Чудно или не, според авторот. Имам аверзија кон имиња како Ден Браун, Николас Спаркс и ете Пауло Коелјо од неодамна. Бирам и според жанрот. Цел живот избегнувам шлагери, имам прочитано само 2/3 книги од чик литература по настојување од другарки. Покрај ова, доколку ме привлечи корицата или името на книгата, а притоа не го знам писателот, читам рецензија, па тоа е пресудно.
Обично по препораки, знаат другарките што сакам да читам. А ако не одам во библиотека и си барам нешто што ќе ми се допадне по насловот па читам кратка содржина.
Најчесто идам кај делот каде што се класиците и по препорака на библиотекарката...читам од позади што пишува...или пак гледам некоја светски позната а и список си носам..А по корицатаа не воопшто знаета don't judge a book by its cover
Читам на Интернет или во некое списание препорака за книга и ако ми се допадне кратката содржина тогаш ја купувам. Друга опција е, кога одам во книжара ги разгледувам речиси сите книги и тоа долго размислувам и ги прегледувам, ги читам кратките содржини на корицата позади и која ќе ме привлече таа ја купувам.
Најпрво си барам на интернет нешто за книгата,после одам во библиотека и ја читамм од позади и доколку ми се допадне ја земам
Во последниве години најчесто според рецензиите на неколку членки на Фемина. Нема промашување. Последна од одмор Големи мали лаги од Лиен Мориарти. Ја избрав водена од позитивните критики овде. Ептен ми се погоди.
Кај мене е зависно од периодот и од она што сакам да читам или од она што ќе ми се најде во околината. Кога одам во библиотека или книжара,најчесто одбирам бестселер кој ми бил во план за читање. Последниве години откога ја открив Goodreads,се ми е претходно пребарано,со прочитана рецензија и кратка содржина,за да го одберам она што најмногу ми паднало во очи.Некогаш знам да изберам книга од автор чиј стил сум го сретнала и ми се допаднал,друг пат знам да тргнам по насловот,ако е ептен интересен,или пак едноставно да ме завлече корицата. И неретко сум се разочарала,ама мора и така
По авторот, а доколку ги имам прочитано сите книги од него и незнам што следно да читам, тогаш пребарувам книги од листи од одреден жанр и која ќе ми падне во око по корица и наслов (пофалби до оние што знаат да направат добар дизајн и да привлечат внимание), веднаш читам кратка содржина. Ако ме заинтригира ќе ја читам, ако не ќе го повторам процесот се додека не најдам некоја книга што ќе го стори тоа. Ако ми се допадне книгата ќе барам повеќе книги од тој автор.
Е па како ќе ја цениш добрата книга ако не потрошиш време на некоја лоша. Јас обично тргнувам од жанрот за кој сум расположена во моментот, потоа ги прегледувам препораките на гр, читам критики, само прелетувам низ кратката содржина, сакам што е можно со помалку информации да почнам да ја читам книгата. Или гледам кога ќе излезе некоја нова книга од автори што ми оставиле впечаток.
А овие книги обично ми се 20% тие кои ми паднале в очи додека сум читала нешто на нет, а другите скроз random. Сакам да читнам од се по нешто, да видам, да сменам, а не едно па исто Ок имам внатре и некои веќе прочитани книги ама ќеф ме држи да ги читам пак
Odam na Laguna knizara i imaat prevedeno fantasticni knigi. Plus ima i kritika od citatelite. Potoa odam na web stranata na mojata biblioteka i gi baram. Isto taka ima i sliki od knigi koj se slicni na niv, predlog od bibliotekata. Voglavno e ok.