Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како времето минува, сфаќам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Snow-Queen, 20 јануари 2012.

  1. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    дека сум уморна од се
     
  2. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    ...дека какви ти се мислите, таков ќе ти биде животот. :)
     
    На Passionate23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    ..дека, братче, во нашево општество вистинска љубов нема..
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42
    .....дека јас бев среќна....имав личност што ја сакав (и се уште ја сакам и знам дека нема да престанам да ја сакам) не, не ја сакав само јас...и таа личност ме сакаше.љубовта беше возвратена...прекрасно нели?!
    Бев среќна,имав некој кој ме разбираше,некој што се грижеше за мене,некој кој секоја вечер ми велеше убаво да спиеш срце...да ме сонуваш...некој кој ми велеше ми недостасуваш...некој кој ми недостасуваше и на мене и едвај чекав да си дојде за да го прегрнам силнооооооо..........да го бакнам со толку страст и да посакам засекогаш да останам таму со него.некој со кого се натпреварувавме кој повеке сака...
    како минува времето сфаќам дека направивме многу грешки....кога се сетам... боже на какви глупост се лутев и се каравме...сега да е со мене никогаш нема да му преречам за ништо само ке го прегарнам и ке го галам.како минува времето сфаќам дека секој ден сме се подалеку еден од друг и сфаќам што ми значи во мојот живот,колку е празен,тажен колку ми недостига неговото внимание, неговите зборови, неговото смеење, неговите планови за во иднина...
    како минува времето сфаќам дека имав нешто прекрасно, нешто неописливо...имав среќа во љубовта...ја имав саканата личност.да, бев среќна....имав причина за живот...добивав сила,подршка,љубов,внимание,зборови,спомени....а сега...сега ништо од никој! ;(
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Egypt

    Egypt Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    19
    СФАТИВ...

    Сфатив дека можеме да направите нешто само за еден
    момент, кој ќе ни даде душевна болка за цел живот.

    Сфатив дека е потребно години да се изгради доверба, а само неколку секунди да се уништи истата.

    Сфатив дека луѓето за кои мислиме први би не бутнале на земја, се оние кои ни помагаат да станеме.

    Сфатив дека зрелоста има повеќе врска со какви видови на искуства сме имале и што сме научиле од нив, а помалку, кое годиште сме.

    Сфатив дека без разлика колку лошо е повредено моето срце, светот нема да застане за мојата тага.

    Сфатив дека се што ми збореле моите иако не сум се согласувала, било во мој најголем интерес.

    Сфатив дека не можам да променам некои работи колку и да го посакувам тоа.

    Сфатив дека без надеж, живот нема.

    Сфатив дека нашето потекло и околностите можат да влијаат врз кои сме, но ние сме одговорни за тоа што ќе станеме во иднина.
     
  6. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    * Да, постои вистинска љубов. Само таа љубов што безрезервно ја давам и не очекувам ништо за возврат е вистинска. Така и тагата ја нема.
    * Дека треба да го чувстсвувам животот. Секој ден е различен. Секој миг е поинаков од преходниот. Не може да ми биде здодевно, затоа што јас сум полносвесно и интелигентно суштество на овој свет и сум свесна за тоа.
    * Минатото и грешките во него не треба да ме интерсираат. Живеам во сегашноста. Што сум нучила сум научила, сега се фокусирам на овој и само овој миг.
    * Не треба да дозволам никој да ми наметнува свои ставови и очекувања. Секогаш ќе ги сакам мајка ми и татко ми, но никогаш нема да дозволам да ги проектираат своите неостварени сни преку мене.
    * Секое утро е убаво. Заслужува барем мала насмевка.
    * Дека не треба да се заплеткувам во свесни и потсвесни лаги, дека треба гласно и јасно да кажам на себеси а и на другите што ме мачи
    * И за крај да не ја тупам :) Или да се трудам да ја тупам помалце...
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Дека стареам..
     
  8. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    дека е тежок животот во нашава ни државичка, за жал.
     
  9. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    ..сватив дека многу е тешко да најдиш некој што навистина ке те сака,а многу е лесно да го изгубиш.... :(
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    ...дека сум уште посилна и посилна.
     
  11. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    како времето минува,сваќам . . .


    *Дека најтешко е да најдеш некој на кој можеш да веруваш.

    *Во овој огромен свет неможеш да најдеш ни еден мал дел каде ќе има правда.

    *Вистинската љубов е реална само во детските приказни,подоцна сваќаш дека се е илузија.

    *Љубовта не е единственото нешто кое може да не направи среќни.

    *Со сила убавина-НИКОГАШ.


    :)
     
  12. RnB-HipHopGirl

    RnB-HipHopGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    сфаќам дека станувам позрела личност..
     
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Дека животот воопшто не е лесен.
    Дека е лажен овој свет.
    Дека наивноста е смртоносно опасна.
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    -Никој не е таков како што се претставува,
    -Сите се расположени во секој момент да забие нож во грб,
    -Секој лаже,
    -Не си го сакам карактерот баш. :)
     
  15. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Сфаќам колку сум малечка во споредба со планетава, колку сум небитна споредувајќи се со големината на Универзумот и колку трагично ги сфаќам моите проблеми, кои се крајно смешни во споредба со нечии други, од друга земја, континент, планета... Ете така :)
     
  16. franky

    franky Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    ...дека колку и да велам еее да се вратам назад 5 години, би сменила многу работи, џабе таква сум си и никогаш нема да се сменам ...
     
  17. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    дека среќата е најважна во животот... Се друго ќе си дојди со тек на време... И здравјето е важно, се разбира :)
     
  18. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Дека се е минливо. Дека се што се случува е всушност само една имагинација, еднаква на еден обичен минлив момент.
     
  19. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Сватив дека што и да се случи животот сепак оди понатаму.
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Дека сето ова време кога сум се трудела да се оттргнам од тебе од некои икс причини, мислејќи дека нашево се случува во погрешно време - сум била у криво.
    Сфаќам дека ти си единственото нешто на планетава што ме прави среќна, дека ти си мојата слобода, моето детенце и најубавата работа што воопшто ми се случила.

    Сфаќам дека те сакам со сето срце и оваа реченица е многу,многу посилна од колку што било кој ја доживува кога ќе ја прочита. :)

    ..сфаќам дека за 10 години ќе се омажам за тебе, уствари. :D