1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ги облекувате вашите деца?

Дискусија во 'Дете' започната од malinavishna, 25 септември 2010.

  1. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    Мислам дека на оваа тема досега нема никој пишувано.
    Ние родителите често сме во дилема дали да им купиме скапо парче облека на нашите деца или да се снајдиме и со поефтино да поминеме. Оправдување: брзо растат и им се смалуваат работите. Јас на пример воопшто не жалам пари кога се во прашање обувки:чевли, чизми или сандалчиња.
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас сметам дека додека е мало не треба да се рафрла толку за скапи обувки. Ногата му расте брзо и секако нема да ги износи. Имам една комшика на бебето од 4 месеци му купи пума патичиња од 4.000 денари. Е тоа е претеризам, најискрено според мене. Зошто, нема потреба како прво, тоа секако уште не оди. Да сфатам на пример кога проодува да купиш поскапи патичиња ако се ортопедски за полесно проодување. Ама за украс чисто онака да ги лупнеш 4.000 што е многу многу е! Сфаќам ти е чедо, прво дете, ама немора толку да се претерува. За тие пари ќе му купела многу повеќе работи што барем ќе ги износи.
     
  3. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    И јас не сум штедела многу на обувки, најчесто купувам Цицибан од Пеко. Многу се удобни и анатомски изработени.

    А за облека верувајте, ни денар немам дадено. Од роднините добив многу облека, особено за бебе и за до 2 години. Здрава, скоро нова и ич не се срамам поради тоа. А и за повојница добив.

    Инаку, не ми е важен брендот на облеката, важно ми е да е памучна и пријатна.
     
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Нема родител што несака неговото дете да биде убаво облечено. Мислам дека се зависи од можностите на родителите. Јас за ќерка ми не штедам ни денар кога е во прашање облеката, а посебно патиките.
     
  5. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Верувам дека секој родител го посакува најдоброто за своето дете, ама сметам дека е доволно да се купуваат квалитетни чевлички за децата, за да им се развиваат правилно стапалата и тоа кога ќе проодуваат а не, како што пиша Оффспринг, уште не знае да оди па има патики од 100 евра. Најважно е облеката да е чиста и удобна. Па што ако сум носела јас облека од братучедите? Била здрава и неизносена, па зошто да не се искористи?
    Имам другарка која ако треба ќе гладува ама девојчето ќе и е облечено од глава до пети во брендирана облека. За првиот роденден со парите што ги дадов за да купам панталончиња и маичка можев да купам 5-6 ствари кои не се брендирани, а сепак се квалитетни и удобни...ама ај што да и правам кога си е таква.
     
  6. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Имаме роднини и од мојата и од страната на сопругот во Германија кои доаѓаат секое лето, тој дел околу купувањето на облека во голема мера ни е олеснет, пошто му донесуваат облека за наредните неколку сезони (есен, зима, пролет), тоа е квалитетна облека, која не е скапа (како што можам да забележам на веб страните на производителите), значи маичка, дукс за 3-4 евра кои тука во никој случај не можеме да ги најдеме за таа цена и со тој квалитет. Нормално дека и од тука купуваме, она што му фали му го докупуваме. За обувки даваме најмногу пари, и се согласувам за купување на квалитетни обувки во тој период кога почнува да проодува и после тоа, а не знам која е логиката да купуваш патики од 4000ден. на бебе од 4 месеци, кое најголем дел од денот го минува во спиење, каде ги носи тие патики, и веќе за 2-3 месеци ќе треба нови да му купуваш :?
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    За мене е многу важно детето да има удобна и анатомска обувка. Знам дека се скапи ама ги плаќам на попуст :D . Секогаш кога начекам попуст купувам еден број поголем за да биде тамн за следната сезона.
    Гардероба, зависи, највеќе гледам на материјалот бидејќи е алергично на синтетика. Купувам и марка што се вели ама не претерувам, гледам убаво да му стои :) и да е од квалитетен материјал.
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.183
    И јас не сакам да давам пари за скапа облека.
    Всушност,многу малку облека им купувам на децата - речиси се што имаат им е подарок. Најчесто им купувам тренерки, бидејќи тоа најмалку добиваат, и тие ги купувам од стружанка, кимико и слично - важно ми е да се памучни, и по можност од македонско производство.

    Обувките ми се многу важно да се ортопедски, а и тие обично ги добиваат од бабите и дедовците за роденден или некој друг повод.

    И овие ставови не ми се само за детска облека, исто и за мене. Не знам колку пари да имам, ако нешто сметам дека не заслужува да биде толку пари, не го купувам, па какво сака нека биде.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  9. klara.2

    klara.2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    за моето синче не Жалам пари за гардароба!
    Јас не чекам да добијам на поклон,туку гледам веднаш чим нешто фали Андреј да го има.
    Од секогаш сум верувала на девизата се што е убаво-скапо е,и до сега не сум се излаЖала,Бидејки се занимавам со проблеми на коЖата кај најмладата популација,гледам да е се од природен материјал,синтетика никако.
    сакам домашно производство,но апсурно е да им свртам глава на светските брендови за деца.
    Секој купува,со разум,а не со очи...порака од дерматолог...Кисче
     
  10. varvarask

    varvarask Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo, dali mozete da mi pomognete, mi trebaat trenerki za sin mi i neznam kade da kupam a nemam mnogu vreme za shetanje po prodavnici. Nikola ima 2 godini. :) pozdrav
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Мразам кога ќе видам мало бебувче стегнато во фармерско или нешто неудобно. Кога го гледам и мене почнува да ми е некомотно. Не знам зошто по цена на некоја си `мода`. непотребно да се накинџури малечкото. :^) :tmi:

    И, да, бебешките алишта навистина имаат превисока цена, а една педа материјал. :^)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Сега веќе почнаа сами да се облекуваат.Посебно малецково мое ќеркиче.Многу е пребирлива.
    Имавме фаза кога мораше се да е сукња, розево,да светка и да се врти. :lol: Но успешно ја надминавме.Едно време секое сабајле маки имавме што да се носи за во градинка.Сега си слуша што мама кажува.

