*Да не се нервирам за ништо толку многу, додека сум жива и здрава да уживам во се. *Да пазам со кој се приврзувам и на кој му верувам. *Сама да се трудам да мислам и правам само позитивни работи и да си го менувам животот како ја што сакам. *На никој да не му давам отчет. *Фамилијата е на прво место и ништо не може да ја замени. *Сама да си ги решавам проблемите и да наоѓам решенија кои и да не се правилни сепак се лекција. *Да не жалам за ништо што сум сторила, затоа што така требало да биде.
...Сфаќам дека треба да се минува што поквалитетно времето,со квалитетно одбрано друштво,со работи кои те прават среќен,а да се елиминира се што е негативно и ти ствара нервоза..И да не се пропушта било каква прилика за патување
Kako pominuva vremeto svakam deka trebalo nekoj raboti da gi presecam od koren ,I da ne veruvam taka naivno
-Дека ништо не е поважно од семејството. Не постои ништо што повеќе ме исполнува од прегратката на мајка ми, долгите разговори со татко ми и зезанциите со брат ми. Скапоцен ми е секој миг со нив; -Дека во животот колку сакаш планирај и труди се, некои работи не зависат од тебе. Повеќето работи; -Дека не треба да имаш многу, туку верни пријатели; -Дека во работата ако се бара од тебе да даваш 100%, ти да се трудиш да се вложиш 200%. Некогаш ќе ти се исплати. Во најмала рака ти стекнуваш знаење и искуство; -Дека никогаш нема да им ги затвориш устите на другите луѓе, ни за арно, ни за лошо. Ама секое чудо-3 дена; -Дека треба да им подадеш рака на луѓето оти сакаш да го направиш тоа, а не за да очекуваш нешто за возврат; -Дека не треба да даваш трета шанса. Ако вределе и втората ќе ја искористеле; -Дека треба да им го правиш на другите, тоа што сакаш тие тебе да ти го прават.
Дека некои работи едноставно не вредат. Дека здравјето трпи се до одреден момент и после почне се да се распаѓа. Затоа-помалку стрес. За се има решение.
Дека не треба нештата да се земаат здраво за готово и дека треба да се помине повеќе време со луѓето што ни значат живот, бидејќи еден ден ќе ни е премногу криво, а нема да можеме да поправиме ништо.
...дека животот е прекраток за да го поминеш правејќи нешто што не сакаш. Дека никогаш не треба да престанам да вложувам во себе, за себе.
Дека треба да го зграпчам секој миг, никогаш не се знае дали и кога животот ќе ни даде уште една шанса.
Дека сè е дипломатија и по пат собирам совети само од луѓе што се догореле и сеа дуваат цел живот. На крај секогаш добрите страдаат, трудот е некогаш бадијала.
Дека колку и да се трудиме некои работи не можеме да ги промениме Откако ќе изгубиш родител не си и никогаш нема да бидеш истата личност како порано(болката трае засекогаш) Дека се е минливо а посебно пријателството,едноставно не мора да се скараш туку патиштата сами ви се раздвојуваат Дека колку повеќе јазици знаеш си побогат и секогаш ќе можеш да се снајдеш полесно дали било за работа или друго нешто Дека треба само на самите себе да се потпреме и да си бидеме доволни и да не очекуваме од никој ништо, бидејќи тие што највеќе ветуваат никогаш тоа не го исполнуваат...