Народот и македонскиот народ се две различни психологии. Ама да во право си. Имаше мудречка, повеќето луѓе слушаат не за да разберат, туку само за да реплицираат. Епа во овој случај и не само да реплицираат, туку да видат што си кажал/спомнал, и го направат они тоа "подобро". Ама прај се дека не приметуваш, некултурно е тоа(да приметуваш секако). И така. (смајли чисто од култура, иначе не е смешно)
Веќе подолго време воглавно како место да си пишам нешто што ми текнало, чисто за да го извадам од системот, без некоја посебна намера. И за да си прашам нешто кога ми треба инфо.
Интересно ми е да читам некои работи, да дискутирам и да споделувам мисли. На моменти го доживувам форумов како твитер, во смисла искажувам нешто што порано кога користев твитер би го твитнала. Затоа некогаш се осеќам дека премногу лични глупости сум споделила. Не го доживувам воопшто сериозно и скоро ништо не сфаќам лично. Изненадување ми е кога многу членки мислат дека форумов им должи нешто, па се жалат на неправда или не знам што. Во моја глава е едноставно мала, македонска социјална мрежа.
Малку како Твитер, малку како Фб. Помалку Инстаграм... Генерално коректно и корисно место, особено за женската популација
Порано повеќе ми значел од аспект на некои мислења на членови кои ги нема, имаше повеќе дискусии и нелицемерна дружба низ темиве, многу ми се нашле за совет кога ми било потребно. Сега само онака, чисто да споделам некои мои мисли, размислувања, да прашам тоа што ми треба.
Слично на Женски домаќински муабети групата, мамички еден куп А настрана тоа, место каде секојдневно дознавам многу корисни работи и се информирам.
На форумот дојдов само нешто да прашам Па се задржав периодот 2020/2021 кога ми требаше поддршка за анксиозноста и навистина ја добив, а сега влегувам повеќе од навика... Немам некој бенефит реално ама ајде, некад се добива некое корисно инфо.