1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ги облекувате вашите деца?

Дискусија во 'Дете' започната од malinavishna, 25 септември 2010.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Girl патичињата се преубави , туку дај кажувај каде ги земавте и дали има бројчиња мали , секако и цена :)
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.360
    Пол:
    Женски
    Girl имаме исти патики 8) ние ги купивме 23 евра 21бр, многу се убави

    Инаку овде во Мк малава е само по блуза и хеланки и босо
    За надвор сандалки и фустани ,топло и е
    А во Германија по долги ракави се сме и со јакна обавезно,ладно е сега е 2 степена само :envy:
     
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    @MacenceEna знам дека имате исти, ги видов, навистина се шизички за малите ноџиња. Јас си викам како не праат вакви модели и за нас возрасните |( :*
    @Unique.chick маци овие патики ги има во Беверли продавничката во сутерен што се води како аутлет но веќе се останати само малку поголеми броеви по цена од некои 1700ден. Инаку отпосле видов дека ги има и во гтц на фб ама накај 2300ден како да видов да беа.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Кој број на чизмички носат дечиња на 2 годинки?
     
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Секогаш гледам децата да се удобно облечени, соодветно на временските услови и на локацијата каде ќе ги носам. За во парк или нишалки поспортски, женското во хеланчиња машкото тренерчиња и патики. За шетање или роденден по дотерани, големата и за дома само фустани сака, само тоа носи, на синко знам и кошулка и фармерчиња да му облечам, но гледам да му се удобни, комотни, никаоо не сваќам како може на машко детенце залепени фармерки да му облекуваат, па ми е страв да не го стега или повреди к*. Незнам,тоа е мое мислење! Да не ги стега ништо, да се анатомски обувките, да се чисти, испрани испеглани во основа тоа ми е најважно. Имам среќа да ги облекувам во странска брендирана облека и адидас обувки, на сета немаштија која не снајде членови на семејството кои се во странство го овозможуваат тоа за нив, како и член кој работи во адидас.
     
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Не торшам цело богатство за облеката на мојата ќерка, воглавном ми е важно да биде пријатно за носење, од памучен материјал и прилагодено спрема пригодата.
    Поточно кажано многу малку облека и имам купено јас, повеќето го има добиено за роденден, а претходно за повојница. Исто искористивме дел од облеката на моите внуци која беше во здрава состојба.
    Не дека немаме и нешто поскапо во плакарот, но реално мене не ми се троши многу пари за облека која ќе ја износи 4-5 месеци и толку.
    Мислам дека сега барем има добра облека спрема сечиј џеб.
    Преку ден обично носиме памучни маички со хеланчиња или кратки панталончиња, понекогаш памучни фустанчиња...За шеткање пак знаеме и во фрамерки и кошулче да се облечеме или некое фустанче... значи зависно од пригодата.

    Па дури и за обувки мислам дека може да се најде некоја поприфатлива цена... не мора да чинат цело богатство.
    Кога малата прооде гледав обувки на Цицибан, па се одлучив за обувките од Кеги малце поефтинки а мислам не се лоши во квалитетот. Многу деца израснале со обуките на Кеги, па некако верувам во нивниот квалитет.
    Патичиња носиме адидас, што исто малечките броеви мислам дека не се нешто многу скапи, а за понатака ќе видиме како ќе е.
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Пантолончиња и маички со кратки ракави. За надвор имам проблем. Не сакаат сандали или папучки, па мора во патики. :D
     
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    3/4 хеланчиња или шорц со маичка, или некое памучно фистанче. Гледам да биде што покомотно и лесно за носење.
    Облека имам премноооогу ама се со мерак и купувам.
     
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Мојата малечка летно време е во кратки панталони и маички на прерамки, или пак памучни фустанчиња. За во парк сме малку помодерни, тексас шорц и некои маички најчесто!
    На стапалцата сандалчиња, за пред зграда ,,влечки,,
    Воглавном лесна и памучна облека носи!
     
  10. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Бебето преку ден е само по боди, навечер долу пижамчиња му ставам зашто спие отскриено. Надвор во летно комплетче бермуди и маиче.
    Големото дете дома маиче и шорц, лесни. Надвор зависи каде се оди, поубави комплетчиња летни, фармерки, патики, сандалчиња, кошулче.
    Најизносени ми се тренерки.
     
  11. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Гледам да е дотерана. Имаме и скапи парчиња од Окаиди претежно, и поевтини.
    Летово е претежно по фустанчиња и обавезно носиме машнички на глава.
    По дома исто, памучни фустанчиња или комплетче по кратки, но главно исто е и дома и за шетање бидејќи брзо надраснуваат, па не чувам парчиња посебно за шетање.
     
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Моиве деца по цел ден се голи и боси. Толку е жешко во Скопје што јас дома не ги облекувам. За надвор гледам најмалку што можам да ставам на нив. Малата некое лесно фустанче, а големиот маичка на прерамки и некои полесни панталончиња.

    Инаку претежно облеката ни е спортска, кошули и такви работи не користам за децата.
     
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Порано кога беше мала, мерак за девојче и секогаш гледав да е дотерана дури и за по дома. Па шноли во тон иста боја, машни и ставав на глава задолжително абе се :lol:. Сега веќе се сменив малку, за по дома гледам да е покомотно и попрактично, обично тренерки со блуза, хеланки. А кога изглегуваме некаде уште ме држи тоа за дотерувањето :lol:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.