Сваќам дека требаше да му ја плеснам една жешка на еден вол, па цела зима да го жеже на таа страна.. Сватив дека- ако не се потрудиш, нема да успееш.. - не вреди да се обидуваш да докажеш ... - криво дрво ке си остане криво...
Како времето минува, сфаќам дека во денешно време многу е тешко да ја најдеш вистинската личност која што ќе те сака искрено и нема да те повреди.
Дека е најважно да си задоволен со животот, каков и да е, зошто е Еден. Дека треба да го менуваш постапно, не со глава во ѕид. Дека треба да им даваш шанса на работите,а не грчевито да се бориш со амбиции кои не се возможни. Да ја согледаш реалноста и да работиш со неа, а не против неа. Не е лесно, но така треба да го дисциплинираме духот и телото. Дека не се исти времињата, практично. Мора да вложуваш со скромни очекувања, поинаку нема ни да добиеш. Дека како што старееме, ни се кристализираат луѓето со кои сакаме да бидеме, да се дружиме. Неважните луѓе, оние кои ми одземаат енергија, одамна ги имам ставено на игнор. Едноставно, немам потреба од нив. Дека ми работи мајчинскиот инстинкт повеќе. Размислувам за иднината, но не ме фаќа паника, едноставно се соочувам со тој момент. Сакам да се случи, но не го планирам. Дека не ми е срам од она што сум го рекла, напишала. Дека се’ повеќе растам на стилско и поетско ниво. Дека не се плашам од она што го знам, го гледам, го спознавам. Дека, конечно, имам развој, и дека морам да бидам силна ако сакам да Живеам.
Како времето минува сваќам колку животот е убав и вреди да се живее. Колку секое "падни" носи ново посилно "стани". Се помируваш со фактот дека нема ништо лесно. Дека животот ти е даден од Бог да го живееш за себе а не за другите. Дека секое влегување во "туѓи чевли" односно душебрижништво за друг само одзема дел од мигот што си можел за себе да го потрошиш. Вреди да се биде добар човек зошто нема ништо поубаво од насмевката на лице кај другиот што ти ја имаш предизвикано. Но исто така вреди и да помогнеш и дадеш и да не ти биде возвратено. Зошто секогаш кога даваш со помисла да добиеш нешто за возврат тоа е разочарување од старт. А Чарлс Дикенс би рекол : Имај срце кое никогаш не се стврднува, трпение кое никогаш не се уморува, допир кој никогаш не повредува.
Како времето минува, сваќам.... - дека освен мама, тато и бато, НЕМА поверен пријател, - сваќам дека бев наивна и и верував на мојата "најдобра" другарка, - без труд нема ништо, џабе ти се молитви, - СЕ што "денес" си сеам, утре ке си жнеам, = ЈАС и само ЈАС сум си сценарист на мојов живот (морам да си го напишам НАЈУБАВОТО сценарио)->НЕМА РЕПРИЗА И ПУ ПУ НЕВАЖИ!!
Сватив дека сум грешела што не ги прифаќав сугестиите на мажот ми........инает женски.....сватив дека требе да се променам....почнав да живеам прво за себе и фамилијата,а после за другите....и повеќе не ми е гајле што ќе речат другите..... доста беше......
Балансот и хармонијата во домот се движечки мотор за успех во сите сфери на животот. Да сакам и бидам сакана е она што ме храни, она за кое вреди секојдневно да се подобрувам како личност и партнер.
Ништо не е толку тешко, колку што личи на прв поглед.... Мрзата не е секогаш лоша работа, понекогаш е добар изговор да си го имаш одморот што вистински го заслужуваш... И уште нешто, кремава за лице што ја користам, како минува времето, сфаќам дека не ми одговара
Внимавај што ќе посакаш,оти ќе ти се исполни..... Ништо не е повредно од насмевката на моето дете. Најдобро е да притиснеш ignore кога некој почне да те вознемирува.
Се` што се случува се случува со причина. Може некогаш не ја согледуваме во моментот, при очи слепи сме, ама таа постои.. Силна е. Луѓето секогаш ќе те повредуваат. Без разлика дали се знаеш со нив 1 ден, месец, година, години.. Најверојатно ќе го правиш истото и ти, намерно или ненамерно. Свесно или не.. Затоа кога ќе дојде ред за простување, сфаќам дека не треба да сум премногу строга. Местото на луѓето во твојот живот треба да им го даваш според тоа кое место ти го заземаш во нивниот. Без лажни надежи, без превисоки стандарди.. Коректност. И она што претпоставувам ми е најдобро сфатено, никогаш не вели никогаш! Изминатиов период направив толку работи за кои што претходно сум велела дека нема шанси и искрено, уживав додека правев поголем дел од нив. Судбина - наше дело, наша приказна.
Дека живееме во свет каде парите се мерило за се и цел за да сите те сакаат и почитуваат Парите не само што го вртат светот, туку светот запира ако нема пари, сите те одбегнуваат кога си на дното, те забораваат, те бришат, те мразат дури и те оговараат. Парите се тие кои ги прават голем дел од луѓето ин, забавни, смешни, допадливи! Накрајот испадна без пари си никој и ништо Shame on as. Shame on all society! До кога парите ќе бидат пресудни, за се, ќе бидеме само творчиња, малу бескорисни пиунчиња, бледи и празнодушни! Џабе кога џебот ти е полн, а душата празна. Запомнете парите не се јадат, можеби носат леб но не и духовен мир и задоволство! Љубовта и почитувањето го носат тоа, иаку многумина велат само од љубов не се живее, но и без љубов верувај те ми, па уште малку!
Како времето минува, сфаќам дека на некои луѓе не можете да им замерите за паметот им, тие секако се за жалење.
Како времето минува... -сватив дека нема поинатлива личност од мене!! -сватив дека мразам некои личности -сватив дека имам страшна потреба да врискам -сватив дека се заљубив
...дека патот до секој успех е трнлив. Како што кажа еден другар пред некој ден : Success is like being pregnant. Everyone congratulates you, but no one knows how many times you were fucked.
Како времето минува сфаќам... 1.Дека кај што има сила, нема правдина! 2.Во денешно време прави добро, добро да ти се врати, го извртеа малце, па сега е прави лошо, добро да ти се врати, прави добро, лошо да ти се врати...