* колку е животот краток за да се замараме со непотребни работи и луѓе..... * сфатив дека треба да си се чуваш и почитуваш самиот себе и твоите најблиски * дека не треба да полагаш сметки никому * дека не треба да дозволиме друг да ти диктира што и како треба да правиш * сам си одговорен за твоите постапки
-Сфатив дека сум будала, идиот и кретен и дека за некои грешки кои сум ги направил нема никогаш да си простам на самиот себе.
*Како времето минува сфаќам дека никогаш нема да станам тоа што сум посакувала. *Сфатив дека е тежок животот и дека треба да си помагаме. ...
Ако немате нешто убаво да кажете, убаво би било да премолчите... оти ќе го кажете баш пред тој што не треба
Дека сакам да го живеам животот колку што можам поинтензивно, да грабам убави моменти, среќа, насмевки. Да создавам спомени.
Дека доаѓа време кога незнаеме дали утре ќе се разбудиме живи.затоа секоја секунда треба да ја живееме а не да ја преживуваме!!
Сфаќам дека во денешно време добрината и искреноста воопшто не се вреднува, секој оној што прави спротивно од овие работи поминува многу подобро во животов