1. Сфаќам дека треба да се живее секој можен момент. 2. Сфаќам дека самодовербата е најважна. 3. Сфаќам дека луѓето секогаш ќе ти глумат. 4. Сфаќам дека секогаш треба да ги следам знаците од универзумот и да верувам на интуицијата. 5. Сфаќам дека гледам сè повеќе и повеќе интелегентни луѓе без емоционална интелегенција. 6. Сфаќам дека оценките не значат ништо. 7. Сфаќам дека не секогаш секаде ќе се вклопам. 8. Сфаќам дека најважно е да ја следиш својата страст. 9. Сфаќам дека членовите на семејството се најважните суштества во мојот живот. 10. Сфаќам дека секогаш е најдобро да молчиш и анализираш. 11. Сфаќам дека зборовите се НИШТО во споредба со ДЕЛАТА. 12. Сфаќам дека секаде има неправда. 13. Сфаќам дека ќе ја напуштам Македонија. 14. Сфаќам дека книгата и пишаниот збор имаат огромна моќ и влијателност. 15. Сфаќам дека секогаш ќе има малоумни луѓенца кои ќе те мразат. Таа омраза е честопати засновата врз тоа како им изгледаш на ''прв поглед'', a не на аргументи и факти. 16. Сфаќам дека живееме во време со изместени вредности. 17. Сфаќам дека го сакам Фемина Форумот.
1. Дека не вреди да бидеш искрен. 2. Дека не треба да веруваш на никого. 3. Дека колку повеќе се трудиш да ги поправиш работите, тие стануваат уште полоши. 4. Дека со текот на времето стануваш се повеќе апатичен односно рамнодушен. 5. Дека со текот на времето се изненадуваш колку луѓето може да бидат безмилосни. 6. Дека поголем дел од луѓето живеат без волја и желба. 7. Дека во некои ситуации е најдобро да молчиш. 8. Дека животот никогаш нема да престане да не изненадува.
И јас почнав да размислувам дека животот во Македонија е губење на време во секоја смисла. Се вработуваш, фин, културен со сите, работиш, се мачиш, поминуваат години и сфаќаш дека си скратил мнгу приватни работи или заради немање на пари, или заради немање време. За што и за кого? Скоро за ништо. И оној муабет „ ако не тече нека капе“, е да ние молиме бог да капе и така се во круг. Живееме со секојдневно пресметување на средства, а на крај нема ефект. Ниту живееме, ниту пари имаме, оти парите се малку.
Еее ме потсети сега на ова девојче што сум го напишала многу одамна... сега сум за туѓината пуста да остани ама ете тука за разлика од Македонија барем колку толку стекнав нешто а во Мк ништо..
Тешко ми паѓа затоа што мои луѓе ме јадат. Си патиме од свој народ. Тоа е тешкото. Ќе се вработиш, и газдата се труди да те оштети и да те искористи. Така си кратам од Нови години, празници, одмори скромно за да заштедам, на крај немам свој кров над глава, немам стаж колку што реално сум одработила, моето време е неквалитетно потрошено со лажни пријатели. Овде во МКД газдата е подготвен во секој момент да те исфрли како партал, дури и душа да си дал за него. Ништо не се цени, затоа пропаѓаме.
Сфаќам дека не ме бива за ништо. Сфаќам дека премногу внимание им придавам на неважни личности. Сфаќам дека премногу простувам,попуштам за да се биде океј во односот со блиските.....
Македонија? Нема леб во Македонија... Работиш за џабе, си учел за џабе, никој не те цени како работник.... Тешко е да си одиш од саканите и да го гледаш детето само без баба да знај или дедо и фамилија.. Ама то е тажно и вистинито
Me разочарува фактот дека мојот народ е баш тој што наместо да се држи, се јаде меѓу себе. Ако правам ретроспектива, најголемото зло сум го видела од мои луѓе. Пријатели, роднини, колеги. Лошо. Нашите луѓе не третираат како партал. Сите Македонци кои си заминале од државата, на овој или оној начин избегале заарди другите Македонци. Со задоволство би се иселила, оти овде немам ништо и никој, реално.
Како времето минува сфаќам дека: 1. Најголемото богатство на светот е семејство. И никој нема да ми даде по добронамерен и искрен совет од моите дома. 2. Не се сите мажи исти. Постојат и такви кои што знаат што сакаат од животот, искрени се, почитуваат. 3. Пријателството со години се стекнува, за миг се губи. 4. Многу е битна перцепцијата која ја оставаш кај другите. 5. Се е можно, само ако се сака. 6. Моите одлуки, се мој личен избор. 7. Сите грешат, но ретко кој учи од своите грешки. 8. За се постои решение. 9. Со разговор и комуникација се постигнува договор.
Svakam deka zdravjeto e najgolemoto bogatsvo koe covek moze da go posakuva. Zdravite imaat mn zelbi... a bolnite samo edna da ozdravat