Брич. И после ден/два одма влакна Ама тоа ти е кога ми е страв да пробам со друго од пуста болка. Е колку што не можам да истрпам депилирање - ништо!
До сега со брич, ама му се мислам да пробам со нешто друго, восок, депилатор... Ај ако пробам ке споделам искуство
Брич. Немам друг избор летово. Не можам да ги растам за да ги издепилирам. Малку ми се здосади од бричење, ама немам друг избор.
браво за девојките што се осудуваат да ги депилираат пробав еднаш амааааааа зажалив аххахахаха сега само со брич најбезболно!
Јас обично преку зима се бричам ,ама летно време обавезно се депилирам со топол восок и тоа сама е сега малку боли ама 2 ипол недели сум ( 3 дена претходно психички се спремам )
Вчера прв пат се издепелирав и да, мене скоро никаде не ме боли, ама ова болеше. И наку пред тоа со брич нормално
Со брич. Никогаш не би се осудила да се депилирам под пазуви, ни со шеќерна паста дури, со ништо, не само заради болката, туку заради жлездите, сите и стручни и нестручни ме имаат предупредено дека е најопасно место за депилација, еднаш многу одамна отидов на козметичар со таа намера, но ме одби, после неколку години отидов кај друг и истиот случај, после слушнав кои биле причините, а башка последиците. Се бричам со 3-жилетен брич и сум презадоволна, бриченото трае навистина подолго, сега намеравам да си земам со 4 жилета, што повеќе тоа подобро. Најсигурно ми е!
Јас си ги депилирам со шеќерна паста ( со неа работам ) и нема нешто подобро од издепилирани пазуви, значи после и да не ставите некаков стик -не мириса на ништо мн ми е убаво мене, малце е болно ако долго време ги правите со брич, ама многуу се исплати
Абе едно добро што да ти кажам. Ќе те видам колку ќе ти е добро кога ќе си направиш проблем со жлездите и ќе смрдиш на пот на растојание од 100 метри. Сигурно не знаеш повеќе од стручно лице, значи доктор го кажува ова дека е опасно, не правете се паметни. И јас ја сакам шеќерната депилација, ама на кое било место освен под пазуви. Мислам што те мрзи на секое капење да поминиш со брич, 10 секунди одзема?
Сега за сега со брич.Но си земав од лентите на веет за под пазуви и за бикини зоната пробав ама ништо не ми излезе бидејќи ми беа кратки , некој пат можеби ке ги пораснам малку и ќе биде работава.А вака со овој бричот преку ден треба да се бричам , ме нервирааа
Врв ми беше кога слушнав дека има девојки кои со чупалица ги видат под пазуви влакната. Вака останав Дај не ме зезајте, со чупалица едно по едно ќе ги вадам. Па ќе умрам пред огледало, по весници ќе ме има. Не ја сфаќам филозофијата околу бричење, за пола минута си готова и два до три дена раат. Па бар во лето се тушираме секој ден....