Како минува времето, почнувам да сфаќам дека 90% од оние што ги знам не ме заслужуваат во нивниот живот. Дека сум премногу добра со оние кои што одамна требаше да ги избришам. Дека премногу се трудам за да добијам трошка внимание од некоја драга особа која не секогаш покажува што и значам. Дека не вреди да плачеш бидејќи солзите не го враќаат изгубеното. Дека се правам груба и без чувства, но одвнатре сум девојка која незнае да мрази. Дека треба да се променам. Дека со тешко срце треба да избришам многу од мојот живот, но длабоко во мене имам страв да не останам сама. Како минува време, сваќам дека како минува времето сваќам многу нешта...Дека станувам позрела.
Сваќам дека не постојат пријатели, зборот пријател е фикција нешто нереално... неможеш да веруваш никому дури ни на најблиските.. ако не си веруваш само себеси никогаш нема во ништо да успееш! Е тоа е...
Сфатив дека луѓето не се онакви како што ги гледаме..и колку повише сме со нив колку повише ги сакаме они не оставаат.. сфатив дека ако некој успее да те намсее коа си тажна и да те натера да размислиш двапати пред да направиш нешто..тоа е личноста која ти треба во животот.
дека се што сум мислела дека е совршено бил само мојот замислен свет, и дека сите се лажговци, и живеат денес за утре без да се грижат дали некој е повреден од нивните постапки или не, исто така сватив дека доколку е некој многу близок до мене, мора да има некоа корист, и дека дојде време кога ни на сопствената сенка неможеш да и веруваш
Спојлер Како минува времето сваќам дека е сабота, сваќам дека ми е досадно, сваќам дека имам многу за решавање задачи и сваќам дека треба конечно да престанам да јадам како СВИЊА Како времето минува сваќам дека полека но сигурно доаѓаат и моите 5 минути кои мислев дека никогаш ама баш никогаш нема да дојдат
Како времето поминува,сфаќам дека треба да бидам по сурова(во одредени моменти) да загризам и да си го бранам своето сфаќам дека се се може ако се сака,само со добра мисла.
Сфаќам дека се е од корист, буквално, се. Воздухов што го дишеме ни е од корист за да опстанеме. Некому ние сме воздух, се хранат со нас, болни умови.
Сфаќам колку брзо ми тече животов без да уживам во него..Правам работи кои не ме задоволуваат а морам, за да не ги повредам другите.. Сфаќам дека не сум толку силна, колку што сакам да бидам..
Сваќам дека вредноста на луѓето ја забележуваме откако ќе заминат. Секогаш родителите се секогаш во право. Колку повеќе си добар, толку повеќе те злобоупотребуваат.
Дека треба да си уживаме во животот, дека не треба да се оптоваруваме со небитни личности и работи и да живееме како што сакаме...
дека заради оваа љубов ќе се откажам од сите мои сонови... премногу го сакам за да поминам преку се и да одам далеку,да го живеам мојот сон
Сфаќам дека ниеден успех не стигнува до нас ако не се трудиме... Дека животот е суров, при прва прилика ќе не бутне на земја, а ние сами треба да станеме.. Сфаќам дека нема потреба да се враќаат старите страници од животот кое времето ги згазило - треба да се гледа само напред! Сфаќам дека кога ти е тешко, треба да го скриеш тоа пред луѓето... тие ќе се ситат. Сфаќам дека се би било прекрасно кога и како мала би ги слушала мајка ми и татко ми, и барем малку би им верувала, а вистината е - они се прекрасни во секоја смисла на зборот. Сфаќам дека треба да научиме да ја гледаме убавината во животот..
dela vremeto si izminuva a jas uste nikade i deka treba da uzivam do posleden moment i deka zivoto mi izminuva zaludno