Дека не е се само ние да се сакаме...дека многу работисум ги направила погрешно,ама голем дел од нив не би ни променила од причина што на тој начин сум стекналанекое искуство и сум научила многу работи, затоа шо од туѓи грешки не се учи....дека дефинитивно работата си го праве своето и дека дефинитивно ми треба одмор некаде далеку од се и од сите!
Дека не сум се изнашетала колку што сум имала шанси. Дали сум смотана и недоволно храбра да си ги искористам или пак нешто друго е.. Не не, смотана си сум. Ете тоа сфаќам!
Дека мудроста е поумна од паметта, доаѓа само по искуството, по поразите, по победите и ако имаме среќа - во време на малкумината вистински пријателства на кои наидуваме во животот. Дека минатото е само во спомените, а спомените се само мисла. Со менување на дискурсот на мислите,ја менуваме и сегашноста, и влијаеме на иднината... Дека важни се сите што не сакаат и дека и тие имаат само едно срце, а ние малку време кое би било мудро добро да го распоредиме. Дека смртта е природен и сосема составен дел од животот.. и дека е состојба на сон... Дека треба директно и јасно да покажеме што чувствуваме и мислиме за нашите најблиски, пошто љубовта НЕ се подразбира.
сфаќам дека сум била премногу искрена со некои особи а нетребало и дека не треба да им веруваш на луѓето слепо се со резерва
Дека треба да си гледаш прво за себе . Дека луѓево ќе ги има па ќе ги нема , животов е непредвидлив и несигурен . Најсигурен пат да живееш е да го стискаш како лимон секој момент , секој еден чекор да го правиш за задоволство си високо подигната глава . И да се радуваш на малите нешта тие на крајот те комплетираат . Да имаш некоја цел зошто ако немаш некоја планин на која се качуваш некој врв да го гледаш и да сакаш да се искачиш ,ќе луташ без цел и без мисија . Без план без апетит за животот. Сфатив дека амбицијата ме храни , плановите ме држат . Да се потпираш на себеси , и да умееш да си бидеш подршка , и критика секогаш во животот . И што е најбитно речиси се има рок на траење , затоа ништо не земам здраво за готово , не ветувам и не сакам да ми ветуваат . Сакам сега во моментов да биде убаво . Зошто утре ни јас не гарантирам за себе , а не пак друг да ми гарантира . Очекувај помалку од другите и ќе добиеш повеќе .
Де се во животот што е поврзано со давање и примање е обратнопропорционално, без разлика дали се работи за љубов, помош, финансиски средства, се, се, буквално се. Тажно е.
... дека не сум ја таа што никој не ја разбира, јас нив не ги разбирам. ... дека е во ред да се биде во грешка. ... дека некому колку и да му дадеш од своето, душа, совет, внимание, љугбов, трпение, разбирање и се материјално, нема да значи дека тие ќе бидат благодарни и нема да те третираат како да си гомно. ... дека не треба да се верува ама баш на секого, ниту пак обавезно само на блиските. ... дека некој што го знам долго време, и што мене добро ме знае може најмногу и најлесно да ме повреди и одземе. ... дека за успех е потребно многу работа, трпение и среќа. ... дека вреди да си добар. Ако другите не го ценат сама ќе се ценам повеќе. ... дека ако не се ставам сама себе си на прво место, никој друг тоа нема за мене да го стори. ... дека ќе ми треба уште многу време да научам сфатеното да го применам, и применетото да го сфатам.
Дека се помалку ме потресуваат некои секојдневни незгоди од кои на времето збеснував.Сега ниту ме изненадуваат ниту ме нервираат.Полека полека ја губат моќта.Мислам дека со тек на време научив да го прескокнувам тој момент на урлање и урлање во себе,оти увидов дека освен деструктивното влијание на моите нерви и губењето на време не нуди ништо друго.Искуството пари вреди........
сфатив дека во животот покрај тебе остануваат само луѓето кои некогаш без причина си ги мразел.. и сфатив дека животов е многу краток..како свеќа е..гори еднаш и нема назад..
... дека сум била многу наивна во некои ситуации и сум им верувала на луѓе на кои не би требало! ... дека само моите родители ми мислат добро и никој друг! ... дека треба да верувам повеќе во себе и во своите одлуки! ... Како времето минува всушност сфаќам многу работи, и за среќа сеуште не е касно.
Дека животот е краток, и дека треба да го правиме најчесто тоа што не прави среќни..Едноставно да уживаме.. Како велат, исполни ги годините со живот, а не животот со години
Дека сум плачела за џабе, сум губела нерви за ништо, за безвредни работи и луѓе. За жал изгубеното време (а и здравје богами) нема да ми се врати. Сфаќам дека станувам се посилна, и туѓото мислење ми влијае се помалку. Дека секогаш треба да се ставам себеси на прво место, затоа што очигледно благодарните луѓе се малку, од повеќето ќе добиеш таква шлаканица, што ќе ти треба време да се освестиш.
Сфаќам дека се си има причина, добра и лоша страна. Наше е да одбереме дали ќе ја гледаме чашата полупразна или полуполна.