Со брич. Како што сум нежно, што вика мајка ми како мочка праена, од самата помисла да се депилирам со восок таму ме боли, а не па навистина
Со брич ама јас користам и пена за бричење и презадоволна сум кожата под пазувите е многу помазна отколку само со брич
Со брич, сакам да пробам со восок ама страв ми е, не од тоа дека ќе ме боли, туку дека има жлезди кои знаат да бидат многу гадни... а знам дека со восок е подобро зошто после 3 недели си раат!
Со бикче а понекогаш и со депилација исклучиво на козметичар ама никогаш сама заради жлездите ... за мене баш сум послушна ќерка на мамичка и татичко
Со брич секогаш! ама сум приметила дека влакненцата ми се темни и кога ќе се избричам ми останува како флека и тоа многу ме нервира!!
Со депилатор. До пред некое време со брич, ама зошто многу ми се проширија морав да почнам со депилација за да ми се проредчат малце.
Обично одам на депилација, ама сега девојчето што ме депилира е на одмор. Им велгов со депилатор, ама тоа се покажа како погрешна стратегија - се испоодрав, не можам рацете да си ги спојам сега. А не дека ми е прв пат, како да не знам.
Со депилатор, на раат сум. Не можам летно време да ги бричам, затоа што со често бричење ја иритирам кожата. А вака - депилација и на раат, плус се изредчуваат и човек многу помалку се поти отколку кога се бричи, тоа сум го забележала, а и нежна сум бе Е сега мислам дека не е убаво со депилатор, затоа што сепак се работи за осетливо место, но јас се трудам тоа да го правам, на најнежен можен начин, полека, да не направам некоја беља. Еднаш пробав со оние лентине на VEET леле кој ѓаол ми наседна на лево рамо, кој ѓаол ме натера. Јас во брзање за некоја ептен фенси, деловна журка, надвор 40 степени, а јас у сето брзање влетувам во купатило, лепам лентите, потегнувам - и оп изненаѓење, сиот восок остана на моите пазуви Абе мислев дека има да го барам производителот да го стрелам меѓу нозе (бев убедена дека ова само машко може да измисли вакво нешто од незнаење евентуално женска од пуста завист). Едвај сум го тргнала восокот, и мислам дека цела журка ми се лепеше фустанот на пазуви Никогаш повеќе!
^ Да, дел од градите т.е. дел кај што има млечни жлезди, се наоѓаат под пазувите (посликовито - оној дел кој обично го напипуваме при проверка на градите да не има некое грутче и сл.), а постојат прилично голем број жени на кои им раснат влакна и натаму. Инаку вака се оштетуваат потните ofc. Он топик инаку: Порано користев брич, ама не бре, тоа ти е иритација невидена, и ме нервира што сеуште после тоа се гледа коренот на влакното па пак си изгледа како да не си направил ништо. Сега одам на депилација со топол восок, воопшто не боли ако козметичарката правилно знае како да ја извлече лентата за да не ги надразни и евентуално оштети потните жлезди. А еве и после 2 недели од депилацијата, имам ретко тук-таму некое незабележливо тенко влакно, но не и оние „флеки“ како после бричење.
После советување со лекар, само брич. Многу големи проблеми настанувале од епилација под пазуви, лекарката вели има разни жлезди таму и никако не треба да се иритираат со депилација, било каква. И така, си купувам најквалитетен брич што можам да најдам во моментот, и полека со него, како што прочитав некаде, долната половина со потези надолу, горната половина од пазувите со потези нагоре. Немам засилени влакна, не ми се прошируваат и сум заради тоа. Инаку, два-три пати сум била и на депилација со восок, навистина е супер после тоа, раат си ептен долго време, ама откако ми изнакажа тоа лекарката и се изначитав .
Па со марамчињата кои одат заедно со лентите се отстранува се Инаку јас ги депилирам со восок веке 10тина години и супер ми е ,сега имам по 6-7 влакненца кои се толку нежни што со рака можам да ги извадам,а и цел месец сум раат мека и нежна