Првите 2-3 пати со крем, сега со брич.. Иначе еве шо советува Андреа за да нема темни делови под пазувите. http://www.youtube.com/watch?v=Y_iee2lbKYU
Со брич ми е најбрзо и најубаво.. Само имам заприметено, кога ќе се направам се, наместо да ми е мека кожата кај пазувите имам како топчиња, не ми е мазна кожата вооптшо.. Не се ни акни ни ништо, некако чудни се, а на дургите им е мека кожата.. Зошто е така? Знае некој?
Lovy1- незнам од што би можело да биде, ама јас после бричење си ставам нивеа крем и после тоа кожата ми е како бебешко газе. Пробај и ти можда ќе ти помогне. иначе јас пред на почнам да се бричам, се депилирав со шербет. Супер ми беше, ама треба подолго време да чекаш, за да ти пораснат влакната околу 1цм па да ги депилираш... Еве веќе година дена се бричам и освен што влакната ми се покрути, немам некој проблем...
Најпрво со восок, сега со депилатор и скоро и немам влакна. Со брич само еднаш во животов и тоа алергиа ми се напраи.
Јас со брич ги отстранувам , ама сакам да пробам со некоја крема . Некој предлог за крема за под пазувите? Некоја испробана да не ги трошам парите за без потреба
Истото и јас, т.е не како акни туку тие се мали, и неможе ни да се стегаат ни ништо.. Само си стојат.. Кој знае што е тоа
Е,јас ќе се приклучам тука. Одамна го имам овој проблем,одамна имам како акни некој,кој не се акни,туку се суви и така стојат постојано и секојпат кога се бричам таму,на тој дел,ми тече крв и пак нова раничка ми се отвара,а сепак мораш бар два пати неделно да се издепилираш,јас обично се депилирам 1-2 пати,не ми се многу густи,а и плава сум не се многу забележителни,сепак,нема да одам како мајмун.Ако некој знае решение на овој проблем,или пак се среќава со истиот нека сподели искуство.
И јас го имав овој проблем долго време,ама сега се справив.При бањање,откако ќе ги избричам,под пазувите се стругам со сунѓер за тело од рапавата страна.После се мачкам со витаминска маст од Becutan.Имав премногу такви мозолчиња со години наназад и грдо изгледаа,но сега немам ич и не ми е срам да ги покажам пазувите