Дека светов е полн со идиотизам! Дека тие што се твоја крф се единствените твои вистински пријатели! Дека интересите на другите се поголеми од колку што изгледаат! Дека поразот е одредена точка која ни овозможува да видиме до каде сме стигнале! Дека и моментов е релативен! Дека довербата понекогаш е најлошото нешто! Дека судбината се пишува секој ден! Дека преголемата толеранција некои воопшто не ја заслужуваат! Дека во светов повеќе нема правда ни за најмалото нешто! Дека животот никогаш не прави пауза!
А јас сфатив дека не секогаш е најдобро искрено да го кажеш тоа што го мислиш. Сфатив дека луѓето никогаш нема да можат да ја оспознаат вистинската јас, бидејќи ни јас самата не ја познавам. Сфатив дека на многу прашања никогаш нема да добијам одговор. (Но, не се помирив со ова.) Сфатив дека секогаш ќе има луѓе кои ќе сакаат да ме уништат што ја докажува мојата способност. Сфатив дека скромноста е пресудна во некои ситуации. Сфатив дека никогаш нема да бидам најдобра во се. Сфатив дека вистинско пријателство речиси не постои повеќе. Сфатив дека не постои пишана судбина. Сфатив дека речиси се што знам за животот е само теорија. Сфатив дека сите луѓе по природа се зајадливи суштества, но некои всушност се борат против тоа, додека пак други само вешто го кријат. Сфатив дека романтичните приказни и филмови ни го уништуваат животот, создавајќи идеја за совршен маж кој во реалноста не постои. Сфатив дека светот е упатен во самоуништување и нема кој да го сопре, но исто така сфатив дека јас сама како поединец иако не можам да сменам многу, мора да се борам против сето она што го сметам за погрешно. Сфатив уште многу работи, но исто така сфатив дека не е убаво да кажуваш се што знаеш.
Дека сум станала многу поразлична. Го тргам настрана она што навистина сум за...ни самата не знам зошто. Не сум си ни себе јасна што пробувам да постигнам. Дека требало еднаш штом се изгориш од било што, да бегаш што подалеку и да дуваш и на пареа, а не повторно да се правиш мудоња, ко демек јака си бе, ќе смениш, ќе издржиш. Дека луѓето ја преценуваат довербата. Факт е дека поголемиот дел се основа на празни зборови, и се’ додека не премине во дела кои се искрени и истрајни, нема зошто да се надеваме и лутиме. Дека не сакам да бидам вејка на ветар само за корист. Неќам да бидам патетикус. Само сакам да бидам среќна и да имам покрај мене луѓе со кои ќе ја делам и ќе ми ја предизвикуваат истата. Најубавото нешто што човек можело да го снајде. Вака кога ќе си пишам, по леџит ми делува. И редно беше да сфатам.
Сфаќам колку уствари сум нешто што не сакам да бидам.. Колку се жртвувам за среќата на другите не мислејќи на сопствената...
Дека премногу давам...давам, давам, давам додека не се исцедам целата и останам безживотна за што? Тежок човек сум, ама не е доволно, требало да бидам потешка..поцврста.
сфаќам дека многу сум добра со сите и затоа ми се качуваат на глава а не треба да бидам таква сфаќам колку само ми фали мама и дека како што ќе растам се повеќе ќе ми фали сфаќам дека во денешно време ако имаш вујко владика и ти ќе бидеш поп сфаќам дека во нашата држава ништо не се цени сфаќам дека се што се случува се случува со причина сфатив дека не треба да се заљубувам веднаш, а зошто секогаш се заљубувам веднаш и се давам од себе и ме треснуваат од земја е тоа не го сфатив сфаќам дека тие што не се замараат за ништо тие најмногу успеваат сфаќам дека ако не те заебе некој свој и нема кој друг сфаќам дека го немам совршениот живот но пак си го сакам и се надевам дека ќе се омажам среќно некој ден сфаќам дека и татко ми не е совршен но пак го сакам сфаќам дека има многу прости луѓе и нив не им е баш гајле сфаќам дека мора да се сменам но никако не ми иде
...дека не се сите толку наивни и фер, како што знам јас да бидам со некој личности...секако погрешни!
...дека некои личности никогаш нема да се променат! ...дека постојат луѓе што постојано ти работеле зад грб!
дека во светов не е се толку розево како што излгеда....мора да се соочиме со нашите падови,и нашите успеси,но воедно и да ги прифатиме туѓите.
Сфатив дека (иако е клише овој муабет, навистина е точен) треба да се ужива во секој момент поминат со најблиските. Да се искористува секој ден максимално. Животот е премногу краток за да се троши во негативност. Сфатив дека луѓето се ѓубриња, себични, дволични... Секој гледа да те искористи, да те згази. Секој гледа само за себе! Затоа доверба во никој, освен оние најблиските! Така и јас сега гледам само за себе, затоа што сфатив дека во сегашниов свет само така ќе успеам. Сфатив дека со безделничење и дремење по дома нема ништо да постигнам, ниту пак ќе бидам среќна, туку оставам плус простор за депресија. Сфатив дека љубовта е онаа која те прави среќен, ти дава сила и те исполнува со позитивна енергија. Сфатив дека успехот и среќата си ги создаваме самите ние... Сфатив дека во секое лошо има по некое добро, и во секое добро има нешто лошо. Сфатив дека ништо не е совршено и розево, животот ти приредува секакви ситуации, добри, лоши, среќни, тажни... Те гази и паѓаш многу пати, но најважно е да собереш сила и храброст и гордо со исправена глава да станеш! Сфатив уште многу работи, но ќе има уште повеќе нови. Човекот учи и се усовршува додека е жив.
сеуште сум мала и сеуште ќе сваќам но досега што сватив е дека: - ако помалку се замараш, повеќе ќе си среќен; - дека со плачење не се решават проблемите; - дека лошите работи се памтат повеќе отколку добрите; - дека е убаво кога некој те сака и ти го сакаш; - дека машките се многу подобри другари отколку женските; - дека скоро сите машки се исти, ретко кој е различен (и не сум пробала ниеден само така сватив јас); - дека е потребно само 2минути за некој да ти го упропасти целиот ден; - дека е потребно цел живот да се негува пријателството а само 5минути да се уништи; - дека сакам да патувам низ светот и толку сум сватила досега
Дека ако немаш подршка од најлиските (родителите) немаш ништо. Свакам дека сама на овој свет не се издржува. Свакам колку е мн тежок животот. Свакам дека кога ти е најтешко само Бог може да помогне.............
Така како шо минува времето минуват и годините, секој човек нели да не речам старее, туку ке речам созрева, шо во никој случај не значи дека годините се показател за зрелост, ама ајде во глобала ке земиме дека е така, значи јас како што времето минува сваќам дека љубов е само за оние кои живеат во фантазија, сваќам дека можиме да се заљубиме во секој , и сваќам дека мн е побитно помеѓу двајца љубовници мн е подобро да има разбирање, слога, како и меѓусебно почитување и неизбежно компромис за да можат да успеат понатаму во живото. И да упростам доколку има само љубов а сето тоа го нема се е за ѓабе!
Како минува времето, сфаќам дека е потрошено премногу залудно време на непотребни личности и се повеќе и повеќе се разочарувам.