Со брич. Една другарка редовно ги депилираше пазувите со крема и и се оштети кожата, и беше црвена, а и ден денес и е некако чудна кожата под пазувите, како изгорена
Јас цел живот со брич, се до пред година и пол. Стегнав заби ги издепилирав со восок и од тогаш раат еднаш на 2-3 недели со машинчето си ги депилирам, веќе не ни осеќам, ама се преродив, ви кажувам
Јас од кога почнав да ги отстранувам влакната го правев тоа исклучиво само со брич. Секојдневно и со секое туширање, а летно време и по два-три пати во ден. Многу знам ама па не можам да поднесам боцкави влакна едноставно ме чешаат или ако кренам рака сиво под пазуви Летово не знам што ме спотера, ги депилирав рацете со депилатор баш пред одмор беше и викам ај барем малку да потфатам (на многу кратки влакна) да видам колку боли и дали ќе има некаква реакција ама не ми се ризикуваше со цели и да се искомплицира нешто кога не треба. Пројде супер и откако се вратив ги издепилирав скроз повторно на многу кратки влакна зошто така знам по другите делови од телото ми е многу побезболно. Е тоа ти е господова работа раат конечно! Спас! Два месеца скоро како терам вака, се поминувам еднаш неделно (обично викенд), гледам цел ден да не го третирам никако местото (топла вода, стикови и слично) и немам никаков проблем, болки, инфекции, враснати влакна, прекумерно потење... Единствено меки и мазни пазуви, баш ко за на реклама Спојлер А да, ги исфрлив од употреба и стандардните стикови па користам еден од Алое на природна база без алуминиум и слични штетни состојки. Презадоволна сум!
И јас пробував со депилатор и не ми е болно до толку како што опишуваат другите, ама сепак, гледам што поретко да го користам. Посебно под пазувите ми прави поткожни влакна и затоа ме фаќа страв да не си направам некоја белја. Мене такви ми се влакната, многу ми се истенчија откако почнав да се депилирам со депилатор, па на нозете речиси и да немам, а под пазувите ми е ризично. Страв лозје чува. Затоа комбинирам - два пати брич, еднаш депилатор. Нешто слично како поговорката.
и јас со брич...ама ми скисна веќе на секои 2 дена да ги бричам..сакам повеќе време да ме држи..ама со што?
Со брич. Дволни се три-четири потези кои не одземаат ни 30 секунди. Брза, безболна и посигурна алтернатива.
Искрено да ти кажам јас немам многу влакна, можеби ти имаш, но јас немам. Така да се бричам само еднаш неделно