Форумов го доживувам како место каде се вршат опасни женски дискусии. Составен од главно женска, но и малце машка популација, форумов изобилува со знаење, помош, банални/корисни коментари. Уствари, за мене е едно место каде владее убавината на анонимната експресија. Еден мал виртуален свет, каде можам да се исповедам, ако сум во можност да помогнам, или пак да побарам помош, да се испукам без страв од последиците.
-Како катче полно со информации од каде можам да црпам дел од тие информации кои ми се потребни и несебично да ги подарувам истите. -Како место на кое можеби ќе пружам некаква иако виртуелна сепак е помош, или понекогаш ќе наидам на поддршка. Иако вируелна ми мами насмевка на лицето. -Како една голема женска собиранка на која сите носат помалку маски од обично или пак воопшто не носат маски. А тоа е она што ми се допаѓа.
Како црна материја во вселената. Никој не знае како постои,зошто постои,која е нејзината структура, ама си постои. Се зголемува,се намалува, менува форми,а и голта мали-големи предмети, некогаш влегува од една во друга временска димензија (рип Наташа),паралелни светови (ехе,колку има за тука пак). Делува ко евтина философија,но е така и ќе е така,се додека го чинат жени кои сами по себе се такви. Поле за ограничен и честно не толку културен натпревар помеѓу жените,но све о свему,фин простор ако знае креативно и добро да се искористи,ако не се користат само сопствени напатствија. Некогаш ме иритира безпричинската емотивност на некои жени,но се прилагодувам,иако ме жести. Треба да се научат форумџиките да дискутираат, а не да имаат константен пмс. Да речеме дека го доживувам како место за креативно изразување на било што...
Како едно место каде никој не ми замерува на мрсната пунџа, на трите мозолки сред чело, на прашината во дневна или на немиените чаши. Место каде воспоставувам баланс, по големиот дотек на машки хормони во станов. Место каде доаѓам кога сите други ме изнервирале, па тука по логика треба да се смирам. А ако не се смирам, ќе се искарам, и на крајот никој не е повреден Место кое не го сфаќам премногу сериозно за да ми биде некаков фактор во животот, место каде туѓите лоши мислења за мојата личност баш и не ме повредуваат, бидејќи реално сите ние тука постоиме само фиктивно, постоиме само како нули и единици, од кои животот не е составен. И единствено место каде не ме нервираат сите оние работи кои ме нервираат во вистинскиот живот, затоа што си имам скрол на маусот Воедно, форумот ми е место каде едвај чекам да се уклучам и да прочитам нешто од оние од кои сакам да прочитам, одвреме-навреме да испратам некому ЛП кој мене лично многу ми значела, или да добијам каков било одговор или совет во експресен рок. Флексибилно место. И место каде во ниту еден момент не сум се двоумела дали да кажам нешто или не затоа што сум се грижела дека поради тоа ќе бидам исмевана.
Форумов го доживувам како една голема книга- без почеток и без крај... Книга што во себе ги содржи сите жанрови. Тука има и вистинити и лажни ликови, но секој од нив уникатен со една голема приказна позади него која ја згазило времето. Тука имаме и ликови од кои навистина има да се научи многу, има и тролови кои тук-там ќе те изнервираат, а има и ведри личности кои ќе те насмеат
Како едно убаво катче каде секоја од нас го искажува суштинското и духовното. Место каде секој ја става душата во своите зборови, а тие се огледало на вистинската личност. Простор каде преовладува искреноста .
Не многу поразлично од реалниот свет...Ликовите овде сум ги среќавала во средно, на факултет, во друштво, на работа...Тук-таму ќе сретнеш некој поинаков, нешто ново за твоите сетила, но во глобала тие сме, какви во реалниот свет така и тука, со мал минус-плус на финеси...Нема измислување на топла вода, нема претерани воодушевувања или разочарувања... Ми стана форумот навика, како пиење кафе, а не секогаш кафе пијам затоа што ми се пие туку ми е време за одмор-do not disturb! Пријатно катче во секој случај иако има и работи кои не ми се по ЈУС (Југословенски стандард ) како пример премногу теми посветени на самите форумџики-те омилена феминка, те сп, те топ 10, топ 20...окупираност едни со други, кој на кој лајк и зошто, преозбилно се сфаќаат многу работи како и самите себеси, едно лице имаме за во постови друго за во лп...и не ме изненадува, некогаш и сама не сум имуна на истото, но во целина ме нервира...Оти нели е и мое катче а јас сакам да ми е тип топ, а некој постојано во другата соба ми растура...Се шалам, ова веќе е озбилно сфаќање на форумот, треба да си ја гледаме едино својата соба
