Ако претходно имам читано книга од авторот,по насловот,а може и да читнам нешто од интернет за книгата,накратко објаснето за што станува збор,па по тоа одлучувам дали да ја читам.
Бирам многу, толку многу што не читам што ќе ми дојде, мора да ми се допадне доволно за да ја дочитам до крај, си го вреднувам времето. Книгата мора да има љубов во неа, често опсесивна, страст, да има готика, хорор, мистерија. По можност класик. Овие елементи ми се најубави посебно кога се во прашање описи. Сакам мистериозен антихерој - тоа ми е можеби најважно, побитно и од херојот/ хероината, антихеројот е тој кој го прави балансот на книгата. Сакам богати на речник, Силвија Плат на пример во Стакленото Ѕвоно, совршен стил. Во последно не ме привлекува ништо што ми се нуди, а тие што ги сакам - дневниците на Плат, Секстон, Анаис Нин - коштаат англиските верзии а на наши или српски/хрватски не се ни преведени.
Па читам кратко сиже или кратка рецензија, или пак по совет од познаници, и знам и да ја прекинам уште на почетокот ако не ми се допаѓа приказната, или пак ако е бавно и предвидливо дејството. А исто така и сум престанала да читам ако преводот е катастрофален, кој најчесто е на македонски, а чат-пат и на српски. Затоа си читам на хрватски.
Пред да одам во библиотеката од прилика имам список во главата кои книги сакам да ги земам, но најчесто тие книги ги нема и барам по полиците некој интересен наслов или можеби писател од кој веќе сум прочитала некоја книга. Библиотекарките често знаат да ми помогнат во изборот исто така или пак земам по препорака од некој. Многу често ми се случува да имам потреба од некој жанр, во последно време постојано сакам трилери да читам и барам на полиците некој морничав наслов. Исто така во бирањето на книгата ми е важна и издавачката куќа па според тоа секогаш сум задоволна со изборот.
Го читам тоа што е кратко објаснување на задниот дел од книгата и гледам дали е ОК. И иако не читам книги онака ме интересира само на кратко што има во таа книга напишано.
Најчесто читам на последната страница кога барам низ полици во библиотека или во американското. Во библиотека често знам да одам и спремна со однапред најдени наслови. Кога читам дигитално прво гледам да е привлечен наслов, после читам кратка содржина и критики.
Па најчесто одам на купикнига дот ком, одам на одредена категорија што мене ме интересира. Ако некоја ми се допадне визуелно, а и насловот игра улога тука, ја разгледувам рецензијата. Ако го пројде ова, имам 3 опции за да дојдам до неа. Ја купувам, земам од библиотека, или во најјјјретки случаи ја симнувам од нет, и ја читам на лаптоп, што е многу напорно.
Претежно читам класици, така да, не ми е тешко да најдам што да читам следно. Ако сега почнуваш со класици, само прогуглај нешто во стилот на "100 best book in the world" и почни со било која. Лично, се фокусирам на писатели "легенди" како што се Орвел, Фитцџералд, Вулф, итн. Среќа постои "Академска книга" со нивните стари и ефтини "Wordsworth classics" и "Signet classics" книги, па можам да си го терам кејфот.
Првично по издавачката куќа. Да не се лажеме, има солидни книги, чии автори се ненадминливи во книжевниот свет, па сепак некоја фушерајска издавачка куќа успеала да ги измасакрира писанијата, доведувајќи ги до „скратени изданија“ кои пет пари не вредат. Обично ги барам постарите изданија на одредени класици, претежно на српски и македонски, поретко и на англиски (да не е оној архаичниот), ако е ново од релативно свеж автор и ми е омилен пазам на издаваштво, малку чекам да стивне "hype"-от јер некогаш ме има разочарано одредено дело. Експериментирам онаму каде што издаваштвото е беспрекорно и ја прикажува книгата онака како што авторот сакал.
Одам во библиотеката, затварам очи и првата книга што ќе ми дојде при рака. Со тешко срце излевам бидејќи незнам што сум зела. Морам така инаку по цел саат дремам пред полици, читам рецензии и превртувам книги.
Ги бирам по издавачката куќа, па го гледам насловот и корицата, а потоа и фонтот на буквите. Понекогаш пребарувам и по групите на фб, ако има добри рецензи, ја земам .
По препорака од некој со сличен вкус како мојот, а некогаш ме привлекува и мистериозната содржина која ја има на корицата.