Како шпанска/америчка серија. Се хакнуваат профили, се ствараат пријателства, непријателства, ЦИА, ФБИ. Уште лични одмазди досега не сум сретнал али има време
Форумот е уствари катче во кое секој си искажува свое мислење. Мене ми смета кај форумите, што некои дошле тука за да пишуваат, а да не прифаќаат туѓи мислења. Ако имаш различно мислење, тогаш одма им стануваш непријател, па се ствара нестпрливост и тензија меѓу членовите. Навреди, завери и слични глупости. Она што сите треба да го знаат е дека местото е такво, општо и животот е таков, сите не мислат како вас, а ако не мислат како вас не значи дека ви наметнуваат свое мислење ни па дека имаат нешто против вас. Побогу форум е, се исклучуваш и забораваш на се. Подобро е форумот да се доживува малце порелаксирано, да се конзумира со ум, и да се размисли зошто воопшто служи. И ако се немаат факти при муабет, тогаш вреѓањето е најлесно за одговор. Така и надвор комуницирате?
Форумот го доживувам најпрво како место на кое можам да добијам одговори на моите прашања. Почнувајќи од избор на козметика, предлог серии и филмови, рецепти, па се до информации за факултет. Место за релаксација во слободно време и место од кое понекогаш може да се научи нешто преку искуствата на други членови.
место за опуштање и каде во многу ситаации и проблеми можиш дефинитивно ДА да си најдеш решение и помош буквално за се и да се доедуцирш смениш мислења
Тука имам дадено многу совети , исто толку и добиено совети , од членки кои биле во некоја слична ситуација како мојата ми дале добри совети од срце и душа , ова ми е место каде можам да се изразам слободно малку ,не дека во реалноста не кажувам тајни или тоа што ми лежи на душа , туку не споделувам се , се плашам од осуда или прекажување на маката , знаете како е она вие ќе кажете тајна на вашиот пријател , ама не заборавајте дека и тој има свој пријател во глобала и тука има осудувања и препукувања , ама ова е форум , не ти одговара нешто игнорираш и се исклучуваш и ди енд. Во секој случај помага доста искуството на девојките тука.
Фемина е единствен форум кај што сум член. Ме опушта и ми дава доста корисни информации... Место каде што можам да се изразам, да споделам мислења со други членки, да добијам совет или критика, едноставно кажано ми го исполнува времето на доста интересен начин. (сакала нејќела се навлеков)
Место каде што можам да се информирам за многу страви од секоја област.. да искажам мислење на било која тема.. каде што можам да прашам работи каде на друго место не би можела.. коа ми е досадно многу добро знае да ме развесели.
Уште исто, добро е што се создаде пријатна атмосфера па некако сите се пријателски настроени. Жално е кога ќе се појави некој член кој ќе направи раскол низ темите и ќе предизвика бура од негативни коментари реакции со цел да ја уништи атмосферата, лечејќи си ги комплексите. Поздрав до сите од темата 40+/- и до младинското феминско ќоше - добар пример за прекрасна комуникација.
Форумов ми стана дел од секојдневие Го доживувам како еден вид електроснки групен дневник кој го водиме овде. Којзне колку би ни било интересно после 10 години да си прочитаме што сме пишувале.
Форумот го доживувам како место каде што можам да напишам што ми лежи на душата иако многу ретко пишувам повеќе надгледувам и каде што можам да научам многу работи.