Форумов го доживувам како другарка на која што можам да и кажам се, знаејќи дека нема никој да дознае за тоа. Форумов го доживувам како место каде што можам да го разбистрам умот, да се оттргнам од реалноста, место каде што конечно можам слободно да кажам што ме мачи, што ме радува, што ме натажува, што планирам, какви проблеми имам, што ме нервира. Форумов го доживувам како личност со најмногу искуства, од кои што многу учам, дознавам. На овој форум се информирам за многу нешта со кои би се сретнала во животот, благодарение на феминките кои ме прифаќаат таква каква што сум. Форумов за мене е место каде што сум секогаш среќна, каде што не се осеќам ни најмалку обесправена, каде што сум 100000000 пати поразлична од онаа ЈАС во реалниот свет. Но јас сум таа вистинската. На овој форум сум онаа правата, а во реалниот свет...Да не бегам оф-топик... WWW.FORUM.FEMINA.MK
Форумов го доживувам како катче каде што можам се и сешто да си кажам, без никој да се навреди или да ми напраи фаца .Каде што можам да најдам многу добри совети. И форумов си го гледам како другарка коа ми е тешко да си дојдам да се испукам да видам шо има ново и да си одам
Како најдобра другарка на која можеш да и го кажеш твоето МИСЛЕЊЕ и твојот СТАВ без да ти се налути... Како најзабавното нешто каде што можеш да се забавуваш без да ја откријат твојата анонимност Место каде во ниту еден момент не сум се двоумела дали да кажам нешто или не затоа што сум се грижела дека поради тоа ќе бидам неразбрана или исмејана Запознавање на личности кои вредат како такви Madonna Glossy-girl Sara123 Ludoto19 martinuska Anna-Banana Miss666 Hipster Mrs.Cuper Поздрав до вас
Форумов си го доживувам како едно маало местенце, градче, со чудна хиерархија. Местенце каде што се среќаваат многу,многу, личности, претежно женички, кои си кукаат, си плачат, си се радуваат, сите заедно. Место каде што си доаѓаш за да си се испразниш од се вишок што несакаш да го кажеш, надвор, јавно, па се задоволуваш со виртуелно вриштење за се и сешто. Како место на кое што се судираат најразлични мислења и се развиваат разно разни дебати. Место каде што ќе најдеш некој со слично размислување како твоето, и некој со тотално различно. Кул место е ова форумов ! Поздрав до сите форумџики
Па можам да кажам дека го доживувам како место каде што можам да се опуштам ,релаксирам,искажам,да стекнам знаење,да видам туѓи мислења ,ставови,да се потврди моето мислење дека сме сите различни со различни идеи вкус,ценам кога човек е искрен а мислам дека тука на форумиштево луѓето се опуштаат и се искрени,место каде што стекнав побогато искуство во сите сфери животот, гледам туѓи мислења ставови итн,тука споделувам радост ,тага ,нервоза,двоумење,неуспех и успех,сето тоа и многу повеќе
Како место каде можам да го кажам моето мислење, да помогнам , да дадам совет , да се издувам , да се пофалам и ред други работи. Фемина рокс !!!
Kaко споствен дневник,каде што можам да се искажам а притоа никој да не ми забележи! Место каде што некои личности лечат комплекси фаќаат сеир (како и во приватноста) Место каде што можам да се релаксирам со прекрасни текстови од храбри девојки,и место каде што го поминувам слободното време
Го доживувам само како место од каде може да се научи доста,со помош на вистински искуства на членовите,за безброј животни теми. Инаку,го замислувам како еден голем круг од девојки,некои со високи штикли и кратки фустани,други со пижами и коса тукушто измиена со крпа на неа,трети во бањарки со турпија во рака итн....седнале и зборат ли зборат... Овде ако некој каже дека слуша музика од типот на Цеца и компанија,веднаш после него следуваат оние смајлиња од типот на ''оди убиј се и не ми се обраќај,ти се сељанка'' .Или ако каже дека ги чита книгите на Даниела Стил,тогаш е оценета како плитка особа која само сака да држи книга во рака,чисто колку да се рече...Предрасуди колку сакаш! Има и такви кои седат и следат која членка колку време минува на форумот а се прават јаки дотки,од типот кај можете вие со мене! Други,го користат форумот како издувен вентил кои ги имам ставено во две групи,и повеќето-корисници на хипербола во нивните секојдневни постови. Едните го прават тоа од чиста фрустрација од надворешниот свет,просто човек да ги знае како форумски ликови и како реални,ќе се праша таа ли е таа колку само јака изгледа на форум,а и лајкови и стискаат на нејзините (не)баш реални постови,кои ретко имаат голема врска со вистината за ликот под соодветното форумско име,надвор од собата. Другите (значи тие кои му даваат смисла на форумот) се искрени и самоуверени девојки и жени.Некои од нив се надарени со вистински талент за игра со зборови,убаво опишување и уште поубаво пренесување на смислата на секој нивни пост од секоја и за секоја ситуација,како слика фотографирана со скап апарат. Тоа е отприлика тоа кога на куп се собрани жени од различни возрасти и со различни перцепции за животот.
Форумот го доживувам како моја најверна другарка која можам да и кажам се.Овде има феминки од различни возрасти и кои можат на нас помалите да ни помогнат бидејки тие се многу искусни за се!Си ја сакам FEMINA.MK најдобриот и најубавиот сајт во Светот!!!