Дека не треба да си предобар со некои луѓе, затоа што незнаат да ценат. Дека неможеме да живееме во минатото, поминало и НЕ се враќа. Дека инаетот и гордоста во врска не ни носат ништо позитивно, само напротив ја уништуваат врската. Дека никој никого не цени, сите си гледаат само за себе.
дека животов си поминува брзо,а што ке биде не се знае...ден за ден си минува... се ке биде само нас ке не нема.
-Дека колку и да сакаш некого неможеш да го натераш и тој да те сака -Колку животот е потежот толку јас сум посилна и похрабра -Неможам да го сменам тоа што треба да се случи колку и да не сакам да е така -За да имаш пријатели и да те сакаат, треба и ти да ги сакаш нив -Дека треба да се помирам со тоа дека немам среќа во животот -Колку и да е тешко не треба да се губи надеж
- Дека секој ден се повеќе и повеќе го сакам. - Дека секој ден се повеќе и повеќе ја мразам. - Дека си ја сакам назад најдобрата другарка. - Дека незнам што ќе правам понатака во животот. - Дека неможам да се откажам од благото - Дека премногу ги анализирам работите. - Дека глупавите луѓе се посреќни.
Сфакам...дека на мн луѓе сум им кажала работи што не требало да ги знаат.. -дека мноогу луѓе се менуваат и идат се на полошо... -дека полека но сигурно ми остануваат само 2 другарки што можам да им верувам -дека се повеке и повеке го сакам -дека еден ден се ке си дојде на свое место !
Колку повеќе созревам толку по скептично им приоѓам на ситуациите,порано похрабра бев,ризикував сега незнам што ми се случува ...
... дека за овие години многу работи поминав, доста пропатев и жал ми е што се чувствувам како да имам 28 год. ... дека дефинитивно глупавите луѓе се посреќни ... дека 50% е љубов- останатите 50% интерес ... дека луѓето што имаат премногу пари, не се најсреќни како што сите мислат ... дека не ми требаат 20 другарки, доволни ми се две ... дека можам и сама да живеам не ми треба некој до мене ... дека сум премногу јака за да се повлечам пред проблем ... дека успехот на факултет е и те како битен ... дека годините поминати во средно ми беа онака, ништо посебно ... дека имам уште многу држави да прошетам ... дека има полошо од паднат испит на факс ... и уште мнооогу други работи
Дека нема ништо лошо во тоа да екпериментираш со косата. Пак што ако не ми стојат шишки... од кај ќе знаев дали ми стојат ако не ги скратев?
Дека ми е жал што сум пропуштила многу убави работи и лудории со другарки, што од моја вина, што на вина на моите.. Дека колку и да мислам во моментов дека знам се, и дека знам да сакам - не е така! Можеби чувствувам некоја силна привлечност и си ја лупам главата од ѕид за некој ама за неколку години ќе сфатам дека не е се така црно-бело и дека ова е само тинејџерска занесеност.. за жал. Сфатив дека џабе е расправање и докажување со некој, макар и со издржани аргументи кога тој едноставно не сфаќа што му зборуваш, не сака да те сослуша, и упорно се држи до своето. Сваќам дека многу сум се променила, за разлика од кога бев осмо одделение, а сега со завршена прва година. Не се чувствувам повеќе толку малечка, имам сосема други сваќања, како многу да созреав заради некои работи.. Колку и некоја работа да ти изгледа совршена во моментот, да изгледа дека толку многу ја сакаш и никогаш нема да ја оставиш, би го дала и животот за неа (овде не зборувам за живо битие!) ,треба да размислиш два пати дали тоа е навистина така, дали сите тие жртви вредат за неа.. Никогаш не вели два пати за нешто што не е сигурно, зашто иако нешто што го сакав една година и три месеци, мислев дека никогаш нема да избледне и никогаш нема да го оставам, едноставно со текот на времето престанува да биде твоја зависност.. Можеби е презаситеност. Сфатив дека животот не е лесен, ама каков ли ќе биде за едно 3-4 години кога навистина ќе пораснам и ќе треба да се осамостојам малку од малку?
* дека само 10% од луѓето од нашето опкружување се навистина фини.... * дека таја не е тајана ако ја знаат 2ца * не треба на секого се да му веруваме и кажуваме