Еднаш ги пуштав за да ги издепилирам, ама многу ме болеше, ууф. И ми пораснаа за 6, 7 дена. Си практикувам брич, на два дена и втривам бебешка пудра за да ми бидат меки и да не ме пецка пред да ставам антиперспирант.
Со брич, некако ми е доста морничаво да тегнам тука со депилатор, брррр Речиси секој ден за да ми бидат мазни и меки ставам стик, бебешка пудра, некогаш прскам дезодоранс.
Со крема за депилација .А со депилатор онака премногуу боли.Ја нозете едвај еднаш ги напраив со депилатор и реков никад више !!
Со депилатор веќе две години..и многу ми се мазни пазувите а и две недели не се замараш за влакна!!!!
јас само со брич со друго нема шанси да пробам,незнам како е со крема али сигурно е исто за толку време влакненцата ќе пораснат како со брич.
Јас порано ги отстранував со брич, но многу ми станаа густи.Од пред некој месец почнав со восок и мирна ми е главата!
Со крема. И не ги депилирам често пошо и немам баш многу. Имам пробано и со ленти со ладен восок, ама тешко е. Не дека боли, туку не можеш убаво да ја поставиш лентата. А со депилаторче никако! И да ве прашам. Највероватно е нормално и јас само за глупости си се трескам тука, но сепак: под левата пазува ми растат помалце влакна отколку под десната... Не е ништо, така?
хахахах ме насмеа со ова. Немаш ништо, нормално е така посебно ако си десничар. Поразвиена циркулација. Иначе јас како студент на медицина ептен хипохондрик сум и знам што се можи да се случи со депилирање под пазуви и од кремите, па сепак на брич сум цело време. Сепак лошо место е некако за такви работи, страв ми е
Со брич на 2-3 дена. Грдо е кога ќе видиш од едно место по 2-3 влакненца излегуваат, ама тоа е. За депилација со машинка не ни помислувам.. брррр се ежам од помислата дека едноставно многу болит! За депилација со ленти/восок... немам пробано, не верувам и дека ќе пробам. Не се плашам од таквата болка (за разлика од онаа со машинка), ама велат дека било штетно за лимфните жлезди...
прво со депилаторче ама луѓе тоа се ужасни болки, па крв ми течеше и после 2 дена неможев рацете да ги движам, и од тогаш со брич секој ден или на два дена