Форумов го доживувам како интересно и супер место каде можам да си кажам се' што ми лежи на душата. Се чувствувам опуштено и топ. Секој од нас има потреба да си олесни на душата и да каже тоа што не може или нема на кого да каже, едноставно се реализирам целосно и духовно се воздигнувам на форумов. Фемина е стварно екстра место. Ми се допаѓа и дизајнот на форумот, покрај тоа сината боја ми е омилена, значи се' си е погодено како што треба. Идеално место за дружење и творење. :up:
Како место за разбибрига.И не само на овој членувам и на други форуми...На форумот нема да ја откриеш Америка,ама можеш да решиш многу недоумници.И во никој случај не може да биде лек за осаменост.Тоа е само привид.Ако го сфатиш така ,се затвораш во некој свој свет,виртуелен. Интернетот по мене створува уште поголема осаменост. Затоа велам-Некогаш беше живот,сега е интернет.
Пријатно чуство за разговор разменување мисли,откривање и споделување на својте тајни бидејки ако својата тајна ја кажеш на пријателка или другарка треба да се сетиш дека и таа има уште една пријателка.А овака е супер,некогаш ке се насмееш некогаш нешто ќе те налути но како и да е некогаш во некој пост себе си со својот проблем ќе се пронајдеш во тој миг тоа ти е утеха.
Форумов си го доживувам како место за дружење,разменување мислења,искажување,олеснување,учење на нови нешта,хммм...Исто така од форумов си го продолжувам животот-читајќи секакви мислења и доживувања и заради тоа сум најмногу тука Во секој случај,се полнам со позитивна енергија тука,затоа и ќе останам да бидам дел од него Поздрав другарки форумџики
Форумот го доживувам како место на коешто можам слободно да си го искажам своето мислење и да побарам решение за некој мој проблем,да научам нешто и да се забавувам! Сум имала и лоши моменти на форумот кога некој член многу ме изнервирал со тоа што ме цитирал и давал злобни коментари за моите мислења,па сум морала да го пријавам до администраторите,па затоа ќе гледам во иднина што постирам,но луѓе сме,грешиме! Исто како и во реалниот живот,така и на форумот може да добијам лоши совети,па да се нервирам и да плачам потоа за глупости,но јас мислам дека мојот живот е моја работа и дека не треба се да сфаќам здраво за готово,никој не е секогаш во право,секој може барем еднаш да погреши,никој не е светец цело време! Како и да е,форумот има и позитивни и негативни страни и јас ќе гледам од него да ги прифатам само позитивните работи,а негативните да ги оставам на страна и да не им се замарам и да не ги зимам здраво за готово затоа што она што е негативно не чини и треба да се фрли во ѓубре,а позитивното треба да се прифати и да се негува и развива понатаму во животот!
Фемина форумот го доживувам како место за разонода и релаксација во слободното време!!! Темите и различните мислења на членовите на форумов се интересни, понекогаш забавни, но и поучни!!! Поедини теми како рецепти, литература... често пати ми се ориентир во секојдневните активности!!! Виртуелното дружење меѓу членките е на високо ниво - ФЕМИНКИТЕ се забавни, сериозни кога тоа го бара темата, другарки во прав смисол на зборот... ФЕМИНА ФОРУМ е супер - вреди да се помине времето пред компјутер на овој форум!!!
Како што еднаш напиша Ацо Шопов во "Тишина" Тишина е форумот. Овие стихови првпат ги сретнав во учебникот по македонски јазик од петто или шесто одделение, ги научив на памет и од тогаш останаа врежани во мене. Како што поминува времето тие добиваат ново значење.
За сега многу убаво и релаксирачко место. Добро е што нема многу напнати луѓе и тензии па така задоволство ми е да си читам низ темите кога имам време. Секако има многу квалитетни форумџики и баш ми е мило што ете и јас сум дел од форумот.
Место каде што можам да си кажам што имам на душа кога неможам на друг, место кое е многу забавно и каде можам да дискутирам анонимно за многу теми од секојдневниот живот.
Групa нa пaметни жени и девoјки кoи слoбoднo си гo кaжувaaт свoетo мислење. Жени и девoјки сo рaзлични искуствa, желби. А вaс феминки, сите ве зaмислувaм кaкo згoдни, висoки жени, скoрo сoвршени. Кoгa некoјa феминкa ке се oпише себе си рaзличнo oд тoa, ми се рушaт фaнтaзиите
Место каде што се споделуваат и заеднички се решаваат проблеми на некоја личност А и место за забава и одмор
Место за релаксација, забава и тепање време. Од време на време знае косата да ми се крене како два прста во штекер да сум брцнала и си велам, е не пишувам повеќе, ама пусто срце јуначко не издржува.
Одлична прилика за попунивање на простор,едноставно забавно катче каде што ем можеш да си кажеш што ти лежи на душа ем да попуниш простор,ем да научиш нешто.
Само за релаксација.И ништо повеќе.Да си прочитам некој совет во врска со нега на лице и тело, искуства за козметички прозводи и да дадам совет, нормално, да напишам некоја рецензија што би помогнала на некоја друга фемина при купувањето на некој производ.Затоа и омилена тема ми е Убавина и Мода. Избегнувам конфликти оти мислам дека бесцелно е да водам рчки на форум, со некојси лик што не го знам, нити пак сум му некој фактор во животот, а уште помалку тој во мојот, па да морам да се убедувам дека зеленото е црвено и обратно.Битките си ги водам во реалниот живот, доста ми е ... Ако можам да дадам некој совет-давам, ако не, здравје.