    Последно што бевме во Џамбо да им купиме нешто,ќерка ми цело време ништо не сака,си викам ај.Кога на излегување во Акцесорис,штиклите за деца ги имала видено.Коса ми се крена.Нема да се преправа на мали години.
    А син ми,машко ко машко.Еднаш отиде со различни патики,една лева ,друга десна.Ете колку му е битно.

    Инаку за квалитетот не мислам многу.Им купувам секоја сезона од одредени места.Многу работи добиваат и за родендени.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Да не отварам нова тема ,ќе прасам тука :) Дали сеуште се користи широк повој кај новороденчиња и со што? Јас за мојот син кога се роди(пред 7 години) користев гаќички за широк повој кои беа како памперсот и на ист начин се ставаа ,а направени од материјал полнет со сунгер(како јорганче и ги купував во Зегин) .Дали некоја ги користи овие гаќички и дали сеуште ги има??? Мене тогаш ми беа многу практични,па ако ги има да купам за второво бебуле. И би сакала да прашам дали е препорачливо од ортопедите бебето да спие на перниче или не?
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Се препорачува да се користи, иако не сите ортопеди ќе ти го препорачаат. Ама во секој случај, нема штета од широк повој, затоа што ги држи нозете во положба најслична на онаа во матката, а всушност таа е најдобра за правилен развој на колковите поради оптималната циркулација. Инаку, јас му ставав на син ми широк повој од една шведска и една тетра пелена. И полесен ми беше и за држење :)

    За перниче, па обично се препорачува бебињата да спијат без перница, на рамно, или ептен ниско перниче, со тоа што главчето ќе му го местиш рамномерно на двете страни, поради меките коски на главчето.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Јас воопшто не им ставав широк повој ни на ќерката ни на синчето а ги носев на сите прегледи кај ортопед што е многу добар , и испаднав во право , бидејки немаат никаков проблем.
    А за облекување ќеркичката највеќе сака хеланки или фустанчиња, а малиот тренерки :)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Jас кога прашав пред 4 месеци ми рекоа дека фани гаќичките не се произведувале од пред 2 год. па успеав да најдам од една пријателка ама кога му ги ставам кога не но приметувам дека го нервираат и престанав да ги ставам и си е супер во колковите нема проблем а за перниче нас ортопедот ни рече само тетра пелена под главчето ништо друго
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lepotushka

    lepotushka Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Кога имате 3 деца, нивното облекување навистина почнува да претставува проблем!!! Сигурно сите вие шетате низ скопските бутици и информирани сте за цените.!!! Мене навистина понекогаш ми се плаче кога ќе видам кошулче за бебе од 2 илјадарки или капутче од 4.000.
    Инаку, кој родител не сака неговото дете да е облечено како БОНБОНЧЕ?
    Ама, секој си трга од своите можности.

    Мили дами!
    Имам едно прашање до вас.
    Подолго време размислувам да отворам во Скопје продавница со детска облека од втора рака. Дали вие би купувале по некое парче облека за вашите деца од таквата продавница?
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.877
    Допаѓања:
    102.892
    Пол:
    Женски

    Гледам долго време е поставено прашањево па да напишам и јас нешто во врска со ова. Кој какви можности има , секој сака неговото дете да е убаво облечено , но барем во денешно време има за секој џеб , продавници , мене навистина ми е безвезе кога ке видам како некои деца носат некои марки , патичиња од по 100-200 евра...а децата брзо растат па штета е потоа тоа парче облека нема повеке да го облече и џабе фрлени пари. Јас за мојата ќерка купувам најчесто Зара , Бенетон (најчесто кога има попусти) и гледам да не е нешто многу скапо , гледам да е памучно , често купувам и од турските продавници , има убава облека а за малку пари. А и да одговорам на твоето прашање, сепак не би купувала облека од втора рака. :!:


    На ќерка ми најчесто и облекувам сукнички , фустанчиња , хулахопки во зима , пролет и есен , па имаме и неколку фармерчиња :)
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Вчера се подновивме со нови патики и се прерадував!
    [​IMG]
    Порано ја облекував по дома во тренерчиња или нешто полесно а за излегување ќе ја дотерав панталонки, фустанче, кошулка и слично. Но, бидејќи детската облека стварно брзо се израснува, сега е дотерана скоро нон стоп. Да се износи се убаво. :) Сабајле кога се средуваме и ние ја дотерувам и оди на поседок кај баба и дедо. После работа е со нас и најчесто ја прошетуваме заедно и слично. Ако сме на викенд некаде или во село тогаш сме во нешто полесно и лефтерно.
     
    На joy1, eli25, NoellePage и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.519
    Пол:
    Женски
    Овој период син ми го облекувам во кратки пантолончиња, маичка со кратки ракави, чорапчиња и патичиња. Одоздола му облекувам маичка со прерамки и гаќички.