Како бирате книга за читање? Што ќе ве натера некоја книга да земете да ја прочитате? Да си кажам за мене,можеби звучи глупаво но за да земам да читам книга прво треба да ми падне в око сликата од корицата и да бидам искрена до сега немам промашено ни една книга.А вие како? побарав ваква тема и не најдов,а ако е дупла нека се бриши
Одам во библиотека со список на книги но најчесто од тој список нема ни една книга моментално.Па земам некоја ја читам содржината од назад и ако ми се допадне ја земам,или па по препорака на библиотекарката,
Се радувам кога ќе видам на задната страна на корицата дека има вовед.Го читам тоа ако ми се допадне ја земам ако не ништо
По кориците,читам што пишува на задната корица,ја листам книгата,вртам некоја страна. Ако ме заинтересира,it's mine! Ако не,пак арно.
Најчесто бирам автори чии книги претходно сум ги читала, не знам зашто ама кога ќе се "опседнам" со еден автор, не престанувам додека не прочитам се од него Некогаш ќе прочитам некоја книга по препорака на некој близок ама тоа не се случува често
Бидејќи немам многу време за избор, ги бирам по корицата и одзади тоа што е напишано..А некогаш и по препорака на библиотекарката
Бидејќи немам некој голем избор на книги во градската библиотека каде што живееам,барам конкретно некое дело од автор што веќе имам прочитано некоја книга.Или пак некој друг автор што имам читано за него,дека бил добар. Никогаш не се залетувам по горицата,или пак да ја читам кратката соджина што е напишана одназад. Или пак некогаш одам со конкретен наслов што веќе сум читала статија за него,а некогаш може самиот наслов на книгата да ми го привлече вниманието па ако ми се виде интересен,да ја земам книгата и да ја прочитам
Кога станува збор за веќе познати автори чии книги ги сакам - нема место за двоумење. Инаку висам по форумов и Сакам книги, читам рецензии и мислења за книгата и така одлучувам. А во библиотека кога го нема тоа што го сакам, гледам да не има некоја која ќе ми фати око, а ако не - ја замолувам библиотекарката за препорака. Ја гледам корицата, читам назад што пишува, пазам да не е некоја историска и тоа е the deal-maker.
Најчесто тематски знам да одберам, зависи што ми се чита, или ако некој ми ја исфали и досега сум била задоволна Или од воведот
Најчесто читам кратка содржина (на интернет или на самата книга од позади), некогаш по препорака, а некогаш судам и по корицата.
Вообичаено преку препорака од луѓе кои знаат какви книги ме интересираат. А ако сама си барам книга за читање, тогаш барам конкретен жанр и читам критики на интернет.
Читам рецензија на книгата што сум ја нашла од нет според жанр кој ми се допаѓа и одам во библиотека. Ако ја нема или ги нема од избраните, барам некоја што ќе ми привлече и наслов и корица и потоа читам вовед и се одлучувам.
Гледам ако на задната страна имам мал вовед за цела книга, го читам и ако ми се допадни ја земам книгата. :3
Иако на 90% од книгите што се во библиотека им знам кратка содржина, сепак ја читам содржината на корицата и последната страница од книгата. Многу често земам книга според некој писател, ако ми е омилен, ако ваќе го имам прочитано, ако имам толку многу читано и слушано за него му велам come to me , и секако според корицата ако ми се бендиса знам дека ќе ја земам и пред да ја прочитам задната страна
Книгите за читање понекогаш ги бирам, а понекогаш сами ми доагаат до рака... Не сум претерано пребирлива - читам скоро СЕ!!! Сакам да го прочитам секој вид на литература. Сметам дека се што е напишано има некоја порака, некоја мисла, па зошто да не си го збогатам знаењето??? Значи, не е важно дали е драма, трилер, историска книга... САКАМ СЕ!!!
Па најчесто ги читам оние книги кои некој друг ми ги препорачал и ми кажал накратко за што се работи.
Таман почнав да пишувам мислење и видов дека веќе сум напишала пред неколку месеци. Затоа наминувам само да ја оставам сликава.
По насловот,необично,но секогаш по насловот потоа рецензијата,ако ме привлече и заинтригира насловот доволно ми е да посакам да ја прочитам.