Сфаќам дека не е се како што изгледа и дека луѓето не не покажуваат такви какви што се. Сфаќам дека на денешен ден да се има пријател е многу ретко и дека кој го има треба да си го чува. Сфаќам дека не сум приоритет на никого , јас сум им само опциа . Затоа сфатив дека ако продолжам да си ја гледам мојата работа подобро ле си живеам.
Сваќам дека секој ден повеќе созревам. Сваќам дека повеќе нема пријатели. Сваќам дека се повеќе има лоши луѓе коишто само сакаат да ти наштетат.
Како минува времето сфатив дека не треба да се кудам премногу. Всушност, јас го правам тоа што во овој миг најдобро го можам,толку чекори колку што можам, толку отскокнувања колку што треба, дотаму до кај што сакам. А желбата за да стигнам подалеку, што повеќе да научам, гладта за знаење, за средби,за луѓе, за глетки, за очи и мириси, за се не треба да ја потискам. Само треба да сум подисциплинирана кон себе. Не престрога, не строга. Оти дисциплината не е анархија, туку висока организираност.
Сфаќам дека убавината е многу важна,но не и поважна од чисто срце и топла душа.Сфаќам дека си успеал кога второво ти е поважно од се.Сфаќам дека единствени пријатели ти се само твоите дома.Сфаќам дека сродна душа постои,ама не и дека со неа ке остариш.Среќен си ако воопшто ја најдеш.Сфаќам дека не треба да трчаш по ништо,бидејќи колку повеќе трчаш тоа се повеќе бега од тебе.Сфаќам дека луѓето се многу злобни и љубоморни и дека има такви кои живеаат од туѓа несреќа.Сфаќам дека себе си сум си најдобар пријател,најдобар судија .Сфаќам дека треба да се сакаш себе си за и другите да те сакаат .Сфаќам дека дека мирните,тивките,дистанцираните,"дами" се најлоша врста кои глумат поштење а се ороспилук прва класа.Сфаќам дека треба да бидам само своја,да не се менувам за ништо и никој,и да не сакам некого поради некој.
Ее луѓенца моии, како поминува животот така гледам кој остануваат а кој си одат од него(за живите зборувам ) кој навистина те цени за човек, кој има време за тебе.У суштина сваќаш кој те сјебал бре и учиш од тоа(си запишуваш у црниот тефтер па враќаш мило за драго се зезам).Одиш, паѓаш нповторно стануваш но овој пат одиш поцврсто посигурно(веќе ги знаеш сопките од кој си паднал) се радуваш на малите работи(како спиење после работа, а не трауми од децтво)тоа ти е животот
Сфатив дека сум била прееевише добра према луѓе кои не го заслужиле тоа. Сфатив дека понекогаш треба да се откажеш, а не да удираш со глава во ѕид. Сфатив дека сепак постои подобро утре. Сфатив дека не треба да трошиш залудно време на некој и нешто, ако нема фидбек. Сфатив дека треба да си едноставно ТИ и никој друг. Сфатив дека луѓето и така и вака ќе те мразат, па дај им причина за тоа. Сфатив дека луѓето сакаат да го слушнат она што тие го сакаат, а не правата вистина. Сфатив дека моето место, за жал, не е во Македонија.
Дека треба да молчам повеќе и да слушам повеќе.Да не се нервирам за ситници,да го ценам животот и да го живеам како да нема утре.Да се борам секогаш и да ја истерам правдата до крај.Вистината останува вистина.СФатив дека само моите дома ми се најдобрите пријатели.Сфатив дека ништо не можеш да форсираш и како старееш се помалце пружуваш отпор.Сфатив дека кој ти е верен како пријател,дечко,маж,љубовник,секогаш ке биде тука за тебе,без корист и без резерва.Се друго е лажирање време.Сфатив дека треба да останам своја,на вистински пат,макар и сама.Доброто секогаш ке те пронајде.Сфатив дека јас сум и господар и слуга на своите постапки ,дека јас управувам со себе.Сфатив дека можеш да сакаш вистински човек во погрешно време и никогаш повеќе исто.
1. Дека во нашата мила државичка поважно е когу знаеш отколку што знаеш 2. Дека ништо не е вечно 3. Дека секое лошо за добро е... 4. Дека кармата постои 5. Дека можеш да си веруваш само на себеси бидејќи ретко кој ти мисли добро
Дека се е минливо, А и истовремено некој нешта се создадени да бидат такви какви што се колку и да се трудиш да бидат променети
Дека сум прекрасна личност која од ден на ден се развива во област што не е едноставна да се опише со зборови туку може да се долови со личен пример. Никогаш не помислив дека животот ќе ме однесе да чекорам по овие патеки од кој покрај се се надевам ќе ми остане само најкорисното во спомени.
Дека останаа се помалку вистински луѓе кои се фер, кои не ти мислат лошо и кои би ти помогнале кога ќе ти биде потребно.
Дека не може се, сега и веднаш и по секоја цена. Ако нешто не се случува не се случува со причина и дека некои работи мора да ги пуштиш и да ги прифатиш такви какви што се...
Сфаќам дека вечерва сите ќе коментираат за актуелните политички настани и никој нема да ги игра форумските игри