Воопшто не е болно, јас долго време де депилирав цело тело, и пазувите воопшто не се болни. Ласерска направив, не растат сега со месеци.
Крем за депилација, исто како veet, нема некоја разлика во однос на растењето на влакна со крем и брич, а ако прашваш за под пазуви, јас не би го користела
Ништо посебно за џабе фрлени пари, исто како и veet кремата ако си користела, та со ова та со брич исто е
Само со депилација. Веќе неколку години така се депилирам, влакната почнаа да се изретчуваат и ослабуваат. За разлика од порано кога користев креми и бричеви, сега сум многу позадоволна.
Женски, прееска прв пат се издепилирав под пазувите (пред тоа се бричев долго време), но не можеа да се извадат сите влакна. Зошто? Со ролон восок се депилирав ама не знам зошто не се извадија сите. Можеби 5 6 пати ставив восок ама не. Во што е проблемот? Можно е дека прв пат? Инаку не е болно воопшто и мене ми велеа дека многу боли ама издржливо е.
И јас кога користам Veet крема за депилација, ниту на мене не излегуваат сите ниту пак ако се мали или големи.
Леле немој со ролон таму, мн е нежно и можеш кожичка да си откорнеш. Најубаво со топол восок, јас така си се депилирам. Со топол колку и да има, сите до едно ги вади. Инаку под пазуви растат во различни насоки и може тоа да било проблемот...
Па и кај мене беше топол восокот. Во топилката 40мин треба за да се загрее убаво. Ама не знам зошто не ми ги извади сите. Под едната рака ми извади колку толку, а под другата ни малку, само 2-3 влакненца.
@Biodevojka Каква крема да користам за хидратација под пазувите? После бричење не ставам одма ролон, користам на Лавера или Веледа, мегутоа имам едно влакно под пазува кое најверојатно внатрешно неправилно расте, со бебешка пудра не ја чувствувам иритирана кожата ама ако не ставам ме пече. Ова ми е што скоро секојдневно се поминував со бикче. За да не ми бидат суви и иритирани пазувите која крема е најпогодна да не ми затвора порите а сепак после бричење да не ми се иритира кожата?
Здраво драга пробај го овој деодорант на алверде. Во вид на крем со шеа путер и кокосово масло, плус има талк и етерични масла. Не само што ја негува кожата туку и деодорира Јас сама си го правам по мој рецепт па ако си во можност направи го. Цело лето го користев со одлични резултат. Доколку сакаш може да пробаш и кокосово масло кое негува. Поздрав
До сега гел за туширање користев, и некако ми се иритираат, па барам нешто поблаго може и пена да е, мислам нема толку да ми се суши кожата. Од сапуните уште толку сува ми станува.