеaм зa луѓетo штo ги сaкaм,пoчитувaм и кoи истoтo ми гo вoзврaќaaт. Се нaдевaм ќе ми се нaсмевне среќa зa пoдoбрп утре.
    Се нaдевaм мислењaвa ќе ми се прoменaт.
     
    Последна измена: 20 јуни 2015
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.603
    Допаѓања:
    79.257
    Пол:
    Женски
    Дека на НИКОЈ не треба да му се верува.
    Дека се се случува со причина.
    Дека треба да бидеме добри со нашите блиски и сакани додека се тука, утре може ќе ги нема.
    Дека не треба однапред да се планира или очекува нешто.
    Дека не треба да се ветува ништо. Подобро да направиш нешто убаво без да ветиш отколку да ветиш а не го направиш.
    Дека колку повеќе мислиме, толку повеќе си го комплицираме животот.
    Дека секој покрај себе сака весела и позитивна личност, а не намќор.
    Дека треба да ги победиме стравот и несигурноста и да започнеме да живееме.
    Дека треба да се ризикува.
    Дека посилен е оној кој паднал и повторно станал, а не оној кој никогаш не паднал.

    и уште многу други нешта.
     
    На Tanjamm и P.S.love им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Било па поминало.
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Било па поминало.
     
    На Emily15 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.603
    Допаѓања:
    79.257
    Пол:
    Женски
    Со секој изминат ден се повеќе и повеќе учам и гледам колку малку сум знаела претходно. Спрема тоа, сфаќам дека човек учи додека е жив.

    Сфаќам дека најубавото и најсилно нешто е прошката. Секогаш треба да си простиме и на себеси и на другите.

    Сфаќам дека не треба да се одложува ништо за утре. Како што рекле и не учеле уште од мали во школо, она што можеш да го направиш денес не го оставај за утре.

    Сакајте ги луѓето додека се живи и додека се тука! Утре не се знае што ќе биде ни со нив ни со нас.

    Сфаќам дека љубовта не е патетика туку нешто што го движи светот и дека е неопходна како воздухот што го дишеме и водата што ја пиеме.

    Сфаќам дека треба да останеме деца засекогаш бидејќи детето е искрено, љубопитно, сака да учи, сака да напредува, не е мрзливо, не знае за гордост.

    Сфаќам колку е важна вербата во Бог.

    Сфаќам дека единствена личност со која треба да се споредиме и од која треба да се стремиме да бидеме подобри е онаа личност што ние бевме вчера. Денес е нова шанса. Промени нешто.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Сфаќам дека некои работи едноставно не се како што сакаме да испаднат.
    Сфаќам дека ретки се лојалните луѓе.
    Сфаќам дека времето брзо минува и се што имаме е сега. Дека минатото не прави тоа што сме денес, а тоа што ние го правиме денес ќе не направи личноста која ќе бидеме во иднина.
     
    На Emily15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emily15

    Emily15 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Како времето минува сваќам дека:
    -Луѓето се дволични суштества, а некои дури и тролични :!:
    -Вчера е вчера, минатото не можеме да го вратиме, ниту да го повториме во сегашноста
    -Кога нешто сакаш да го направиш, направи го, без да размислиш што потоа ќе зборуваат луѓето за тебе, затоа што подоцна можеби ќе е доцна.
    -Треба да го живееме секој момент како да ни е последен
    -Никогаш да не дозволуваме гордоста да ја избрка храброста
    -И сваќам дека времето брзо минува, и на никој не го чека. :|
     
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Тапкам во место.. секој со свои проблеми,се чудат како проблем да ти направат, љубов нема-секс само.
    А времето брзо минува, чекам,незнам што да праавам.. Тешко..

    се надеж сум за подобро утре, луѓево посебични.. што знам а времево лета
     
  20. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.174
    Пол:
    Женски
    Сфаќам дека не постојат вистински пријатели.
    Сфаќам дека не постои искрена љубов.
    Сфаќам дека семејството е она што е најважно.
    Сфаќам дека материјалните работи се минливи.
    Сфаќам дека ништо не е вечно, се поминува.
    Сфаќам дека нашата судбина е во наши раце.
     
    На EminemsGirl му/ѝ се допаѓа ова.