Порано секогаш си бев спремна со подготвена листа на напишани книги што би сакала да ги прочитам и тие си ги зимав, ама сеа после толку години и прочитани книги веќе се вртам во круг незнам што да одберам и после саат време мислење и двоумење секогаш ја наоѓам книгата што треба да ја прочитам во вистинското време. Понекогаш сами се јавуваат книгите кои треба да ги одбереме.
Во зависност од тоа кој жанр ми се чита, па гледам кои се најпопуларни и дали според сижето и глобалната оценка на рецензиите одредената книга ја заслужила таа популарност. Се стремам претежно кон докажани (модерни) автори од минатиот век, мистерии/трилери и вистински, поконтроверзни приказни (од неодамна).
Имам другарка која обожава да чита и купува книги како мене, а и ист вкус претежно за книги имаме, па со неа често си ги разменуваме книгите. Имам листа на книги што ги поседува, а ги немам прочитано, па така секој пат јас и давам некоја што ја нема читано, а и јас земам од неа книга што ја немам читано. А, ако купувам нови книги или читам некоја од интернет, гледам на форумов која книга имала доста пофалби од членки, па се решавам и јас да ја прочитам. Исто и од омилените автори ако излезе некоја нова книга, веднаш сакам да ја прочитам. Вака некако е изборот за читање книги кај мене.
Често по авторите бирам книги за читање. Шетам по земји што би се рекло, иако веќе неколку години акцентот ми е ставен на македонските автори. Сакам да знам какво книжевно богатство имаме дома и дали го имаме. Дури имало и автори кои сум сакала да ги читам, а ги немало во библиотека, ги нема преведено на македонски јазик. Ако интересот е навистина голем да читнам нешто од тој автор, барам аудио книга, нешто на англиски на интернет. Еве од Борхес не најдов поезија во бибилиотека, нема, ама најдов песни на српско - хрватски јазик. Од Алфонсина Сторни најдов на шпански.
Најчесто насловот на книгата знае да ме привлече. Но, ако не ми се свиѓа содржината не губам време да ја читам.
Насловот, кратката содржина или од кој автор е. Исто и ако прочитам пофалби и препораки за некоја книга. На гурдис имам над 100 книги што сакам да ги прочитам, некои се препорачани, некои се што мене ми паднале во очи
Авторот, корицата, кратката содржина и кога ќе ја отворам книгата на која било страница ако ми се допаѓа првата реченица што ќе ја прочитам дефинитивно ја купувам. Онлајн кога нарачувам само по корица и автор, ретко кога читам кратка содржина.