Место κаде κулиρам и се смеам κаκо луд од интеρесни постови и κаде има членови κој не те познаваат и не ги познаваш па баρ немислиш деκа утρе сите ќе те дознаат што си κажал и можеш сеκоја маκа и смеа да ја споделиш на фоρумов
На почетокот кога се зачленив, форумов го доживував како место каде што можам да побарам совет тогаш кога нема каде да се обратам на друго место, бидејќи во тој период никој не ме разбираше а и за премногу лични нешта не разговарав со другарки. Потоа, го гледав како место каде можеш да си раскажеш нешто за себе, да прочиташ нешто интересно, го гледав како добра занимација за во слободно време. Дојде друг период, кога го гледав како место полно со луѓе под маски и место каде не смееш да споделуваш приватност. Тука сум од 2010 и можам да кажам дека израснав, за тоа говорат и моите различни гледишта за форумов во различни периоди. А сега, сега го гледам како место каде што јас можам да дадам совет на некој друг, да склопам пријателство некое и да пишам по некоја реченичка, ама промислена. Толку. И одсега така ќе биде. Премногу непотребни нешта се напишани.
Место каде што можам да споделам искуства во одредена тема, да кажам што ми лежи на душа и да пронајдам истомисленици кои во реалниот свет за жал како игли во сено се...
Форумов го доживувам како форум со најинтересни луге,забавно е, има дружба, место каде можиш да прочиташ паметни, добронамерни, но и доста критични луге, доста интелегентни мислења а и да научиш мн нови работи.
Ни самата не знам веќе како го доживувам. Неодамна станав член на форумов затоа што го имам читано уште од помала, ама поради некоја причина никогаш немав храброст јавно да си ги искажувам моите размислувања и ставови. Најпрво мислев дека тука тече мед и млеко во смисла на тоа дека луѓето се предобри и секогаш спремни да ти дадат совет, дека можеш слободно да го кажеш она што го мислиш, итн. Ама гадно сум се излажала. Наидувам на премногу одвратни работи и луѓе. Скоро и да нема тема во која нема некој сноб кој веднаш ги става во ист кош сите луѓе, а после ти извртува зборови. Препукувања, лечење фрустрации, упикувања и слично го сочинуваат секојдневието кое владее на форумов. На таквите просто не знам како да реагирам. Раздвоена сум помеѓу обидот да се борам до крај со таквите и низ нос да им ги извадам зборовите и обидот да премолчам затоа што некогаш најпаметно е да си ги заштедиш зборовите и времето, и покрај тоа што имаш многу да зборуваш. Сфаќам дека форумот не е секогаш најдобро место за да се отвориш токму поради горнонаведените причини, затоа следен пат ќе се размислам едно 10 пати пред да го направам тоа. Како и да е, тоа е така гледано од моја перспектива кога станува збор за сите маани и недостатоци. Гледано од друг аспект, има само неколку работи кои ми се допаѓаат. Ми се допаѓа тоа што има интересни теми во кои ја пронаоѓам својата страст и кои воедно се стварно вредни за дискусија. Ми се допаѓа анонимноста и ограничувањата кои ги нуди самиот форум. И за крај, го сакам фактот што сè уште има неколку супер личности тука, но ретко можат да бидат забележани од Х причини.
Баш вака си ги замислувам членките кои ги потиснуваат своите емоции само за да остават впечаток на доста позитивна личност, а во реалоста сите ние ги поседуваме тие карактеристики, тага, среќа , агресија итн. тоа е дел од личноста и не може некој нон стоп да биде позитивен ако не е под тешки дроги или не дај боже да има здравстени причини па не му функционираат останатите емоции.
Место на кое и да напишам нешто, наместо некој совет, одма напаѓања и кавги во смисла зошто така разлислувам. Секој си има свои размислувања. И наместо тие коментари да бидат избришани, модераторите не реагираат. И овде на форумот, наместо да се чувствувам прифатено, јас се чувствувам отфрлено.
Кога се зачленив го доживував како место на кое ќе добиеш мислење, совет и помош, без утредента да бидам оговарана низ село/ град. Како поминува времето и читам и пишувам во се повеќе теми го доживувам како дувло на мачки или жени змии кои само чекаат да рипнат. ^Машките членови не се такви. Како поминува времето се помалку ми се пишува затоа што секогаш има некоја мачка што не спие и одма те цитира ако не си ставил точка на крајот на реченицата. А има толку мили и драги членки за кои вреди да се остане и кои ми пружија рака во најтешките времиња. Две жени на едно место не е на арно, а камоли волку на еден форум.
Мрчаторски расположена сум денес Порано го доживував како место за прекрасна дружба со искрени, добри луѓе А, денес изгледа на поле на негативна енергија каде што едвај се чека да се испровоцира некој и да се жбрцне (леле, зборов) отров на СЕКОЈА МОЖНА ТЕМА